Поранешниот напаѓач на Милан и сегашен селектор на украинската репрезентација Андриј Шевченко е подготвен да го преземе водството на „росонерите“ под два услови. Во моментов Милан е предводен од Џампаоло, но лошите резултати сериозно го тресат неговото тренерско столче. Според информациите на италијанските медиуми, условите на Шевченко се – да започне со работа само во ноември по квалификациите за Евро 2020, и да ја зачува својата позиција на чело на Украина. Шевченко играше за Милан помеѓу 1999 и 2006 година, а потоа се врати како позајмен играч во сезоната 2008/2009. Во 2012 година ја заврши кариерата, а од 2016 година…
Author: riste
Централниот суд на Шпанија со јурисдикција низ целата земја, го затвори случајот против напаѓачот на Барселона, Лионел Меси и неговиот фонд, по обвинението за затајување данок, измама и перење пари, јавува весникот „Марка“. Судијата Марија Тардон се одлучи да го затвори случајот поднесен од поранешната вработена во фондацијата на Лионел Меси, како и неговиот татко и брат. Случајот беше затворен поради недостаток на податоци и докази за стореното дело. Сите обвиненија се засноваа само на вести во медиумите. Случајот е затворен согласно член 637 од Кодексот за кривична постапка. Судијата не виде причина да се продолжи случајот и дека навистина…
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изненадувачки ги остави Герет Бејл и Хамес Родригез надвор од составот за домашниот натпревар против Клуб Бриж во Лигата на шампионите кој што се игра вечерва. Според весникот „АС“, Бејл само добил одмор, додека кај Хамес Родригез тоа е превентивна причина, бидејќи Колумбиецот добил удар на дуелот со Атлетико Мадрид (0:0). Тој се очекува да биде подготвен за саботната средба со Гранада од „Ла Лига“. Останатите кои ќе го пропуштат денешниот натпревар се Алваро Одриозола, Браим Диаз, Маријано Дијаз и Родриго, како и Ферлан Менди и Марко Асенсио кои се повредени. Сепак, добра вест…
Играчот на Челзи Вилијан ќе добие понуда од Барселона во јануари следната година, пренесува „Дејли мирор“. Бразилскиот играч од средниот ред е под договор и најверојатно ќе го напушти Челси по крајот на сезоната, а Каталонците веќе подолго време се кандидат за неговиот потпис, па дури и испратиле неуспешна понуда од 40 милиони фунти ова лето. Весникот „Дејли Мирор“ тврди дека тренерот Ернесто Валверде сака да го привлече бразилскиот играч од средниот ред на местото на неговиот сонародник Филипе Кутињо, кој веќе игра во Баерн (Минхен) со позајмица. Вилијан е на врвот на листа на желби на Барса, но самиот…
Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, се очекува да биде подготвен да игра за десетина дена. Бразилецот заработи повреда во првото коло против Норвич и од тој момент не играл. Тој веќе продолжи со тренинзите, но се очекува да биде во составот по паузата за настап на националните тимови, а пред дербито со Манчестер Јунајтед. Алисон се чувствува подобро, но тренерскиот тим на Ливерпул нема да брза со негово враќање во игра, особено по добрите настапи на неговата замена, Адријан. Бразилецот сигурно нема да учествува на претстојните два натпревари со Ред Бул Салцбург во Лигата на шампионите и со Лестер во…
Предводникот на Арсенал, Унаи Емери смета дека ремито 1:1 со Манчестер Јунајтед е реален резултат. Според него, средбата целосно била изедначена. Тој изјави дека неговиот тим покажал некои добри работи, но има некои што треба да ги подобрат. „Средбата беше 50:50. Сакавме да победиме затоа што мислевме дека имаме добри шанси да ги освоиме трите бода, но по крајот на натпреварот можам да кажам дека резултатот е фер. Овој нерешен резултат можеме да го прифатиме позитивно ако го победиме Бурнемаут во недела. Видов некои позитивни работи во нашата игра, но и некои што треба да ги подобриме. Добро одигравме во…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го коментираше нерешениот резултат 1:1 во дербито со Арсенал. Тој смета дека неговиот тим можел да победи, но требаше да бидат попрецизни пред голот. Сепак, тој ги пофали своите играчи за нивниот настап на натпреварот. „Поведовме со 1:0, но не успеавме да го постигнеме вториот гол што ни беше потребен. Треба да учиме од ова. Треба да бидеме попрецизни пред голот на противникот. Ние водевме на толку многу натпревари со 1:0, но не победуваме. Мора да извлечеме некои заклучоци од тоа. Примивме гол од наша невообичаена грешка, но понекогаш се случуваат вакви грешки.…
Возачот на Мерцедес и петкратен шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ја запиша својата деветта победа оваа сезона и 82. во неговата кариера, откако победи на патеката „Сочи“ каде се возеше за ГН на Русија. На втората позиција заврши неговиот клупски колега Валери Ботас, додека трет беше возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој тргна од пол-позицијата, но неуспеа да остане таму на финишот од трката. Младиот Французин направи грешка при првата кривина и првото место му го препушти на Фетел, кој не ги послуша советите од боксот да го препушти својот колега и тој да ја води трката. На тој…
Ракометарите на Еурофарм Работник повторно загубија на сличен начин како претходните два натпревари во Лигата на шампионите. Попладнево го забележа и третиот пораз, откако на гости кај Бидасоа го завршија натпреварот 26:25 (11:14). Битолскиот тим повторно беше подобар во првиот дел, но немаше сила да го издржи темпото во второто полувреме и на крајот загуби минимално. Македонскиот вицешампион речиси идентично како и во Шведска, одлично го отвори мечот во Шпанија и водеше во текот на целото прво полувреме за да замине на одмор со предност од 14:11. На почетокот од вториот дел Бидасоа направи серија од 4:1 и во 40. минута намали на…
Денес се игра финалето на ЕП во одбојка во кое се среќаваат две екипи кои со различни позиции го започаа овој шампионат. Србија важеше за фаворит, додека Словенија се надеваше на изненадување благодарение на домашниот терен. Финалето се игра во салата „Берси“ во Париз, а играат Словенија и Србија. Најголемото изненадување на шампионатот сигурно е словенечката репрезентација, која во групната фаза да потсетиме загуби од Македонија. Потоа следуваше одлична игра на Словенија и на патот до финалето ги совладаа Русија и Полска. Србија беше меѓу фаворитите за победа на ова ЕП, со оглед на успесите во последните 15 години. Тие имаат…
