Лондонскиот Арсенал сака да го задржи со постојан договор играчот од средниот ред Даниел Себаљос, кој игра како позајмен играч од Реал Мадрид. Според шпанските медиуми, „топџиите“ веќе дале понуда за да го откупат 23-годишниот фудбалер за 25 милиони фунти (29 милиони евра), но Кралскиот клуб ја одбил. Претходно беше објавено дека Себаљос не сака да се врати во Реал Мадрид откако ќе му заврши позајмицата следното лето. Покрај тоа, според извештаите на медиумите, играчот од средниот ред веќе контактирал со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и го замолил да договори трансфер во Арсенал. Себаљос му се приклучи на…
Author: riste
Килијан Мбапе сака да покаже дека е непроценлив за ПСЖ. Напаѓачот беше на клупата за резервни играчи на натпреварот во Лигата на шампионите против Бриж, но влезе во второто полувреме, постигна хет трик и неговиот тим победи со убедливи 5:0 во Белгија. „Вистината е, сакав да бидам во стартниот состав и мислев дека ќе започнам од почеток. Сепак, тренерот донесе друга одлука и морав да ја прифатам, па подоцна се обидов да покажам дека е тешко без мене. Сакам да се борам за титулата и да му помогнам на мојот тим. Фудбалот е моја страст. Не играв веќе два месеци…
Натпреварувачката комисија на „Ла Лига“се согласи за датумот на одигрување на натпреварот од 10. Коло во шампионатот меѓу Барселона – Реал Мадрид. Средбата ќе се одржи на 18 декември, јавува весникот„Марка“. Првично беше планирано „Ел Класико“ да се одигра на 26 октомври, но поради масовните протести во Барселона поврзани со апсењето на каталонските политички лидери, средбата беше одложена. Поради протестите, Барселона веќе имаше одредени проблеми. Протестните настани доведуваат до метеж во градот, па фудбалерите на Барселона имаа потешкотии да стигнат до аеродромот за да летаат на натпреварот од Примера со Еибар. Претходно, играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ,…
Екипата на Реал Мадрид ќе биде без неколку клучни играчи на претстојниот натпревар во Лигата на шампионите против Галатасарај. Лука Модриќ, Герет Бејл и Лукас Васкез не се во комбинација за вечерашниот натпревар во Истанбул поради повреди. Тони Крос е здрав и е вклучен во списокот на играчи кои ќе конкурираат за настап на оваа средба. Еден Азар се враќа во составот откако го пропушти натпревар во Палма де Мајорка поради раѓањето на своето четврто дете. Даниел Карвахал исто така се враќа во екипата откако доби пауза против Мајорка. Реал Мадрид има само еден освоен бод по првите два натпревари…
Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс може да ја продолжи кариерата во германската Бундес лига, пренесува „Скај Италија“. 32-годишниот Белгиец е интересен за Борусија Дортмунд, каде што играат уште двајца белгиски репрезентативци – Аксел Вицел и Торган Азар. Дрис Мертенс, кој има 5 голови и 1 асистенција на 9 натпревари од почетокот на сезоната, има договор со Наполи до крајот на оваа сезона. Доколку Наполи сака да го задржи во своите редови ќе треба до јануари 2020 година да потпише нов договор за продолжување на неговиот ангажман, а доколку тоа не го сторат ризикуваат Мертенс да си замиине во јуни без…
Од Баерн Минхен стигнааа лоши вести за повредата на дефанзивецот Никлас Зуле кој нема да игра за германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен до крајот на сезоната, објави претседателот на клубот, Ули Хенес. Играчот ги скина лигаментите во коленото, па дури има најава дека ќе го пропушти Европското првенство следното лето. „Се чини дека сезоната заврши за него. Заборавете го и за Европското првенство“, рече Хенес пред натпреварот во Лигата на шампионите на Баерн против грчкиот Олимпијакос. Зуле мораше да оди на операција во Инсбрук во неделата, откако претходно заработи повреда на коленото на саботното гостување кај Аугсбург. Првата прогноза беше…
Трансферот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид во Барселона беше проследен со голем скандал меѓу двата клуба, откако од Атлетико објавиле дека тие имаат докази за договарање помеѓу Барса и фудбалерот уште во март. Потоа, Каталонците добија казнета со 300 евра и Атлетико се закани дека ќе продолжи да ги бара своите права. Сепак, се чини дека двата клуба се договориле и проблемите се надминати, пренесуваат шпанските медиуми. За што станува збор? Двете страни постигнаа неформален договор, во кој се бара Барселона да му плати на Атлетико Мадрид 15 милиони евра за да се компензира предвремениот почеток на преговорите со…
Даниеле Де Роси е здрав и ќе може да игра за Бока Јуниорс во дуелот од полуфиналето на Копа Либертадорес против Ривер Плата. „Суперкласико“ се игра вечерва во 2.30 по полноќ и Ривер има предност од два гола по првиот меч кој го доби со 2:0 на домашен терен. 36-годишниот даниеле Де Роси учествуваше во само 5 натпревари за Бока, откако дојде во тимот во текот на летото. Тој имаше проблеми со мускулите и дури рече дека може да го напушти аргентинскиот гигант во јануари. Легендата на Рома едвај чека да им помогне на своите соиграчи, но малку е веројатно…
„Hawk-Eye Innovations“ е компанија која го обезбедува ВАР систем на Премиер лигата. Оваа компанија се извини за она што се случи во финишот на вчерашната средба меѓу Тотенхем и Ватфорд. Во 86. минута од средбата Деле Али постигна гол за да го израмни резултатот на 1:1. Имаше сомнение дека Англичанецот играл со рака со топката, поради што главниот судија Крис Кавана побара помош од ВАР системот. Откако ја испитале ситуацијата во ВАР собата, откриле дека Али не играл со рака, а голот беше признат како регуларен. Судијата Кавана веднаш покажа на центарот и на навивачите на стадионот се радуваа на…
По поразот на Работнички од Струга Трим Лум и падот на последната позиција на табелата во Првата фудбалска лига, следуваше и разделба на тимот со шефот на стручниот штаб, Александар Влахо. Тој понуди оставка, а раководството на клубот ја прифати. „Како морален чин, како тренер и спортски работник, чувствувам морална одговорност дека Работнички по десет одиграни кола се наоѓа на позиција на табелата која не ја заслужува. Од тие причини, понудив оставка до раководството на клубот. Морам да истакнам благодарност до претседателот Драган Поповски за овозможените услови за работа, за професионалниот, фер и коректен однос со сите во клубот, од…
