Тотенхем прави голем ризик и може да загуби некои од нивните главни играчи без пари на крајот на сезоната, пренесуваат медиумите во Англија. Договорите на Тоби Алдервејрелд, Кристијан Ериксен и Јан Вертонген се до крајот на оваа сезона и тројцата засега не ги обновија. Уште во јануари, тие имаат право да потпишат прелиминарни договори со други тимови, кои ќе стапат во сила од следното лето. Ова е дефинитивно голем проблем за „Спарси“, бидејќи Маурисио Почетини сака да ги задржи сите тројца, а во таква ситуација, тимот нема да добие ништо од трансферот на овие играчи. Во наредните недели се очекува…
Author: riste
Играчот на Реал Мадрид Ферлан Менди е повреден и нема да игра за својата екипа против Атлетико Мадрид, објавија медиумите во Шпанија. Француски репрезентативец има повреда на левата нога. 24-годишниот лев бек се очекува да биде во игра за период од две до три недели. Во текот на денешниот ден, Менди не тренираше со своите соиграчи, кои се подготвуваат за утрешниот натпревар од „Ла Лига“ против Осасуна. Атлетико Мадрид е домаќин на Реал Мадрид на 28 септември. Реал Мадрид во моментов е на второто место на табелата со 11 поени исто како и Атлетик Билбао.
По повод освојувањето на бронзен медал на Светското првенство во борење и освојувањето норма за Летните Олимписки игри Токио 2020, денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт(АМС), беше одржана прес-конференција на која директорот на АМС, Дарко Каевски зборуваше за големиот успех на Могамедгаџи Нуров и за она што АМС го прави за враќањето на борењето на старите патеки. „Би сакал да му го честитам бронзениот медал на Нуров, како и исполнетата олимписка норма. Драго ми е што по 12 години еден наш борач има остварено олимписка норма, и се надевам дека ова ќе биде дополнителен импулс и мотив…
Ливерпул е во преговори за рекорден спонзорски договор за клубот и за британскиот фудбал, а прегoвoрите се водат со компанијата „Најк“, според кој американскиот концерн ќе го облече Ливерпул следната сезона. За „црвените“ се вели дека имаат подобри услови од Манчестер Јунајтед, кој моментално добива 75 милиони фунти годишно од „Адидас“. Актуелниот спонзор „Њу Баланс“, сепак, поднел тужба против Ливерпул. Според компанијата, постои клаузула во договорот со Ливерпул со која му се дозволува на „Њу Баланс“ да одговари на највисоката понуда што Ливерпул ќе ја доби и да остане спонзор на клубот. Компанијата тврди дека Ливерпул не им ја дал…
УЕФА денес официјално потврди дека стадионот „Вембли“ во Лондон по една деценија од своето последно финале на Лигата на шампионите, повторно ќе биде домаќин на најважниот европски клупски натпревар. Најголемиот стадион во британската престолница ќе биде местото каде што ќе заврши клупската сезона 2022/23 со натпреварот за европската титула. Финалето оваа сезона во Лигата на шампионите ќе се игра на стадионот „Кемал Ататурк“ во Истанбул, следната година домаќин на финалето ќе биде Санкт Петерсбург и „Петровски Стадиум“, а во 2022 година „Алијанц Арена“ во Минхен. На стадионот „Вембли“ во 2013 година Баерн Минхен ја совлада Борусија Дортмунд, а во 2011 година, Барселона беше поуспешна од Манчестер Јунајтед со 3:1. Ова…
ФИФА, Светската куќа на фудбалот го прогласи Лионел Меси за најдобар фудбалер во светот за изминатата 2019 година, на гала вечерта која се одржа вечерва во Милано. Номинирани за најдобар фудбалер на годината беа Лионел Меси од Барселона, Кристијано Роналдо од Јувентус и Вирџил Ван Дијк од Ливерпул, а наградата за најдобар ја понесе аргентинската ѕвезда кој ги брани боите на Барселона. Меси ја предводеше Барселона до титула во „Ла Лига“, десетта во неговата кариера, а исто така ја доби и Златната копачка, со вкупно 36 постигнати гола. Со Барселона играше во полуфиналето на ЛШ и финале во „Копа дел Реј“, а со Аргентина беше само трет…
ФИФА на гала вечерта која се оджа во Милано го одбра најдобриот тим за изминатата година. Еве како изгледа оваа екипа која може да ја има само на хартија, секако многу тешко да биде дел од некој тим. Тимот на 2019 година според ФИФА: ГОЛМАН: Алисон ОДБРАНА: Матијс Де Лихт ОДБРАНА: Марсело ОДБРАНА: Серхио Рамос ОДБРАНА: Вирџил Ван Дајк СРЕДЕН РЕД: Еден Азар СРЕДЕН РЕД: Лука Модриќ СРЕДЕН РЕД: Френки Де Јонг НАПАД: Кристијано Роналдо НАПАД: Лионел Меси НАПАД: Килиан Мбапе
Бразилецот Алисон Бекер кој е член на псвојувачот на Лигата на шампионите, Ливерпул е освојувач на наградата кај голманите која ја додели вечерва ФИФА. Алисон триумфираше во конкуренција на Марк-Андре Тер Штеген и Едерсон од Барселона и Манчестер Сити. Алисон направи едно мало шоу при прогласувањето затоа што го бараа да се појави на бината, но тој со мало задоцнување дојде да ја прими наградата за најдобар голман во изборот на ФИФА.
Германскиот фудбалски стручњак на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп водејќи го својот тим минатата сезона имаше фантастични успеси и заслужено е избран за тренер на годината во изборот на ФИФА. Клоп успеа да ја освои Лигата на шампионите откако во финалето го совлада Тотенхем, додека во Премиер лигата се бореше за титула до последното коло со тимот на Манчестер Сити. „Благодарност на сите луѓе што помогнаа за да ја добијам оваа награда, почнувајќи од семејството, па се до тимот. Никој не очекуваше дека ќе бидам тука толку скоро. Благодарност до Ливерпул, благодарност до сопствениците што ми овозможија да имам таков…
УЕФА размислува за реформи по првото издание на турнирот во Лигата на нации, кој дебитираше минатата година. Според одредени информации кои беа објавени, измените ќе бидат дискутирани утре на состанокот на Извршниот одбор на УЕФА во Љубљана (Словенија). Идејата е следната сезона во Лигата на нации, од есента 2020 година во Лигата „А“ – најдобрата од четирите лиги, да се зголеми бројот на екипи од 12 на 16. Ова би значело дека Светскиот шампион од 2014, Германија, која испадна во Лига „Б“, ќе го задржи елитниот статус, а во топ лигата ќе играат и Полска, актуелниот светски вице-шампион Хрватска и…
