Author: riste

Напаѓачот на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чемберлен, потпиша нов долгорочен договор со клубот, соопштија денес од „црвените“. Рокот на договорот не е прецизиран, но според англиските медиуми е до летото 2023 година. Окслејд-Чембрлен ја надмина сериозната повреда поради која отсуствуваше скоро една година за да се вратат и да одигра 2 натпревари за тимот на крајот на минатата сезона. „Јас сум навистина возбуден. Разговаравме веќе некое време и убаво е што конечно сè е успешно завршено и ќе продолжам да бидам дел од Ливерпул долго време, што јас силно го посакував“, рече Чемберлен. „Се надевам дека можам повторно да направам посебни работи…

Read More

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери потврди дека клубот се обидува да го продаде дефанзивецот Шкодран Мустафи и играчот од средниот ред, Мохамед Елнени. Двајцата играчи дојдоа во Арсенал во 2016 година. „Тие се одлични фудбалери, но се случува двајцата да не добиваат доволно време за играње, па затоа ќе бидат несреќни доколку останат овде. Неколку пати разговарав со нив за ова. Тие знаат дека е подобро за нив да заминат и да одат во екипи каде што ќе им бидат дадени лидерски улоги. Тие се одлични играчи, но од една или друга причина, ќе имаат помала можност за да го…

Read More

Иако е љубинец на навивачите, Кејлор Навас сепак ќе го напушти Реал Мадрид. Разделбата беше одложувана веќе подолг период, но овој пат кралскиот клуб ја прифати понудата од Париз Сен Жермен, објави „Марка“. Во изданието не е наведена одредена сума, но трансферот би можел да биде дел од договорот со Нејмар доколку Бразилецот се одлучи да се пресели во Реал Мадрид. Навас може да пристигне денес во Париз. Тој самиот изрази желба да ја промени средината затоа што не сака да биде резерва на Тибо Куртоа. ПСЖ веќе долго време бара квалитетен чувар за да се натпреварува со Алфонс Ареола.…

Read More

Засилувањето на одбраната на Рома по заминувањето на Костас Манолас останува приоритет за клупското раководство. Од Рома сакаат да го привлечат Даниеле Ругани од Јувентус, но најновите информации се дека разговорите за договор се неуспешни. Причината е што од Јувентус првично побараа 30 милиони евра, но потоа ги сменија условите, барајќи 24 милиони евра плус правата на младите Алесио Рикарди и Жан Челар. Сепак, Рома го проценуваат дуото на 14 милиони, со што конечната сума изнесува 40 милиони – премногу според Рома. Самиот Рикарди објави пост на социјалните мрежи во кои стави до знаење дека не сака да ја напушта…

Read More

Иднината на Никола Калиниќ на „Ванда Митрополитано“ е неизвесна, а Хрватскиот напаѓач во редовите на Атлетико Мадрид има јасен сигнал дека ќе биде во сенка на Алваро Мората, Диего Коста и Жоао Феликс, па затоа реши да побара нов тим. Италијанскиот тим Рома е најмногу заинтересиран за него. Иако Един Џеко потпиша нов договор, на „Волчицата“ и треба засилување во нападот бидејќи Дефре е близу до преселба во Сампдорија, а два клуба од Бундеслигата се борат за Патрик Шик – РБ Лајпциг и Шалке 04. Тренерот на Рома, Пауло Фонсека веќе даде зелено светло за привлекување на Никола Калиниќ. Понудата…

Read More

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, нема да ја води својата екипа од клупата за време на претстојните два натпревари на Јувентус против Парма и Наполи, бидејќи му е дијагностицирана пневмонија и му треба малку повеќе време за да се лекува. Сепак, официјалната страница на тимот ги увери навивачите дека неговата состојба се подобрува и сè е под контрола. „Денес, нашиот тренер Маурицио Сари помина низ дополнителни истражувања кои покажаа дека тој е во подобра состојба, но за да се опорави целосно од болеста, тој треба да мирува и нема да го предводи тимот на натпреварите против Парма и Наполи“, објавија…

Read More

Фелипе Кутињо го имаше првото интервју за клупската телевизија на Баерн Минхен, зборуваше за неговиот потег да дојде на „Алијанц Арената“, како и за неговите очекувања и голови во дресот на Баварците. Бразилецот се пресели од Барселона во Минхен со позајмица до крајот на сезоната 2019/2020, а договорот меѓу двата тима вклучува и клаузула од 120 милиони евра преку која германските шампион може трајно да го откупат. „Да се ​​биде овде е чест за мене. Баерн е огромен клуб со прекрасна историја, а самата идеја дека тие беа заинтересирани за мене, одигра голема улога во доаѓањето. Среќен сум што сум…

Read More

Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ нема да го напушти клубот до затворањето на летниот преоден рок, вели весникот „Марка“. Оваа недела Јувентус се обиде да го добие 31-годишниот Хрват, но раководството на Барселона ја одби понудата. Претходно ова лето, Манчестер Јунајтед и ПСЖ исто така се обидоа да дојдат до овој фудбакер. Ракитиќ не е заинтересиран за промена на клубот. Играчот од средниот ред има намера да го одработи договорот со Барселона, кој е со важност до 30 јуни 2021 година. Иван ракитиќ игра за каталонскиот тим од 2014 година. Минатата сезона тој постигна 5 голови и…

Read More

Ливерпул ја објави својата намера да излезе со нов план за проширување на капацитетот на „Енфилд“. Раководството на клубот веќе го презентираше проектот за зголемување на капацитетот на стадионот. Сепак, овој план дозволи само зголемување за четири илјади места. Ливерпул до крајот на следниот месец требаше да го достави последниот нацрт за ова. Сепак, клубот најде начин за дополнително зголемување на сегашниот капацитет, кој изнесува 54.074 места. Идејата е „Енфилд“ да биде објект за повеќе од 60,000 гледачи. Точно таков е новиот проект на кој ќе се концентрираат сопствениците на Ливерпул. Раководството на клубот веќе издвои 110 милиони фунти за…

Read More

На натпреварот против Бетис во недела, дефанзивецот Жерард Пике ќе го одигра својот официјален натпревар број 500 во дресот на Барселона, соопшти клубот. Така, тој ќе стане само осмиот играч со ова достигнување по Чави Ернандез (767 натпревари), Лионел Меси (697), Андрес Иниеста (674), Карлес Пујол (593), Мигел Бернардо (549), Виктор Валдез (535) и Серхио Бускетс (528). Овој фудбалер го направи своето деби за првиот состав на Барселона под водство на Пеп Гвардиола на 13.08.2008 година, кога се појави во 75-та минута на местото на Даниел Алвеш при гостувањето кај Висла Краков (4:0 за Барселона) од квалификациите за Лигата на…

Read More