Author: riste

Големата ѕвезда на Реал Мадрид од ова лето, Еден Азар веќе е целосно опоравен од неговата повреда, јавуваат шпанските медиуми. Белгискиот играч од средниот ред го одработил целиот денешен тренинг приклучувајќи му се на својот тим. Очекувањата се дека своето деби на официјален натпревар во дресот на Реал Мадрид со број 7, Еден Азар ќе го има на 14 септември против Леванте на „Сантијаго Бернабеу“. Хамес Родригез и Браим Дијаз исто така се во целосен тренажен процес, а Зинедин Зидан остануваат само без услугите на Иско и Марко Асенсио.

Read More

Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски има тројца голмани на располагање во Израел за мечот кој го играме утре во Бер Шева, но и за натпреварот со летонија за неколку дена. Димитриевски, Илиев и Шишковски се кандидати за да го чуваат голот на нашата репрезентација, а кој ќе добие шанса останува да одлучи селекторот. Младиот голман Дени Илиев кој од Англија се пресели во СЛовачка , ветува борбеност во националниот дрес. „Дојдовме да се бориме и нема да се предадеме. Ни следи тежок дуел, но ќе дадеме максимум да ја израдуваме нацијата. Како и на секоја натпревар за нашата земја,…

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Игор Ангеловски е оптимист во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар против Израел во Бер Шева. Ангеловски е свесен дека Македонија ја очекува повеќе од тежок натпревар со противник кој е решен да ги освоие трите бода, но верува во своите избраници кои се подготвени за добар натпревар во Израел. Сепак селекторот Игор Ангеловски на прес-конференцијата во Бер Шева не го криеше и незадоволството од третманот на националниот тим во Израел. „Сакам да им се заблагодарам на Израелците за “гостопримството”. Ни овозможија да ги видиме убавините на земјата со долго патување. Ги уверувам дека ќе…

Read More

Според резултатите од минатата сезона, Баерн Минхен постави нов клупски рекорд според остварениот профит. Во сезоната 2018/19, прометот на минхенскиот клуб изнесуваше 750,5 милиони евра – рекордно високо ниво. Според весникот „Билд“, Баварците успеала да постигнат такви резултати благодарение на големите договори со спонзорите, продажба на ТВ права, како и од приходите на продажбата на влезници. Забележано е дека нето-добивката на Баерн Минхен изнесува 52,5 милиони евра. Во однос на претходната сезона, нето-порастот на добивката на тимот од Минхен изнесуваше 78%. Минатата сезона Баерн го освои првото место во Бундес-лигата, пред Боусија Дортмунд со два бода предност. Оваа сезона, екипата…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Емре Чан, озјави дека бил излажан од неговиот клуб, откако не бил ставен на списокот на играчи за Лигата на шампионите, заедно со Марио Манџукиќ и повредениот Џорџо Киелини. Се шпекулираше дека поранешниот играч на Ливерпул ќе го напушти Торино, откако новиот тренер Маурисио Сари изјавуваше дека нема да смета на Чан, но тој не го стори тоа. „Јас сум шокиран! Не добив објаснување за тоа што се случи. „Разочаран сум и лут“, рече Чан за „Билд“. „Ќе ги направам потребните чекори и ќе разговарам со клубот откако ќе се вратам од натпреварите на…

Read More

Во Португалија се одржа церемонијата за доделување награда за најдобар фудбалер на земјата. По рекорден 10-ти пат оваа титула му беше доделена на Кристијано Роналдо. Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо во финалниот избор беше подобар од напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс и играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва . Минатата сезона 34-годишниот Роналдо го освои италијанскиот шампионат со Јувентус. Заедно со репрезентацијата на Португалија, играчот го освои главниот трофеј во Лигата на нации. Претходно, Кристијано Роналдо, заедно со напаѓачот на Барселона, Лионел Меси и дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, влегоа во списокот на кандидати за…

Read More

Македонските фудбалски репрезентативци замина за Израел каде треба да го одиграат следниот натпревар со кој го продолжуваат настапот во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година. Нашите најдобри фудбалери отпатува за Беер Шева, каде го играат петтиот натпревар од евроквалификациите. Натпреварот со Израел ќе биде прв дуел од двата гостинските во овој септемвриски прозорец на УЕФА, затоа што веднаш по овој натпревар следи гостување кај Летонија. Селекторот Игор Ангеловски, стручниот штаб и фудбалерите заминаа за Беер Шева со чартер лет, а првиот тренинг е закажан попладне од 18:00 часот. Во Израел треба да се приклучат уште неколку фудбалери, меѓу нив капитенот…

Read More

Раководството на Палмеирас го разреши тренерот на тимот Луис Фелипе Сколари поради незадоволителните резултати. Екипата од Сао Паоло не успеа да победи на ниту еден натпревар од Бразилскиот шампионат во последните седум кола, а беше елиминиран од Гремио минатата недела во четвртфиналето на Копа Либертадорес. 70-годишниот тренер го водеше тимот трет пат во својата кариера, освојувајќи ја националната титула минатата сезона. Сколари беше предводник на репрезентацијата на Бразил при освојувањето на светската титула во 2002 година. Тој беше селектор на Бразил и на Мундијалот во 2014 година, на кој Јужноамериканците беа домаќини и стигнаа до полуфиналето, каде претрпеа понижувачки пораз…

Read More

Шпанскиот тим Валенсија, ја засили својата одбрана со десниот бек Тиери Кореја од Спортинг Лисабон со трансфер од 12 милиони евра, што може да достигне до 15 милиони евра со дополнителните бонуси. Договорот за 20-годишниот репрезентативец на Португалија е направен меѓу двата клуба и ќе биде финализиран откако играчот ќе ги помине лекарски преглед. Тиери Кореја е дел од младинската школа на Спортинг и забележа пет настапи за тимот на Спортинг Лисабон од почетокот на сезоната.

Read More

Клубовите од германската фудбалска елита потрошија рекордни 705 милиони евра за нови засилувања во овој летен преоден рок, кој се затвори синоќа. Износот не вклучува плаќања за фудбалери, како и дополнителни исплати од бонуси предвидени во договорите на играчот. 18 екипи од Првата Бундес лига купиле вкупно 159 играчи и ангажирале уште 27, вклучително и Филипе Кутињо од Барселона во Баерн (Минхен) со позајмица од 8,5 милиони евра, при што на крајот Баварците имаат опција за откуп по завршувањето на сезоната. Во меѓувреме, германските елитни клубови продадоа играчи во вредност од вкупно 657 милиони евра ова лето. Борусија (Дортмунд) потроши…

Read More