Ракометарите на Бутел од Скопје имаа успешно деби во европските клупски натпреварувања, Бутел пред својата публика вечерва го совлада Запорожје со 18:14 (8:7) и со ваква предност ќе патува на реваншот во Украина. Првиот дел беше многу тврд и со мал број на голови, но во второто полувреме нешто подобра игра на домашната екипа која успеа да ја одржува предноста во текот на целиот натпревар и со добра реализација во финишот ос дредбата да дојде до предност од 4 гола разлика. Најефикасни во тимот на Бутел беа Мајиќ со седум и Мојсоски со три гола, а кај Запорожје се истакнаа…
Author: riste
Играчот од средниот ред на Ливерпул, Џејмс Милнер ја коментираше победата од 2:1 на домашен терен од 8. коло на англиската Премиер лига со Лестер Сити. 33-годишниот играч стана автор на победничкиот гол, реализирајќи пенал во 95-та минута. „Воодушевен сум од резултатот. Ние знаевме дека не чека тежок натпревар. Во првото полувреме немавме многу шанси, но во второто полувреме пропуштивме неколку шанси. Одлично е што нашиот тим секогаш се обидува да најде начин да дојде до победа. Можеби сте забележале дека во второто полувреме неколку играчи беа уморни. Шансите на Ливерпул за титулата? Не можеме да си дозволиме премногу порази…
Голманот на Манчестер Јунајтед и шпанската репрезентација, Давид Де Геа, планира да го купи фудбалскиот клуб Елче. Проценетата сума на трансакцијата е околу 18 милиони евра, пренесуваат медиумите во Шпанија. Објавено е дека продажбата на клубот ќе биде извршена во наредните месеци. Клубот Елче е основан во 1923 година. Во моментов игра во втората дивизија на Шпанија. Последен пат тимот играше во Примера во сезоната 2014/15, но беше казнет и избркан од ова натпреварување поради мултимилионски долгови. Најголемото достигнување на Елче во шампионатот на Шпанија беше 5-то место во сезоната 1963/64. Покрај тоа, шпанскиот тим е партнер на англискиот клуб…
Проблемите со повредените играчи на Манчестер Јунајтед продолжуваат да се зголемуваат. Уште еден играч влегува во „болницата“ на Манчестер Јунајтед, тоа е Џеси Лингард. 26-годишниот Англиски репрезентативец влезе во игра како замена на мечот со АЗ Алкмар (0-0) во Лигата на Европа, но набргу потоа сигнализираше дека е повреден и не може да продолжи, со што „црвените ѓаволи“ мораше го доиграат мечот со 10 фудбалери на теренот. Ова е уште еден проблем за менаџерот Оле Гунар Солскјер, кој не може да смета на Ентони Марсијал и Пол Погба. „Црвените ѓаволи“ се соочуваат со сериозни проблеми во нападот уште од почетокот…
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа имаше здравствени проблеми уште пред натпреварот од второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите со Бриж, пишува „Мундо Депортиво“ Според истиот извор, белгискиот голман имал стомачен вирус утрото на состанокот, но тој по секоја цена сакал да биде на голот на својата екипа. Главниот тренер на тимот Зинедин Зидан знаеше за болеста на неговиот голман, но под притисок на Тибо Куртоа се согласил да го стави во почетниот состав. Куртоа прими два гола од Бриж во првото полувреме и беше заменет со Алфонс Ареола. Натпреварот заврши со резултат 2:2. На полувреме, беше…
За време на паузата за натпреварите во националниот тим, напаѓачот на Барселона Луис Суарез ќе остане во Барселона и ќе биде подложен на третман, според официјалната веб-страница на каталонскиот клуб. Така, Суарез ќе ги пропушти двата пријателски натпревари на репрезентацијата на Уругвај со селекцијата на Перу, што ќе се одиграат на 12 и 15 октомври. Да потсетиме дека Суарез ги одигра сите 90 минути во натпреварот од 2.коло од групната фаза од Лигата на шампионите со Интер (2:1), а беше автор на два победнички гола за пресврт на оваа средба. Се потенцира дека одлуката е донесена во меѓусебна согласност на…
Сампдорија се обидува да го донесе поранешниот играч од средниот ред на Милан, Андреа Бертолачи. 28-годишниот фудбалер во моментов е слободен агент откако неговиот договор со „росонерите“ истече во јули и не е обновен. Тој има огромно искуство со над 200 натпревари во Серија А и во Сампдорија веруваат дека може да имаат корист од неговото искуство. Сампдорија започна лошо во новата сезона, забележа пет порази во првите шест натпревари во Серија А. Ова е една од причините што клубот продолжува да бара нови засилувања за да ги промени своите перформанси и да се врати на вистинскиот пат. Ако Бертолачи…
Англиската екипа Вулверхемптон победи на гостувањето кај Бешикташ во 2. коло од Лигата на Европа. Средбата се одигра на стадионот „Водафон Арена“ во Истанбул и заврши со резултат 1:0 во корист на Вулвехемптон. Единствениот и победнички гол беше постигнат во судиското надополнување од страна на Боли. Англискиот тим со ова успеа да забележи победа во натпревар од Европски куп за прв пат по 39 години. Последниот пат кога „волците“ остварија победа на Евро сцена беше во октомври 1980 година, кога го победија ПСВ (1:0) на домашниот стадион во 1/32 натпревар од Купот на УЕФА. Во третото коло од групната фаза…
Поранешниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо, го одби предлогот на Сампдорија да го предводи тимот, пренесува „Тутоспорт“. Овој тренер е без тим уште од летото кога се раздели со „росонерите“. Сепак, 41-годишниот Гатузо не беше воодушевен од предлогот на Сампдорија. Тој не сакал да го преземе тимот затоа што не решил конечно за својата иднина и не ја сака ситуацијата во која се наоѓа екипата. Со слични аргументи, Гатузо го отфрли предлогот на другиот клуб од истиот град – Џенова. Минатата сезона Гатузо го доведе Милан на 5-то место во Серија А, само еден бод зад вечниот ривал Интер.
Џанлука Роки ќе го суди „Дерби Д‘Италија“ меѓу Интер и Јувентус кое се игра во недела. Ова беше јасно откако беа одредени судиите за викенд колото во Серија А. 47-годишниот Роки е еден од најискусните италијански судии, го судеше Суперкупот на Европа во 2017 година и финалето на Лигата на Европа минатата сезона. Тој има судено неколку големи натпревари во својата кариера и логично ја доби оваа важна улога. Тоа е добра вест за Јувентус, кој има 27 победи на 35 натпревари, кога им судел Роки. Статистиката на Интер за овој судија е многу полоша – 15 победи од 34…
