Дефанзивецот на Јувентус, Матијас Де Шилио ќе биде на надвор од теренот најмалку 10 дена. Десниот бек заработи повреда на мускулот за време на натпреварот со Наполи (4:3) и мораше принудно да го напушти теренот. „За околу десетина дена ќе му направиме нови тестови за да можеме попрецизно да го процениме времето кое е потребно за целосно закрепнување и враќање во игра“, објавија од клубот. Де Шилио ќе ги пропушти натпреварите на италијанската репрезентација против Ерменија и Финска. Најверојатно тој нема да игра на следниот натпревар на „Бјанконерите“ со Фиорентина на 15 септември.
Author: riste
На самиот крај на преодниот рок се случи она што се најавуваше во текот на последниот ден за реализација на трансфери. ПСЖ сепак се одлучи да го ангажира Мауро Икарди од Интер, а Аргентинецот доаѓа во Париз за да биде уште една опција во нападот заедно со Нејмар, Килијан Мбапе, Едисон Кавани, Чупо Мотинг и Анхел Ди Марија. Интер му го продолжи договорот на Аргентинецот, за потоа да го испрати на позајмица со право за откуп за 65 милиони евра. Икарди беше вишок во Интер,новиот тренер Антонио Конте, и директорот Марота не го сакаа во својот тим, по несогласувањата и одземањето на на…
Матео Гендузи го замени Пол Погба во составот на Франција за настап во квалификациите за Еуро 2020 против Албанија и Андора. Играчот од средниот ред на Арсенал (кој има 20 години) има пристоен почеток на сезоната, започнувајќи ги сите четири натпревари на „топџиите“ во Премиер лигата. Тој беше заслужен за еден од головите на мечот со големиот ривал Тотенхем кој заврши нерешено 2:2. Ова е прв пат Гендузи да биде повикан за настап на најдобрата селекција на Франција за настап на меѓународно ниво. Тој патува на местото на Пол Погба, кој и покрај тоа што одигра 90 минути на мечот…
Учесникот во Лигата на шампионите оваа година, италијанскиот тим Аталанта го привлече дефанзивецот Симон Кјаер. 30-годишниот Дански фудбалер доаѓа од Севиља со позајмица од една сезона, без опција да го купат неговите права следното лето. Кјаер ќе го замени поранешниот словачки репрезентативец Мартин Шкртел, кој го раскина својот договор вчера за помалку од еден месец во клубот од Бергамо. Симон Кјаер има искуство во италијанската Серија А, каде претходно играше за Палермо и Рома.
Бидејќи Анте Ребиќ ги помина лекарските прегледи пред неговиот трансфер во Милан, најверојатно клубот од Милано ќе го затвори овој трансфер период токму со овој трансфер. Милан беше во потрага по уште едне напаѓач и тоа Тајсон од Шахтјор (Донецк). Италијанците понудија 20 милиони евра за Бразилецот, но неговиот клуб побарал 50% повеќе – 30 милиони евра, пренесува „Газета дело Спорт“. Росонерите проценија дека не вреди да се даде толку многу пари за играч кој ќе наполни 32 години следната зима. Тајсон преговараше со Рома, каде сега работи неговиот поранешен тренер Пауло Фонсека. Сепак, се чини дека јужноамериканецот нема да…
Играчот од средниот ред на Барселона, Рафиња Алкантара ќе игра со позајмица во Селта Виго, јавуваат шпанските медиуми. До крајот на денот договорот мора да биде официјално објавен. Пред да стане факт оваа позајмица, Бразилецот ќе го продолжи договорот со каталонскиот клуб. На „Камп Ноу“ прават притисок за овој чекор, бидејќи неговиот тековен договор истекува за помалку од 12 месеци. Во Барселона не сакаат да ја повторат истата грешка како со Мунир Ел Хадади, кој беше продаден за само еден милион евра во јануари. Рафиња има настапувано за екипата на Селта и тоа во времето кога оваа екипа беше предводена…
Шпанскиот тим Бетис покажува интерес за шпанскиот напаѓач од ПСЖ, Хесе Родригез , тврди „Франс Фудбал“. Според истиот извор, шпанскиот клуб сака да договори позајмица за фудбалерот пред да се затвори летниот преоден рок, кој ќе заврши на 2 септември. Бетис исто така е заинтересиран за позајмица на играчот од средниот ред на ПСЖ, аргентинецот Леандро Паредес. Хесе се пресели во ПСЖ од Реал Мадрид летото 2016 година. Сумата на трансферот беше 25 милиони евра. Минатата година 26-годишниот напаѓач веќе играше за Бетис на позајмица, имаше 14 натпревари во Ла Лига и постигна 2 гола. Оваа сезона тој одигра 1…
Италијанскиот тим Рома ќе направи измени во својот напад до крајот на летниот преоден рок, јавува „Газета Дело Спорт“. Чехот Патрик Шик ќе се пресели со позајмица до крајот на сезоната во РБ Лајпциг, а негова замена ќе биде хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ од Атлетико Мадрид. 23-годишниот Шик веќе ги договорил личните услови и ќе добие плата од 2,8 милиони евра во клубот од Бундес лигата, кој ќе плати 5 милиони евра на Римјаните за периодот на позајмицата. Никола Калиниќ немаше шанса да игра во стартниот состав на Атлетико Мадрид по доаѓањето на Мората, Диего Коста и Жоао Феликс во…
Поранешниот репрезентативец на Словачка, Мартин Шкртел, го напушти италијанскиот прволигаш Аталанта по помалку од еден месец поминати во клубот, соопшти „Газета Дело Спорт“. 34-годишниот централен дефанзивец му се приклучи на тимот од Бергамо на почетокот на август со бесплатен трансфер од турскиот Фенербахче. Причините за раскинување на договорот на Шкртел не беа откриени, но според локалниот печат, тој имал здравствени проблеми и се нашол во судир со тренерот Џан Паоло Гасперини заради долгиот период на адаптација. Словачкиот интернационалец во кариерата има настапувано за Тренчин, Зенит Санкт Петербург и Ливерпул, но не одигра ниту еден натпревар за време на неговиот предстој…
Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин го коментираше драматичниот триумф на неговиот тим со 4:3 над Наполи во дербито од второто коло во Серија А. Искусниот голгетер кој постигна еден гол на оваа средба објасни како станал главен играч за италијанскиот шампион за само неколку недели. „Тие постигнаа два брзи гола, кои не требаше да ги дозволиме. Ние изгубивме контрола над играта. Тие го изедначија резултатот, но сепак победивме. Ова е многу важен успех. Имаме уште многу за да ја подобриме играта на целиот тим”, започна напаѓачот на Јувентус. „Дојдов тука со мотивација да останам. Го сакам овој дрес, овој клуб…
