Author: riste

Денес беа одиграни натпреварите од првото коло на фудбалскиот Куп на Македонија, а фаворитите во главном си ја завршија својата работа и се пласираа во следната рунда. Шкендија, Шкупи, Работнички, Силекс и Струга ТЛ забележаа убедливи победи, а Ренова се провлече на пенали кај Кожув и се пласираше во второто коло. Еве ги постигнатите резултати: Фудбал, Куп на Македонија 1.коло Охрид – Беласица 1:1 (5:4 на пенали) Фортуна – Силекс  0:4 Кожув – Ренова      3:3 (5:6 на пенали) Кравари – Лабуништа      1:4 Локомотива – Струга ТЛ 1:5 Велазерими – Работнички         0:4 Превалец – Борец            0:4 Осогово – Победа 1:0 Гостивар…

Read More

Денеска се играат најголемиот дел од натпреварите во 1.коло на фудбалскиот Куп на Македонија. Досега се одиграни 3 натпревари во кои Брегалница Штип, Пелистер и Тиквеш обезбедија пласман во 2.коло, а кој ќе им се приклучи на овие екипи ќе дознаеме попладне кога ќе се одиграат 10 натпрвари, а најинтересно ќе биде на натпреварите во Гостивар каде играат Гостивар и Шкендија, односно во тетово, каде Тетекс го пречекува Шкупи. Ништо по неинтересни нема да бидат и средбите меѓу Осогово и Победа, однсоно Велазерими и Работнички. Фудбал, Куп на Македонија 1.коло Денеска од 17 часот Охрид – Беласица Фортуна – Силекс…

Read More

Ветеранот Франк Рибери е многу блиску до трансфер во Фиорентина. Французинот ќе пристигне на „Артемио Франки“ како слободен играч откако му истече договорот со Баерн Минхен кој не беше обновен. Фиорентина му понуди двегодишен договор и плата од 4,5 милиони евра по сезона. Сепак, самиот фудбалер побарал уште еден услов пред да го потпише својот договор со Фиорентина. Тој инсистира на тоа дека неговиот личен физиотерапевт, Џовани Бјанки, исто така да пристигнува во клубот за да се грижи за неговата физичка состојба. Речиси сигурно дека Фиорентина нема да прави проблем и ќе го прифати ова барање на 36-годишниот фудбалер. Трансферот…

Read More

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги не е среќен со составот кој што го има на почетокот на сезоната во Серија А. Лацио гостува кај Сампдорија в недела, но нема да може да сметаат на неколку клучни играчи за овој натпревар. Првиот проблем е одбраната. Новодојдениот Мануел Лаѕари има скршена рака и испаѓа од комбинација за гостувањето во Џенова. Инзаги нема намера да ризикува со уште едно ново засилување, Денис Вавро. Причината е што Словакот досега не играше многу и сè уште не може да се навикне на системот кој го игра Лацио. Затоа, тој ќе биде во комбинација подоцна откако…

Read More

Десниот бек на Челзи, Давид Запакоста, слета во Рим за да ги помине медицинските прегледи во Рома и да го комплетира неговиот трансфер на „Олимико“, каде ќе игра на позајмица до крајот на новата сезона во Серија „А”. Двете екипи веќе си подадоа рака и Италијанецот ќе игра повторно во неговата родна земја. „Толку ми недостасуваше Италија. Среќен сум што повторно сум дома“, им рече Запакоста на новинарите на аеродромот во Рим. Тој дојде на „Стемфорд Бриџ“ за 23 милиони фунти во 2017 година од редовите на Торино, но не успеа да се наметне во стартниот состав на Челзи и…

Read More

Соиграчите на Пол Погба од Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд и Хари Мегуаер застанаа во одбрана на својот соиграч, кој беше навредуван од страна на навивачите преку социјалната мрежа „Твитер“, бидејќи промаши пенал на последниот натпревар против Вулверхемптон (1:1). „Веќе, мора да се престане. Манчестер Јунајтед е семејство. Пол Погба е огромен дел од ова семејство. Напаѓајќи го него, не напаѓате сите нас“, напиша Рашфорд на „Твитер“. „Одвратно е. Од социјалните мрежи треба да направат нешто околу тоа. Секој профил мора да биде регистриран со лична карта или возачка дозвола. Престанете со оние жални тролови кои се објавуваат од лажни профили…

Read More

Напаѓачот Ирвинг Лозано е веќе Италија. Мексиканецот синоќа слета во Рим и ќе треба денес да ги помине лекарските прегледи пред да потпише договор со неговиот нов клуб Наполи. Од Наполи конечно се договорија со ПСВ Ајндховен за трансферот на Лозано. Наполи ќе платат 38 милиони евра плус бонуси за правата на 24-годишниот напаѓач. Лозано има 40 гола на 79 натпревари за екипата на ПСВ и ја освои титулата во Холандија во сезоната 2017-18. Тој исто така има 9 голови за репрезентацијата на Мексико. Главната позиција што ја игра Лозано е на левото крило, но тој може да дејствува успешно…

Read More

Претседателот на Олимпик Лион, Жан-Мишел Олас, јасно стави до знаење дека клубот нема намера да го продаде напаѓачот Муса Дембеле ова лето. Во последните денови се појавија гласини дека Јувентус има интерес за Французинот. Сепак, првиот човек на Лион е јасен со својот став дека таков трансфер нема да се случи затоа што Дембеле е симбол на проектот што клубот се обидува да го изгради. „Олимпик Лион не е заинтересиран за никакви понуди за Дембеле. Тој е еден од симболите на нашиот нов проект. Не ме интересира Манчестер Јунајтед, ниту Јувентус. Станува збор за принципи“, напиша Олас на „Твитер“.

Read More

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид Брахим Дијаз нема да игра некое време за својата екипа, објавија денес од клубот, кој има значително растечки список на повредени играчи. Реал Мадрид објави дека по извршени тестови во текот не денот откриле повреда на бутниот мускул кај играчот. Сепак, клубот не го прецизираше точното време за враќање на играчот од средниот ред. Поранешниот играч на Манчестер Сити исто така беше повреден за време на летните подготовки, а моментално надвор од составот се Еден Азар, Марко Асенсио, Родриго и Ферлан Менди.

Read More

Рома го продолжи договорот на аргентинскиот дефанзивец Федерико Фацио до летото 2021 година. 32-годишниот централен дефанзивец ги брани боите на римскиот клуб во текот на изминатите три сезони, одигрувајќи 135 натпревари во кои постигна 11 гола и 3 асистенции. Во својата кариера во Европа играше за шпанска Севиља и англиски Тотенхем. „Ова е мое второ продолжување на договорот со клубот и јас сум многу задоволен. Од првиот ден овде чувствувам дека клубот верува во мене. Сакам да останам долго време”, рече Фацио по продолжување на соработката со Рома.

Read More