Author: riste

Поранешниот селектор на Италија, Антонио Конте кој сега го води тимот на Интер го запиша првиот рекорд како тренер на оваа екипа. Синоќешната победа во Милано со 1:0 против Лацио благодарение на погодокот на Данило Д’Амброзио му го донесе првиот рекорд на Конте. Тоа беше петта последователна победа за Интер, кои се лидери на табелата со максимален учинок по одигрувањето на првите пет кола. Пред успехот против Лацио, Интер ги совлада Лече, Удинезе, Каљари и Милан. Пред Конте, ниту еден друг тренер на Интер не ги добил своите први пет натпревари во Серија А, а Интер и Конте ќе може…

Read More

Четири англиските фудбалски гиганти ќе се сретнат во меѓусебни дуели од четвртото коло од Лига Купот (Куп Карабао). Ждребката која беше одржана синоќа беше немилосрдна, па донесе неколку супер дерби средби во оваа фаза на Карабао Купот. Ливерпул ќе го пречека Арсенал на „Енфилд“, а Манчестер Јунајтед ќе гостува кај Челзи на „Стемфорд Бриџ“. На другите средби, шампионот Манчестер Сити е домаќин на Саутемптон, Астон Вила го пречекува Вулверхемптон, а Евертон го пречекува Ватфорд. Дуелите ќе се играат во викендот што започнува на 28 октомври. Комплетната ждрепка за четвртото коло: Евертон – Ватфрод Астон Вила – Вулверхемптон Манчестер Сити -…

Read More

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, рече дека Европскиот шампионат најверојатно нема да продолжи да се организира како што ќе би организиран во 2020 година. „За нас е огромен предизвик и товар да се направи турнир како оној што е планиран за следната година. Постојат земји со безвизен режим и транзит, има некои што бараат визи. Имаме можен Брексит што би можело да се случи. Ќе биде многу тешко да се прават вакви ЕП како ова“, рече Чеферин. „Од симболична гледна точка, добра е идејата – имаме натпревари на север и југ, исток и запад. Добро е, сепак ние славиме…

Read More

Манчестер јунајтед ризикува да загуби голема сума според договорот со неговиот технички спонзор за следната сезона – АДИДАС. Според  пишувањата на медиумите во Манчестер, договорот меѓу двете страни предвидувал клаузула според која германската компанија би ја намалила исплатата за 30 %,  доколку „црвените ѓаволи“ не успеат да влезат во групната фаза од Лигата на шампионите две последователни сезони. Оваа состојба може да стапи на сила следното лето, затоа што во последната сезона екипата заврши на шестото место во англиската Премиер лига и не учествува во Лигата на шампионите оваа сезона. Според условите на тековниот договор, Адидас треба да му плаќа…

Read More

Извршниот комитет на УЕФА донесе одлука со која ќе започне користењето на ВАР технологијата и во Лига Европа, откако минатата сезона се користеше само во финалниот натпревар во Баку. Европската фудбалска централа најави дека ќе го имплементира ВАР системот од почетокот на нокаут фазата, што значи дека најважните натпревари во завршницата од ова натпреварување ќе бидат покриени со судии во ВАР соба. Според календарот за натпреварување и распоредот на средбите, од 20 февруари 2020 година ВАР технологијата ќе биде составен дел од секој натпревар од Лига Европа. Сите извештаи од користењето на ВАР системот минатата сезона добија позитивни оценки и ќе биде потребно само да…

Read More

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, зборуваше за закрепнување од повредата поради која беше принуден да го пропушти почетокот на сезоната. „Јас напредувам добро, мислам дека сум скоро подготвен. Може да одам на терен и да учествувам на тренинзите, се чувствувам добро. Уверен сум во своите способности, сега останува само да ја повратам силата. Пред две недели, не можев навистина да одам. Сега трчам, скокам на десната нога, која беше повредена. Јас сум многу среќен поради тоа. Кога ги гледам нашите натпревари од една страна, навистина сакам да се вратам на теренот. Сакам да му помогнам на мојот тим, не можам…

Read More

Македонската футсал репрезентација е во Бихаќ, БиХ каде игра контролни натпревари со селекцијата на Босна и Херцеговина. Синоќа нашите репрезентативци одиграа одличен натпревар против домашната репрезентација и испуштија шанса да забележат победа откако натпреварот заврши нерешено 3:3. БиХ поведе со 1:0, но Македонија израмни на 1:1, па домашните играчи повторно дојдоа до предност од 2:1. Сепак тоа не ги откажа нашите репрезентативци кои направија пресврт и поведоа со 3:2, но не издржаа до крај и примија гол за израмнивање. Головите за нашата репрезентација ги постигнаа Адријан Мицевски два и Даниел Де Соуза еден. Македонија и Босна и Хецеговина денес ќе…

Read More

Тренерот на Милан, Марко Џампаоло има три натпревари за да ја спаси својата работа на клупата на Милан, пренесуваат медиумите во Италија. Овој тренер седна на клупата на Милан во текот на летото, откако претходно беше на чело со Сампдорија. Тој беше пречекан со недоверба од навивачите на тимот, кои очекуваа многу посериозно име да го води нивниот тим. На крајот, резултатите на тимот не се според очекувањата, нокако капак на сè, екипата покажа слаба игра во големото дерби против Интер, кое го загуби со 0:2. Дел од водечките луѓе на Милан, Паоло Малдини и Звонимир Бобан не се задоволни…

Read More

Играчот од средиот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ имаше важна улога во победата на неговата екипа на гостувањето кај Бреша (1:2). Босанскиот интернационалец беше стрелец на вториот гол кој се покажа како решавачки за ппобеда на неговата екипа на ова гостување. Паоло Дибала изведе слободен удар, топката од живиот ѕид дојде до Пјаниќ кој шутираше прецизно за водство на неговата екипа. Но она што остави посебен впечаток на оваа средба е статистиката на Миралем Пјаниќ кој имал вкупно 108 успешни додавања на оваа средба, што преставува рекорд за еден играч од среден ред од почетокот на сезоната  во Серија А.…

Read More

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде даде краток коментар за повредата на Лионел Меси. Каталонската ѕвезда се врати во стартниот состав на Барселона, но одигра само 45 минути во победата над Виљареал (2:1), по што беше заменет. „Меси почувствува непријатност во бутниот мускул. Одлучивме да го замениме, но мора да почекаме за да знаеме каква е точно неговата состојба. Победата е чекор напред за нас, особено по лошите резултати на гостински терен”, рече Валверде. Антоан Гризман беше задоволен од голот, кој го постигна на мечот со Виљареал. „Имавме тежек период, но треба да започнеме да играме подобро. Ние ќе продолжиме да…

Read More