Author: riste

Италијанскиот тим Интер е заинтересиран за францускиот напаѓач Оливие Жиру, кој сега настапува за Челзи, пренесува „Газета дело Спорт“. Во лицето на Жиру, од Интер гледаат замена за Алексис Санчез, кој подолго време е надвор од комбинација за настап поради повредите кои ги има. Самиот Жиру нема ништо против де се пресели од Англија во Италија од многу причини. Од една страна, тој ќе биде поблизу до своето семејство. Од друга страна, тој бара договор до јуни 2021 година, што значи загарантирани пари. Тој им рекол на своите менаџери дека сака 8 милиони евра по сезона. Во текот на оваа…

Read More

Играчот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ, поради повреда ќе го пропушти првото големо дерби на шпанскиот фудбал против Барселона, пренесува весникот „Марка“. Модриќ заработи повреда на мускулот на мечот кој Хрватска го одигра против Велс во Кардиф како дел од Европското квалификации во неделата и ќе бидат потребни околу две недели за целосно да закрепне. Ова значи дека 34-годишниот плејмејкер нема да биде достапен за натпреварите на неговата екипа против Мајорка во Ла Лига, против Галатасарај во ЛШ и за „Ел Класико“ во шампионатот на 26 октомври на „Камп Ноу“.

Read More

Натпреварот од квалификациите за ЕУРО 2020 меѓу Романија и Норвешка (1:1) постави рекорд за посетеност според бројот на деца присутни на трибините. На трибините на стадионот биле присутни 29 854 деца. УЕФА, поради неправилности на натпреварите против Шпанија и Малта, и нареди на Фудбалската федерација на Романија да ја одигра средбата пред празни трибини. Романската фудбалска федерација побара отворен пристап за деца на стадионот и доби согласност. Така, на трибините на стадионот синоќа имаше деца до 14 години од фудбалски академии и деца од предучилишна возраст. Имаше по еден возрасен човек со секоја група од 10 деца на трибините.

Read More

Прославениот борач и Олимпискиот шампион, Шабан Трстена, денеска на посебна свеченост им додели „Златен олимписки оскар” на новинарите, Мирослав Наумовски и Антон Серечи, Претседателот на Сојуз на спортови на Скопје, Ѓорѓи Кузмановски, како и на почесниот претседател на Боречката Федерација, Ванчо Чифлиганец и на Вториот канал на МТВ. Во знак на благодарност за афирмацијата на борењето и неговите настапи во минатото, Шабан Трстена истакна дека сите резултати кои ги постигнувал биле следени низ медиумите, а луѓето кои дале голем придонес за развојот на борењето се првиот човек на Сојузот на спортови на Скопје, како и поранешниот предводник на Боречката…

Read More

Откако екипите на Пелистер и Бутел беа елиминирани, тимот на Металург останува нашиот единствен преставник во Купот на ЕХФ. Поранешниот шампион на Суперлигата, актуелен освојувач на Купот на Македонија доби директен пласман во последниот филтер за групната фаза, а денес го дозна противникот преку кој че се обиде да дојде до групната фаза. Денешната ждрепка во Виена донесе тежок противник за Металург, откако за пласман во групите ќе треба да го елиминираат словенeчкиот тим Горење Велење. Првиот натпревар од квалификацискиот плеј-оф е закажан за 16/17 ноември, а реваншот следува една седмица подоцна. Прв домаќин ќе биде словенечкиот тим. 16-те победници…

Read More

Играчот од средниот ред на Англија, Џеси Лингард, по квалификацискиот натпревар од Европското првенство во 2020 година со Бугарија, ја повика УЕФА да се бори против расизмот. „Секој од момците во тимот на Англија е посилен од оние што сакаат да ја уништат убава игра!  УЕФА треба да направи нешто со ова! Срамота!”- напиша Лингард на својот „Твитер” профил. Во текот на целиот натпревар, навивачите постојано ги навредуваа црномурестите фудбалери на Англија на расистичка основа. Главниот судија од Хрватска, Иван Бебек беше принуден да го прекине натпреварот двапати.  Англија победи со 6:0 благодарение на двата гола на Рос Баркли и…

Read More

Селекторот на репрезентацијата на Турција, Шенол Гунеш, не може да биде незадоволен од нерешениот резултат кој неговата селекција го оствари на гостувањето кај Франција (1:1). Со овој резултат, двата тима се блиску до пласман на ЕУРО 2020. “Секако дека мора да бидам задоволен од резултатот, ако ја погледнете статистиката на крајот од мечот беше 11:2 според упатени удари, но нерешениот резултат е најважен. Ние сме многу среќни откако освоивме четири бода од двата натпревара со Франција. Одлично е да се вратиме во Турција како лидер во групата“, изјави задоволниот Гунеш, бидејќи неговите момчиња се пред светскиот шампион со подобри скор…

Read More

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје вечерва ќе го одигра третиот натпревар од регионалната АБА-2 лига. По двете стартни победи, следи дуел на домашен терен со словенечкиот тим Рогашка, екипа која воопшто нема да биде лесен противник, вели тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов. „Рогашка е екипа која во текот на летото направи одличен тим со многу искусни кошаркари. Ангажираа двајца плејмејкери од Приморска, имаат добар Американец на центарската позиција, а на првите две средби покажаа дека ќе бидат меѓу екипите кои ćе се борат за самиот врв во АБА2, која сезонава е многу поизедначена за разлика од минатата година Ние…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денес ќе го одигра својот трет натпревар од квалификациите за ЕП 2021 година. Противник на нашите млади фудбалери е селекцијата на Казахстан, репрезентација која досега има одиграно 4 натпревари и остварено 2 победи и 2 порази, но интересно е тоа што и двете победи ги реализираше на гостински терен. Токму ова треба да биде предупредување за нашите фудбалери кои за противник денес имаат селекција која игра добро на гостувањата. Македонија на стартот на овие квалификации оствари две победи, против Фарски Острови (7:1) на домашен терен и Црна Гора (2:1) во Подгорица. Сепак за да…

Read More

Напаѓачот на Јувентус и Португалија, Кристијано Роналдо го постигна 700-от гол во својата кариера во квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020 со Украина (1:2). Португалецот стана шестиот играч во историјата на фудбалот кој успеал да го постигне овој резултат. Така, Кристијано Роналдо стана член на симболичниот клуб – 700. Покрај него, за време на своите кариери тоа го сториле, Бразилеците Ромарио и Пеле, Австриецот Јозеф Бицан, Германецот Герд Милер и Унгарецот Ференц Пушкаш кои постигнаа 700 или повеќе голови. Роналдо дојде до ова достигнување со гол од пенал. Роналдо постигна 450 гола во дресот на Реал Мадрид (клупски рекорд), 118 за…

Read More