Author: riste

Проблемите на селекторот Игор Ангеловски се зголемиваат со повредата на Енис Барди. Kако да не беа доволни повредите во одбраната и дилемите на селекторот Игор Ангеловски за тоа кој ќе игра во дефанзивата на следните два натпревари со Словенија и Полска, па сега нова лоша вест за средниот ред во нашата селекција. Шпанскиот тим Леванте денес објави дена Енис Барди заработи повреда на бутниот мускул на десната нога, односно повреда на задниот дел на мускулот и регистрирано е истегнување од прв степен. Многу мали се шансите Енис Барди да биде здрав до 7 октомври, за кога е закажан собирот на Ангеловски во Скопје.…

Read More

Најдобриот македонски борач, Могамедгаџи Нуров, успеа да победи во репесаж мечот на Светското првенство во борење и со тоа обезбеди олимписка норма, прва за нашата земја по повеќе од една деценија. Во репесажот Нуров беше поуспешен од Николај Себан од Молдавија, кого го совлада со 2:1. Со оваа победа, Нуров добива шанса да се бори за бронза, а во натпреварот ќе се соочи со домашен борач, Алишер Јергали од Казахстан. Борбата за бронза меѓу Нуров и Јергали е попладне. Последната Олимписка норма во борење Македонија ја имаше во 2008 година, на ЛОИ во Пекинг.

Read More

Тренерот на Јувентус Торино, Маурицио Сари, по победата од 2:1 на домашниот натпревар од 4. коло на италијанската Серија А со Верона, истакна дека процесот на градење на тимот сè уште не е завршен. „Можеби имавме некаков ментален замор, затоа што мораше брзо да ги наполниме батериите по натпреварот во Лигата на шампионите. Со многу промени, се губи балансот во играта. Ова беше забележливо во нашата игра. Дибала делуваше многу добро. Рамзи сепак треба да се прилагоди, но ова е сосема нормално во вакви околности. Нашиот тим е во изградба. Забораваме на одбраната и не играме добро кога сме под…

Read More

Ракометарите на Вардар денес ги очекува натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите и прв натпревар на домашен терен по освојувањето на втората титула Европски првак. Тренерот Писонеро за оваа средба повторно се одлучи да им даде довеерба на оние кои ја остварија првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите. По техничкиот состанок во Скопје, познати се составите на двете екипи кои попладнево ќе истрчаат на теренот во СЦ „Јане Сандански“ , а во Вардар нема да има промени и ќе играат истите како и на мечот со Монпелје. Без повредените Тоелдо и Стоилов, но со главните алки…

Read More

Жозе Мурињо верува дека легендата на Челзи, Франк Лампард е добар менаџер за екипата и ќе биде успешен во водењето на лондончаните. Португалскиот тренер зборуваше зборуваше за својот поранешен играч пред дербито во Премиер лигата кое се игра денес меѓу сините и европските клупски шампиони Ливерпул. Челзи не ја започна сезоната  добро, со само 8 освоени бода од 5 одиграни натпревари. „Едно е да се биде фудбалер, друго е да се биде менаџер. Тој е еден од најважните пет играчи во клупската историја. Френк е еден од најсилните играчи под мое раководство. Тој е професионалец и еден од најискрените луѓе…

Read More

Возачот на Ферари, Чарлс Леклерк, стигна до третата пол-позиција по ред во Формула 1 шампионатот и на трката за ГН на Сингапур ќе стартува од лидерското место. Леклерк имаше најдобро време од 1:36.217 секунди и заврши пред актуелниот првак Луис Хамилтон од Мерцедес. Третата позиција му припадна на клупскиот колега на Леклерк, Себастијан Фетел од Ферари. Од четвртата позиција ќе тргне Макс Верстапен, а потоа следат Валтери Ботас, Карлос Сајнц, Даниел Рикардо, Нико Хулкенберг, Нандо Лорис… Трката за ГН на Сингапур се вози утре (недела) од 14:10 часот.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација на 10. октомври против Словенија ги продолжува Европските квалификации за пласман на ЕУРО 2020. По триумфот над Летонија и освоениот бод на гостински терен против Израел, македонската репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со еден од главните конкуренти за висок пласман во нашата група. ФФМ ги повикува сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за пламан на ЕУРО 2020. Верните навивачи на нашата најдобра репрезентација, од понеделник,…

Read More

Тотенхем е подготвен да исплати голема сума за централниот дефанзивец на Бенфика, Франциско Феро, и тоа во јануарскиот преодрн роки. Како што е познато, иднината на Јан Вертонген и Тоби Алдерварјлд во Лондон е под знак прашалник. „Спарси“ го гледаа Феро изминатото лето, откако 22-годишен фудбалер имаше одлични настапи за клубот од Лисабон. Во март, португалската ѕвезда потпиша нов договор со Бенфика, кој ќе го задржи во клубот до летото 2023 година, со огромна клаузула за ослободување вредна 85 милиони евра. Раководството на Тотенхем е подготвено да ја плати оваа сума, бидејќи тие започнуваат да бараат алтернативи за нивниот белгиски…

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Анхел Ди Марија не ја криеше радоста по убедливата победа од 3:0 над неговиот поранешен клуб Реал Мадрид. „Дадовме се од себе на овој натпревар и тоа беше совршен резултат за нашата екипа. Трчавме многу и ја заслуживме оваа победа. Моравме да го постигнеме посакуваниот резултат, без разлика дали играат Нејмар, Мбапе и Кавани. Тимот мора да продолжи да работи со правилен стил и да одржува концентрација на секој натпревар, бидејќи овие средби се многу важни за нас“, изјави Ди Марија.

Read More

По одигрувањето на првите натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите во теот на вчерашниот ден, вечерва не очекуваат вториот дел од осум натпревари кои се играат во 1коло од А, Б, Ц и Д групите. Неколку натпревари посебно привлекуваат внимание, а тоа се средбата од Групата А, каде ПСЖ го пречекува Реал Мадрид, две екипи кои претендираат да бидат во самата завршница на ЛШ. Во Б-групата Баерн ја пречкува Црвена Звезда и за навивачите на „црвено-белите“ ова ќе биде потсетување на шампионската година кога во полуфиналето го елиминираа гигантот од Минхен. Динамо Загреб на „Максимир“ е домакин на…

Read More