Ракометарите на Еурофарм Работник денес ќе го пречекаат Татран Прешов во рамките на петтото коло од Лигата на шампионите. Битолчани најавуваат дека ќе одат на втората победа во Лигата на шампионите. Минатата недела, во салата „Боро Чурлевски“ успеаа да го совладаат финскиот тим Кокс, а сега на гости доаѓа последнопласираниот тим во групата Ц, Татран Прешов од Словачка. Одлични вести за тренерот Стевче Алушовски е враќањето на Невен Стјепановиќ. Со него екипата на Еурофарм Работник е многу по опасна од десната бековска позиција и ќе имаат многу поголеми шанси за победа. Надвор од составот на Еурофарм за оваа средба се голманот Благојче Траjковски и Мартин…
Author: riste
Потврдени се стравувањата на Баерн (Минхен) за повреда на Никлас Зуле. Централниот бек има повреда на левото колено и ќе мора да биде подложен на операција, изјавија синоќа од Баварците. Германскиот репрезентативец поминал детални прегледи кај клупскиот доктор Ханс-Вилхелм Милер-Волфарт и денеска ќе биде подложен на операција. Сè уште нема информации за тоа колку точно Зуле ќе отсуствува од теренот. 24-годишниот дефанзивец не пропушти ниту една минута за Шампионот на Германија од почетокот на сезоната во Бундеслигата и во Лигата на шампионите, но беше заменет во 12-та минута со вчерашната средба на Баерн кај Аугсбург (2:2).
Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез продолжува со своите победи и рушење на рекорди во Светскиот шампионат во МотоГП или „кралска класа“, како што го нарекуваат ова натпреварување. Иако пред две недели ја обезбеди осмата шампионска титула, победи и утрово на трката за Големата награда на Јапонија. Ова е четврта победа по ред за Марк Маркез, десетта оваа сезона и сега пред него се сега само рекорди кои треба да ги надмине. Маркез на патеката „Мотеги“ низ целта помина пред својот сонародник Фабио Квартаро и Италијанецот Андреа Довициозо. За возачот на Хонда оваa победа значи и соборување на еден легендарен рекорд. Ова беше негова 54-та победа во „кралската“…
И покрај промената на тренеската позиција, Вардар одигра уште еден лош натпревар и сосема заслужено беше поразен од Веспрем (39:30). Реални по натпреварот со коментарот за натпреварот беа од екипата на Вардар, а на прес-конференцијата по мечот во Унгарија, не се појави новиот тренер Едуард Кокшаров, туку беше тренерот на голманите, Дејан Периќ. „Честитки за победата на Веспрем. Беше подобар од нас. Игравме дуел во одлична атмосфера, сигурно е задоволство за секој спортист да се игра во оваа сала. Веспрем тактички беше подобро поставен од нас, а во второто полувреме, иако дојдовме на два гола 21:19, сепак, не успеавме да ги…
Актуелниот шампион на Европа и шампион на Македонија, Вардар е непрепознатлив со својата игра од минатата сезона. Вардар денес доживеа уште еден убедлив пораз , овој пат на гостувањето во Унгарија кај Веспрем. „Црвено-црните“ загубија со убедливи 39:30, а самиот резултат зборува колку лошо Вардар играше во одбрана на оваа средба. На полувреме домашниот тим имаше предност од 21:17, а тоа значи дека Вардар не успеваше да најде решение за нападот на Веспрем, слично се играше и во вториот дел кога буквално се распадна играта на Вардар, а тоа знаеше да го казни домашната екипа која ја зголемуваше предноста која…
Ливерпул потпиша нов договор со дефанзивецот Жоел Матип. Фудбалерот се обврза да остане на „Енфилд“ до летото 2024 година. Оваа сезона, Матип се етаблираше во составот како еден од главните играчи и ја има улогата на незаменлив дел од тимот од почетокот на сезоната. „Црвените“ ги имаат добиено сите осум натпревари во Премиер лигата и се со осум бода предност пред нивниот главен ривал за титулата Манчестер Сити. Матип беше во стартниот состав во шест натпревари и партнер на Вирџил ван Дајк во центарот на одбраната. „Одлично е чувството да се биде дел од клубот многу подолго. Надвор, луѓето знаат…
Македонската футсал репрезентација ќе биде домаќин на претквалификацискиот турнир за Светското првенство 2020 година, а овој квалификациски турнир ќе се игра во Скопје. Во групата со нашата репрезентација се уште Словенија, Косово и Украина. Селекторот Иван Божовиќ го објави списокот на играчи на кои ќе смета за овие натпревари: Голмани: Антонио Петровски (Проект), Иван Стојановски (Велес), Шефки Бериша (Шкупи); Одбрана: Зоран Левески (Шкупи), Ферид Агуши (Шкупи); Напад: Иван Крстевски (Врање, Србија), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Даниел Де Соуса (Мостар, БиХ), Садат Зибери (Италпол, Италија), Јакуп Рамадан (Нови Пазар, Србија), Драган Петровиќ (Шкупи), Адријан Мицевски (Сквер Дубровник, Хрватска), Џо Арсовски (АБНА Чека, Либан), Сулејман Реџеп…
Норвешкиот крал Харалд V ќе биде меѓу гледачите на трибините на „Олд Трафорд“ на неделното дерби во Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, пренесува локалните медиуми во Норвешка. Кралот Харалд (82) ќе пристигне на „Олд Трафорд“ на покана на домаќините чиј менаџер е Норвежанецот Оле Гунар Солскјер. Кралот на Норвешка е многу голем љубител на спортот, па дури и учествувал на Олимписки игри во дисциплината едрење. Интересна работа за него е што тој е обожавател на Тотенхем. Харалд започна да ги сака „Спарси“ за време на годините поминати на колеџ во Лондон во 60-тите години од минатиот век. Во…
18 декември (среда) е датумот кој беше избран од Барселона и Реал Мадрид за термин на нивниот 10-ти натпревар во „Ла Лига“. Оваа средба требаше да се игра на 26 октомври, но проблематичната состојба во главниот град на Каталонија не дозволи да се одржи „Ел Класико“ во овој период. Кралската шпанска федерација им нареди на двата клуба да се договорат за датумот до понеделник (21 октомври). Од „Камп Ноу“ и „Сантијаго Бернабеу“ реагираа многу брзо и дадоа официјални соопштенија со објавување на истиот датум – 18 декември. Сега на потег е „Ла Лига“ и федерацијата да го потврдат датумот и…
Во рамките на 9.коло од „Ла Лига“ екипата на Барселона гостува кај Еибар, а најверојатно каталонскиот клуб ќе мора да тргне на пат кон Еибар нешто порано од предвиденото и вообичаеното време за патување. Имено, поради демонстрациите во Барселона и целата покраина, фудбалерите на Барселона на гостувањето во Еибар најверојатно ќе заминат со автобус. Избраниците на Ернесто Валверде ги чека 6 часовно патување до Еибар кој е оддалечен околу 600 км од Барселона. Досега фудбалерите на Барселона патуваа до Еибар со авион до Билбао, па потоа со автобус до Еибар. Интересно е тоа што последен пат фудбалерите на Барселона патувале…
