Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген го одбрани пеналот кој го изведе играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Марко Ројс синоќа на првиот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите. Така, германскиот голман кој е на голот на Барселона има на своја сметка во Лигата на шампионите четири одбранети пенали од шест изведени идари од белата точка. Со овој одбранет пенал Тер Штеген се израмни со постигнувањето од сезоната 2003/2004 кога голманот на Шахтјор, Андреј Пјатов, оствари ист ваков резултат. Пјатов исто така имаше одбранети 4 пенали од 6 изведени против него во Лигата на шампионите. „Луѓето знаат…
Author: riste
Нашите одбојкари го одработија својот дел од работата, односно запиша две победи во групата Ц, против Белорусија и Словенија, но за да може да обезбдеиме пласман во осминафиналето треба да се чека исходот од денешниот натревар меѓу Турција и Финска. Белорусија синоќа не успеја да ја победи Турција и со тоа ја остави Македонија на чекање до крајот на денешниот ден.Сега нашите одбојкари и спортската јавност во Македонија ќе навиваат за Турција да победи против Финска за нашите одбојкари да влезат меѓу 16-те најдобри селекции на првенството и да патувата во Нант. Турците се веќе сигурен патник во следната фаза,…
Ливерпул стана вториот европски шампион кој го загубил својот прв натпревар во Лигата на шампионите на стартот на одбраната на титулата. Тоа стана јасно по синоќешниот пораз на Ливерпул кај Напполи со 0:2. Головите за домашната екипа беа постигнати во самиот финиш на натпреварот и беа дело на Дрис Мертенс во 81. минута од пеналот и Фернандо Љоренте во дополнителното време. На овој начин Ливерпул, се најде веднаш до Милан. До вчера „росонерите“ беа единствениот тим што ја освоил Лигата на шампионите и го загуби својот следен натпревар од новата сезона. Ова се случи во сезоната 1994/95, кога Ајакс ги…
Тренерот на Интер, Антонио Конте призна дека тој е главен виновник за лошиот резултат против Славија Прага на стартот од Лигата на шампионите. Дуелот во Милано заврши 1:1 бидејќи, а Интер се спаси од пораз во дополнителното време. „Славија играше европски, агресивно и интензивно и ние не најдовме решение. На другите наши досегашни средби се сретнавме со ривали кои се бранеа, а Славија нè напаѓаше. Беше тешко и јас бев незадоволен. Јас ја преземам одговорноста за резултатот, бидејќи не го видов ефектот на моите одлуки, а причината е што не им објаснив на играчите каква е природата на натпреварот и…
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше разочаран, но смирено го прифати поразот од 0:2 против Наполи како гостин во првиот натпревар од новото издание на Лигата на шампионите. „Жал ни е за поразот затоа што имавме свои шанси да постигнеме гол. Ова е само првиот натпревар од сезоната во ЛШ, направивме многу шанси, но не можевме да ги завршиме нашите напади и тоа е проблем. Ова беше многу динамичен натпревар, пред се во второто полувреме. Ливерпул покажа добар фудбал, но донесовме погрешни одлуки во важни периоди и мора да се помириме со резултатот“, изјави Клоп по натпреварот.
Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, остана цврсто на земја по победата на домашен терен од 2:0 над Ливерпул во првото коло од Лигата на шампиони. Искусниот тренер го пофали квалитетот на играта на својата екипа и ја повтори целта за Наполи, а тоа е да ја помине групата и да игра во елиминациите. „Се покажа дека беше многу изедначен натпревар. Ние направивме сè како што треба против најсилниот тим во Европа. Кога доминираше Ливерпул, добро се браневме и ги искористивме своите моменти. Нашата стратегија беше да го одиграме целиот натпревар без да направиме голема грешка и да победиме. Ме прашувате…
Оние кои се противат на ВАР системот во шпанската Ла Лига излегоа со интересен податок по одигрувањето на последното коло од Ла Лига. Натпреварите од шпанската елита во текот на викендот биле прекинувани или се играло дополнително вкупно 32 минути и 26 секунди, поради повторното гледање на видео снимките на судиите. Поголемиот дел од времето за ВАР беше поминато за време на натпреварот Селта – Гранада (0:2) кога на домаќините им беа покажани два црвени картони. На судиите им беа потребни 9 минути и 5 секунди за да се консултираат со ВАР системот. Другата средба која имаше голема пауза поради…
Новата сензација на Барселона, Ансу Фати е многу блиску до нов договор со каталонскиот клуб, пренесува радио Каталунија. Од „Камп Ноу“ му нудат петгодишен договор со еднократна премија при потпишувањето. При потпишување на договорот, 16-годишниот напаѓач ќе добие 700.000 евра. Доколку Фати остане во составот на резервниот состав, тој ќе добива 300.000 евра во првата сезона. Ако оди во првиот тим, неговиот надомест ќе се зголеми на 1 милион евра годишно. За секоја следна сезона, фудбалерот ќе добие дополнителни 250.000 евра доколку биде дел од првиот тим. Овој договор е до 2022 година и има откупна клаузула од 100 милиони…
Ракометарите на Македонскиот вицешампион, Еурофарм Работник немаа многу време за одмор и анализа на вчерашниот натпревар против Спортинг Лисабон во првото коло од Лигата на шампионите. Екипата веќе се наоѓа во Шведска каде ќе се подготвува за првиот гостински меч против Савехоф. Еурофарм Работник загуби во својот дебитански настап во Лигата на шампионите на домашен терен со 29:30, но сепак играта која ја покажаа ветува дека може да биде рамноправен противник на сите екипи во својата група. Попладне, Стевче Алушовски ќе го одржи првиот тренинг со своите ракометари во Шведска, а подготовките за овој меч ќе ги заврши утре, за кога…
Тренерот на италијанскиот гигант Јувентус – Маурицио Сари, има сериозни проблеми со играчкиот кадар пред гостувањето кај Атлетико Мадрид на почетокот од групната фаза од Лигата на шампионите. Миралем Пјаниќ и Даглас Коста добија повреди на мечот со Фиорентина (0:0). Бразилскиот репрезентативец ќе биде надвор од терените околу еден месец, додека босанскиот интернационалец најверојатно ќе го пропушти мечот во Мадрид. Денес тој ќе помине медицински тестови кои ќе дадат конечен одговор на прашањето колку долго ќе треба да ја санира повредата. Гонзало Игуаин заработи удар и се повреди на мечот на „Артемио Франки“. Тој доби удар во бутот за време…
