Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа и новото засилување Еден Азар го убедуваат тренерот Зинедин Зидан и раководството на тимот за да го привлечат Н’Голо Канте на „Сантијаго Бернабеу“ во јануарскиот преоден рок, тврдат медиумите во Шпанија. Тие беа прилично убедливи дека овој скромен француски репрезентативец во моментот недостасува на нивната екипа. Тимот има проблеми во својот среден ред и според нив Канте би бил идеално решение за овој проблем. Но, бидејќи летниот трансфер период е веќе завршен, таков договор може да се случи дури јануари. Сепак, сè уште не е јасно дали Зизу и Флорентино Перез ќе ги слушаат…
Author: riste
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Едвин Ван дер Сар, објави дека планира да остане во Ајакс и нема да ја превземе улогата на технички директор во англискиот клуб Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ бараат човек за оваа позиција, а желба на раководството е добро да ја познава културата на клубот, но Холанѓанецот не е заинтересиран за понудата која ја добил моментот. „Ми се допаѓа да работам во Ајакс. Јас сум извршен директор таму и моја работа е да го вратам клубот на највисоко ниво во Европа. Минатата сезона бевме во можност да дојдеме до врвот и сега треба да го сториме…
Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари е подготвен да го направи своето деби во Серија А бидејќи е целосно опоравен од пневмонијата од која страдаше изминативе неколку недели. Тој ќе го води својот тим од клупата за време на натпреварот против Фиорентина. Искусниот тренер ги пропушти првите два натпревари на „Бјанконерите“ бидејќи мораше да се лекува и во негово отсуство средбите ги водеа неговите асистенти. Маурицио Сари се појави на официјалната прес-конференција во текот на вчерашниот ден, па тоа укажува дека тој сега е подготвен да ги преземе своите должности како тренер на Јувентус и да го води својот тим од…
Младата ѕвезда на ПСЖ Килијан Мбапе објави дека се враќа на тренинзите на својот тимот. Фудбалерот ја постави објавата на Твитер во која се наведува дека ќе се врати во полн тренежен процес во својот тим за неколку дена. Ова значи дека Французинот може да биде во составот на ПСЖ за дуелот во Лигата на шампионите следната недела. Пред само неколку недели, можно беше сите три супер ѕвезди на тимот да ја пропуштат средбата со Реал Мадрид која се игра на 18 септември. Нејмар е казнет на три натпревари, а Кавани исто така беше повреден, но се врати на тренинзите…
Светската фудбалска централа (ФИФА) ги објави деталите од летниот трансфер период, во кој се опфаќа периодот од 1 јуни до 2 септември. Направени се 8935 трансфери, што претставува зголемување од 4,8 проценти од 2018 година. Вкупната вредност на зделките е 5,79 милијарди американски долари, што е за 9 проценти повеќе во однос на претходната година. 4,38 милијарди американски долари потрошиле клубови од првите пет првенства во Европа, а 1,41 милијарди долари се потрошени од сите други првенства. Заедно со зимскиот трансфер период, кој традиционално прави помалку зделки, вкупната потрошена сума пари е 7,31 милијарди долари. Од петте водечки првенства -…
Реал Мадрид објави дека играчот од средниот ред Лука Модриќ се здобил со повреда на мускулот на десната нога. Сепак, клубот не прецизираше колку долго играчот ќе мора да се опоравува од повредата. Лука Модриќ одигра 90 минути во двата квалификациски натпревари во квалификациите за ЕП против Азербејџан и Словачка, но се врати во Мадрид со потрес на мозокот. Од почетокот на сезоната, многу фудбалери на Реал Мадрид претрпеа различни повреди, при што скоро сите беа со сличен карактер, односно проблеми со мускулот. Добра вест за Зинедин Зидан е дека Еден Азар и Хамес Родригез се здрави и продолжија со…
Сојузот на европските фудбалски асоцијации објави извештај за трошоците за трансфери на клубовите кои учествуваат на европските натпреварувања оваа сезона. Трошоците на 80 екипи од главните фази од Лигата на шампионите и Лигата на Европа во изминатиот летен трансфер период изнесуваа 3,98 милијарди евра, што е за 55% повеќе од минатото лето. Осум клубови од Лигата на шампионите и четири од Лигата на Европа ова лето потрошија повеќе од 50 милиони евра на нови играчи. 35% од сите трошоци биле за напаѓачи. Најпопуларните играчи на пазарот минатото лето беа фудбалери на возраст од 21 до 24 години – 47% од…
Закрепнувањето на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси по повредата на бутниот мускул оди побавно од очекуваното. Неговиот медицински персонал му забранил да игра со Валенсија на 15 септември, пренесува весникот „АС“. За разлика од Меси, Луис Суарез ќе може да настапи на оваа средба. Аргентинецот се повреди на 5 август и ги пропушти првите три кола од Шпанското првенство. Неговото учество во првото коло на групната фаза од Лигата на шампионите исто така е под знак прашање. Минатата сезона, Меси одигра 50 натпревари за Каталонците, постигнувајќи 51 погодок и 22 асистенции.
Вардар и Металург за првиот трофеј на домашна сцена ќе играат во нов термин, откако Ракометната федерација на Македонија одлучи наместо од 17:00 часот, скопските ривали да се играат во 20:30 часот. Местото и датумот на одигрувањето на дуелот меѓу победникот на Купот и шампионот не е променето, па така на 18 септември Спортската сала во Куманово ќе биде теренот каде ќе се сретнат шампионот и Куп победникот и ќе го добиеме новиот освојувач на Суперкупот на Македонија. Токму во оваа сала, минатата сезона младиот тим на Металург приреди големо изненадување и му нанесе неочекуван пораз на Вардар во финалето, со што го освои Куп-трофејот.
Хозе Каљехон го отфрлил предлогот на Наполи за нов договор. Веста ја откри агентот на играчот, според кој Шпанецот не бил задоволен од предложените услови. Каљехон е еден од најдобрите странски фудбалери во историјата на Наполи, откако беше привлечен за 10 милиони евра во 2013 година. Во овој период тој постигна 79 голови и додаде 70 асистенции, што беше основа за градење на силен тим во Неапол. Тековниот договор на 33-годишниот Каљехон истекува на крајот на сезоната. „Тие ни понудија дадоа почетна понуда, која, сепак не го задоволи играчот, ќе треба да седнеме и да разговараме “, изјави Мануел Гарсија…
