Author: riste

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија која се подготвува за дебитантскиот настап на ЕП во месец септември ќе учествува на традиционалниот меѓународниот меморијален турнир „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“, кој се одржува по 43-ти пат, а за првпат во својата историја ќе се одржи во Скопје, поточно во салата во Градски парк на 30 и 31 август. Нашите одбојкари ќе ја пречекаат Украина во првиот термин од 17.30 часот, додека во второто полуфинале кое е предвидено за 20:15 часот, Бугарија ќе игра со Белгија. Ден подоцна, односно на 31 август (сабота) мечот за третото место ќе се игра во 17.30 часот,…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, пристигна во Милано каде веднаш замина на лекарски преглед пред да се потпише договор со Интер. Ова беше објавено од веб-страницата на италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио. Претходно во медиумите беше објавено дека по поминување на лекарски преглед, ќе бидат изнесени последните детали за трансферот на 30-годишен играч. Се очекува Интер да плати околу 4,5 милиони евра за позајмицата на Санчез до крајот на сезоната 2019/20 со право на откуп за 15 милиони евра. Алексис се пресели во Манчестер Јунајтед на почетокот на 2018 година од Арсенал. Претходно, 30-годишниот напаѓач играше за Барселона, Ривер…

Read More

Добра вест за навивачите на Реал Мадрид објавија медиумите во Мадрид. Повредата на Хамес Родригез е помала од првичните информации кои беа објавени. Според првичните податоци, Колумбиецот требаше да биде надвор од игра 2-3 недели. Сепак, сега е јасно дека Родригез ќе го нема на теренот само осум дена. Поради повредата, офанзивниот играч изрази желба да не се приклучи на селекцијата на Колумбија во претстојните натпревари со Венецуела и Бразил, со цел да се опорави од повредата и да може побргу да се врати во составот на Реал Мадрид.

Read More

Рома конечно најде нов дефанзивец. Откако се споменуваа имињата на Даниеле Ругани од Јувентус и Дејан Ловрен од Ливерпул, „Волчицата“ на крајот ќе го привлечат дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг, пренесува „Sky Sports“. Договорот ќе биде за едногодишна позајмица без опција за откуп. Римјаните ќе му платат на Манчетсер Јунајтед за трансферот износ од 3 милиони евра. Сите детали меѓу двете страни се прецизирани и играчот ја дал својата согласност. Минатата сезона, Смолинг беше солиден првотимец во „црвените ѓаволи“, но откако Хари Мегуаер дојде на „Олд Трафорд“, англискиот репрезентативец требаше да или да биде резерва или да бара нов…

Read More

Рома е во интензивни разговори со украинскиот гигант Шахтјор (Донецк) за привлекување на бразилскиот репрезентативец Тајсон, а веста ја објави агентот на играчот. 31-годишниот фудбалер е можеби најважната фигура во составот на Шахтјор, но би можел да го смени клубот во наредните денови. „Има голем интерес од Рома за Тајсон. Самиот факт дека Пауло Фонсека е предводник на клубот навистина многу помага. Има разговори помеѓу двата клуба, но сè уште не е решено. Остануваат уште неколку дена до крајот на трансфер периодот”. објави медиумите во Украина и Италија. Оваа година, 31-годишниот Тајсон има пет натпревари за Шахтјор во кои постигна…

Read More

Турскиот гигант Фенербахче официјално потпиша за 1+1 година со францускиот репрезентативец Адил Рами, а веста беше објавена на веб-страницата на Фенербахче. 33-годишниот централен дефанзивец беше избркан од Олимпик Марсеј. Тој неодамна стана познат по својата врска со познатата Памела Андерсон. Сепак, на крајот, нивната романса заврши со насилен скандал, а секс бомбата од 90-те години на минатиот век го обвини фудбалерот дека систематски ја злоупотребувал и ја подложувал на големо насилство. На крајот, токму тоа го блокираше трансферот во САД, откако Рами имаше голема шанса да се пресели во клуб од МЛС лигата. Во текот на својата кариера има играно…

Read More

Трансферната сага со поранешниот капитен на Интер, Икарди, продолжува со зголемен интензитет. По синоќешниот триумф од 4:0 на Интер над Лече во Серија А од првото коло, генералниот директор на клубот, Џузепе Марота ја критикуваше сопругата и агентот на напаѓачот Ванда Нара. Таа рече дека аргентинскиот голгетер одбил фантастични понуди затоа што сака да продолжи да го носи дресот на Интер. „Нејзините зборови не вознемирија многу. Нашиот план е јасен и Икарди ја знае нашата позиција. Ние продолжуваме да ги следиме нашите идеи и нема да ги менуваме”, рече Марота. Името на Икарди е поврзано со еден куп клубови, вклучувајќи…

Read More

Играчот на Реал Мадрид, Хамес Родригез се најде на списокот на желби на Милан. Според „Кориере дело Спорт“, италијанскиот клуб ќе им испрати трансфер понуда на Шпанците доколку се прекинат нивните преговори за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа. Директорот на Милан Звонимир Бобан моментно е во Шпанија и очекува успешно да заврши еден од преговорите. Да се потсетиме дека Наполи и Атлетико Мадрид се заинтересирани за услугите на Хамес Родригез, сепак, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека ќе смета на фудбалер во новата сезона . Родригез се пресели во Реал Мадрид од Монако летото…

Read More

Голгетерот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе ги пропушти натпреварите за својот тим во наредниот месец поради повредата од вчерашниот натпревар против Тулуз во Лига 1, информира везникот „Ле Паризиен“. Според објавената информација од направените тестови утрово покажале повреда на мускулите во левиот бут, за што ќе бидат потребни 3-4 недели за да се опорави. Така, Мбапе е исто така нема да биде во составот на Франција за претстојните две европски квалификации против Албанија (7 септември) и Андора (10 септември) и првиот натпревар на ПСЖ во групите од Лигата на шампионите. Сепак, сè уште нема официјални информации од клубот за Абду…

Read More

Отсуството на Кристијан Ериксен не е причина за поразот од 0:1 на Тотенхем од Њукасл во англиски фудбалски шампионат, изјави менаџерот Маурисио Почетино. Тој го остави данскиот фудбалер на клупата и го пушти во игра во 62-та минута. Медиумите во Англија веруваат дека Ериксен не игра поради претстојниот трансфер во Реал Мадрид или друг водечки европски клуб. „Кога губите, отсутните се секогаш најдобри играчи. Јас и Кристијан победивме и загубивме многу натпревари. Ако победевме со 3:0, никој не би споменувал различни имиња”, рече Почетино. „Не можам да го оправдам резултатот против Њукасл со фактот дека трансфер периодот продолжува да биде…

Read More