Author: riste

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас е победник на трката за Големата награда на Јапонија, односно 16-та трка од Ф1 шампионатот за оваа сезона со која германскиот тим обезбеди и титула во конкуренција на конструктори. Финецот успеа да побед на патеката „Сузука“ и да ја запиша третата овосезонска победа, а шеста во неговата кариера. На втората позиција заврши возачот на Ферари, Себастијан Фетел, додека место на подиумот имаше и за актуелниот шампион Луис Хамилтон. На пет трки до крајот на шампионат, Мерцедес ја одбрани титулата во конкуренција на конструктори и ја освои својата шеста круна во низа, со што го собори…

Read More

Младиот талент на Барселона, Ансу Фати, сега може да игра за репрезентациите на Шпанија, јавуваат локалните медиуми. Според нив, денес Шпанската фудбалска федерација официјално доби дозвола од ФИФА да може овој играч да игра за оваа земја. Како што е познато, 16-годишниот напаѓач доби шпанско државјанство на 20 септември, но досега тој не беше во можност да биде повикан од националните селекции поради мали административни пречки, сепак, тие веќе се надминати. Сепак, фудбалерот роден Гвинеја-Бисао не се појави на списокот на Шпанија кој беше објавен вчера за Светското првенство до 17 години. Како причина, беше објавено дека овој фудбалер ќе…

Read More

Во сабота во Скопје ќе се сретнат двете непоразени екипи од групата Б во ЕХФ Лигата на шампионите, Вардар го пречекува Кил во СЦ „Јане Сандански“. Вардар како актуелен шампион на Европа ја има фаворитската улога, но овие две екипи се сретнаа пред официјланиот старт на сезоната на Супер Глобал кога побед Кил. Самиот натпревар на прес-конференција го најави предводникот на „црвено-црните“, Давид Писонеро. „Мислам дека ова е еден од најважните натпревари во досегашниот дел од сезонава. Ова е натпревар на сезоната за нас! Првиот дуел со Монпеље беше најважен зошто беше прв за нас и за Монпеље, но сега е поинаку, прв…

Read More

Ракометарите на Вардар подготвено го дочекуваат мечот од 4. коло во ЛШ против германски Кил. Во пресрет на дуелот, крилото на Вардар, Тимур Дибиров на денешната прес-конференција зборуваше за очекувањата од саботниот меч. „Среќен сум што доаѓа време за еден ваков натпревар. Се плашиме кога играме со екипи на пониско ниво, затоа што тогаш има многу работи кои може да ни недостасуваат, мотивација, или преголема самодоверба, да не сме недоволно спремни, поинаква е слика… Сега сакам да видам како Кил ќе го победи Вардар во Скопје. Влегувам со едно такво расположение, ова е меч во кој може да се случи…

Read More

Македонија и Скопје во периодот помеѓу 8 и 12 октомври во А1 арената на СЦ Борис Трајковски ќе биде домаќин на ИТТФ Светската јуниорска и кадетска серија од челенџ турнири во пинг понг, со учество на повеќе од 100 учесници од 20 земји од светот. По тој повод, денеска во Агенцијата за млади и спорт беше организирана прес- конференција, на која свое обраќање имаше претседателот на ИТТФ, Томас Вајкерт, претседателот на Пинг Понг федерација на Македонија Горан Тиловски, и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски. „Сакам да се заблагодарам за посетата на првиот човек на ИТТФ Томас…

Read More

Италијанскиот фудбалски стручњак Масимилијано Алегри се согласил да го предводи Манчестер Јунајтед само доколку му се понуди оваа функција во наредните недели, пренесува „Газета дело Спорт“. Претходно се појавија гласини за евентуално разрешување на менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле-Гунар Солскјер. Алегри веднаш беше прогласен за можен наследник на Норвежанецот. Италијанскиот тренер се уште е без тим, по крајот на минатата сезона кога го напушти Јувентус. Според истиот извор, Алегри сака брзо да почне да го води тимот за да има време да ја исправи ситуацијата. Манчестер Јунајтед има многу лош старт на сезоната и по одиграни 8 кола, „црвените ѓаволи“…

Read More

Играчот од средниот ред на Арсенал, Рис Нелсон ќе отсуствува од терените до почетокот на ноември. Младиот играч има повреда на коленото и затоа не се најде во репрезентацијата на Англија до 21 година за претстојните квалификации. Нелсон веќе се проби во првиот состав на Арсенал и настапува се подобро. Од почетокот на сезоната, тој има шест натпревари во сите  натпреварувања на кои има постигнато 1 гол и 2 асистенции. Сепак, поради оваа повреда, 19-годишниот Нелсон ќе пропушти два или три натпревари на „Топџиите“. Тој сигурно нема да игра против Шефилд Јунајтед и Кристал Палас, а неизвесен ќе биде за…

Read More

Селекторот на Италија Роберто Манчини размислува да испрати повик до ветеранот Џанлуиџи Буфон за претстојните квалификации за Еуро 2020 со Грција и Лихтенштајн. На една од овие средби 41-годишниот голман би имал можност да го одигра проштален натпревар во националниот дрес. Ова се очекуваше да се случи во пријателскиот натпревар со Холандија во Торино минатата година, но тогаш Буфон реши да замине во „пензија“ и да направи простор за неговите помлади колеги. Последниот натпревар на Буфон во националниот дрес беше дуелот со Шведска во ноември 2017 година од плеј-офот на Светското првенство во 2018 година. Буфон се врати во Јувентус…

Read More

ПСЖ нема да понуди нов договор за дефанзивецот Тијаго Силва, објавија блиски извори до тимот. Тековниот договор на 35-годишниот ветеран истекува на крајот на сезоната, а спортскиот директор Леонардо одлучи да не му го продолжи предстојот на „Паркот на Принцовите“. Така, Бразилецот ќе стане слободен агент во текот на летото. ПСЖ го привлече Тијаго Силва од Милан во 2012 година за 42 милиони евра. Тој има одиграно 291 натпревар и постигнато 16 голови и 4 асистенции за клубот во сите натпреварувања. Во исто време, сепак, Леонардо ќе даде се од себе за да ги задржи на подолг период останатите двајца…

Read More

Тренерот на Рома, Пауло Фонсека, беше казнет за следните два натпревари поради навреда на судијата на натпреварот со Каљари (1:1). Инцидентот се случи на крајот на мечот кога беше поништен голот на Никола Калиниќ, кој го налути тренерот и играчите на „Волчицата“, кои го нападнаа судијата Давиде Маса. Очигледно, португалскиот тренер користел непристојни зборови и затоа сега ќе ги следи следните две средби од трибините. Рома исто така ќе треба да плати казна од 15.000 евра. Причината е што на клупата имаше фитнес тренер на кого не му беше дозволено да биде таму, а по крајот на мечот му аплаудирал…

Read More