Македонскиот ракометен репрезентативен бек Филип Талески пред самиот старт на сезоната во Бундеслигата се реши да го промени и дресот на Рајн Некар Левен и да се пресели во Балинген. Поранешниот германски шампион преку социјалните мрежи му се заблагодари на Талески за соработката, а неговиот нов клуб официјално го претстави Талески кој ја имаше и првата изјава. „Се решив за нов предизвик и за Балинген затоа што тука гледам шанса да игра. Со нетрпение го чекам тој момент. Пред да се решам каде ќе ја продолжам кариерата разговарав со Владан Липовина и од него слушнав само позитивни зборови за тимот,…
Author: riste
Првиот натпревар од сезоната Лионел Меси ќе го игра в недела против Бетис, тврдат медиумите во Шпанија. Аргентинскиот напаѓач е веќе здрав и ќе биде во составот на Барселона, од кој сепак ќе отсуствуваат Луис Суарез и Осман Дембеле. Меси го пропушти првиот натпревар на Барса во сезоната против Атлетик Билбао, кој го загубија Каталонците со 0:1 како гости. Луис Суарез се повреди во потколеницата и нема да игра против Бетис, додека Осман Дембеле ќе биде надвор од комбинација пет недели поради истегнување на мускулот.
Филипе Кутињо го имаше својот прв тренинг со тимот на Баерн Минхен. На настанот присуствуваа над 1.600 навивачи на германскиот шампион. 27-годишниот Бразилец тренираше со Микаел Кјусанс, кој исто така е нов засилување на Баварците. Двајцата се очекува да го направат официјалното деби за „црвените“ во текот на викендот против Шалке 04. Во понеделникот Кутињо се пресели од Барселона во Баерн, откако го предводеше Бразил до триумф на турнирот во Копа Америка во текот на ова лето. Иван Перишиќ, кој беше ангажиран од Интер во баварскиот клуб, би можел да го направи своето деби исто така во второто коло од…
Емре Чан може да се врати во клубот каде што ја започна кариерата – Баерн Минхен. Играчот од средниот ред на Јувентус нема да добива голема шанса да игра за Јувентус оваа сезона, бидејќи „Бјанконерите“ имаат неколку играчи пред него во изборот за првиот тим. Италијанскиот шампион не успеа да ги продаде Сами Кедира и Блес Матуиди, а Германецот импресионираше за време на подготовките и Сари ќе смета на него. Баерн и Париз Сен Жермен го побараа Чан, а Маурисио Сари е подготвен да се раздели со него. 25-годишниот играч се дојде на стадионот „Алијанц“ минатото лето како слободен играч…
Новото засилување на Баерн (Минхен), Филипе Кутињо, пристигна во градот и подоцна ќе му биде извршен лекарски преглед. Играчот од средниот ред доаѓа од Барселона со позајмица за една сезона со опција за купување. Според весникот „Билд“, германскиот клуб ќе плати 8,5 милиони евра за самиот трансфер, вклучувајќи ја и платата на играчот од 13 милиони евра. Клаузулата за откуп е 120 милиони евра. На „Алијанц Арена“ тој ќе го носи дресот со број 10. Кутињо станува седмиот нов играч на Баерн ова лето. Пред него, Баварците ги купија Лука Ернандез, Бенџамин Павар и младите Јан-Фијте Арп, Лијам Морисон и…
Напаѓачот на Валенсија, Родриго Морено, нема да се пресели во Атлетико (Мадрид), пренесува весникот „Марка“. Клубот од шпанската престолнина беше подготвен да плати 60 милиони евра за Морено, но во последен момент договорот не успеа. “Ние бевме подготвени дека Родриго Морено ќе го напушти клубот. Трансферот требаше д асе реализира. Клубот ме извести за тоа на 13 август. Морено исто така им кажа на сите дека оди во Атлетико, но сега договорот е откажан”, рече тренерот на Валенсија, Марселино по синоќешниот нерешен резултат 1:1 против Реал Сосиедад. Фудбалерот не тренираше цела недела, бидејќи индиректно беше вклучен во преговорите, исто така,…
Новиот играч од средниот ред на Јувентус, Арон Рамзи ги одигра првите минути за „Бјанконерите“ во побредата со 1:0 над Триестина во последната контрола пред почетокот на сезоната во Серија А. Играчот од средниот ред изјави дека е многу горд што го носи дресот на Јувентус. „Се чувствувам добро. Направив многу добро закрепнување по повредата. Можам да останам здрав и да му помогнам на тимот. Горд сум што го носам дресот на Јувентус и одиграв неколку минути против Триестина”, изјави играчот од средниот ред. “Се подготвивме добро. Имаме нов тренер кој ни ги дава своите идеи. Ние се прилагодуваме на…
Денес е завршницата на СП во ракомет за играчи до 19 години што се одржува во Скопје. Последните натпревари ќе ја направат распределбатана медали и ќе ни го дадат новиот светски ракометен владетел во оваа конкуренција. Репрезентациите на Германија и Египет ќе се сретнат во големото финале и ќе играат за светското злато, додека во борба за бронзата се среќаваат Португалија и Данска. Натпреварите се играат во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 15.30 часот (за 3 место) и големото финале од 18 часот. Влезот за гледачите е слободен па оние кои сакаат да ги видат на дело новите светски…
Денес ќе бидат одиграни четири натпревари од 2.коло во ПМФЛ, а секако најголемо внимание привлекуваат натпреварите во Велес и Кратово. Оној првиот е интересен поради тоа што по многугодишна пауза во Велес повторно ќе се игра прволигашки фудбал, а гостува не било кој , туку Вардар, најтрофејниот клуб во Македонија. Се очекува трибините на Градскиот стадион во Велес да бидат исполнети до последно место, а тоа што двете екипи во првото коло беа поразени е само дополнителен мотив да одат на три бода од оваа средба. По стартниот пораз во Струмица кај Академија пандев, актуелниот шампион Шкендија оди на поправен…
Двоецот на Арсенал, Сеад Колашинац и Месут Озил, се вратија на тренинг за прв пат по нападот од страна на една банда. Двајцата имаа тренинг сесија со лондонскиот тим и дефинитивно покажаа добро расположение. Потсетуваме дека тие неодамна беа нападнати од бандити кој носеле нож, а потоа добија голем број смртни закани, како резултат на тоа не играа против Њукасл во првото коло од безбедносни причини. Од клубот им беше доделено постојано обезбедување. Иако двајцата во моментов тренираат со екипата, сè уште е јасно кога ќе играат за својата екипа. За Озил е јасно дека тој не бил надвор од…
