Кадетската ракометна репрезентација на Македонија загуби во 1/8 финалето на СП во ракомет што се одржува во Скопје. Нашите млади ракометари одиграа уште еден добар натпревар , но на крајот загубија од Португалија со 29:25. Натпреварот почна со изедначена игра и резултатот беше во полза на нашата селекција која имаше на неколку пати предност од еден гол, за да во финишот од првиот дел Португалија го скрши отпорот на Македонија и отиде на одмор со предност од 15:12. Македонија играше добро и во второто полувреме и имаше негатива од 2-3 гола разлика, за да успее на 7 минути пред крајот…
Author: riste
Раководството на ПСЖ е подготвено да разговара за трансферот на нивниот напаѓач Нејмар во Реал Мадрид доколку во договорот бидат вклучени двајца играчи од мадридскиот клуб – играчот од средниот ред Лука Модриќ и крилниот напаѓач Винисиус Жуниор, објави весникот „Марка“. Според истиот извор, од ПСЖ закале да биде вклучен уште еден играч, Каземиро. Сепак, од „Сантијаго Бернабеу“ не сакале ни да помизлат за ваков договор затоа што сметаат дека 19-годишниот фудбалер Винисиус е потенцијал што ќе стане клучен играч во тимот во иднина. Исто така објавено е дека Барселона важи за фаворит во борбата за Нејмар. Каталонскиот клуб и…
Нашата кадетска репрезентација забележи победа против соодветната селекција на Босна и Херцеговина и го запишаа вториот триумф на Европското првенство за кошаркари до 16 години кое се одржува во Удине, Италија. Македонија славеше со 76:64 (19:20, 14:14, 30:14 и 13:16) по четвртини. Избраниците на селекторот Денис Дервишевиќ по вчерашниот убедлив пораз од Русија во 1/8 финалето, денес одиграа одлично против БиХ и славеа со 76:64, со што практично го обезбедија опстанотот во А дивизија. Македонија следниот натпревар ќе го има против селекцијата на Словенија во борба за што подобар пласман, односно 9-то место на ова ЕП. Натпреварот со Словенија е…
Играчот од средниот ред на Рома, Стивен Нзонзи ќе се пресели во турскиот гигант Галатасарај. Двата клуба се согласија фудбалерот да се пресели во Истанбул со позајмица од една година за сума од 1 милион евра. Галатасарај ќе ја покрие целата плата на играчот, што е помеѓу 3 и 4 милиони евра. Договорот вклучува опција за Турците да го купат за 15 милиони или да продолжат со позајмица за уште една година. Италијанците сè уште се обидуваат да ја направат клаузулата да биде обврзувачка, што не е желба на Галатасарај. Нонзи пристигна во Рим минатото лето, но не успеа да…
Францускиот репрезентативец Висам Бен Једер и официјално се приклучи на Монако со 5-годишен договор. За неговите услуги беше заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но по затворањето на трансфер периодот во Англија пропадна можноста за купување на Бен Једер од страна на клубот од „Олд Трафорд“.Поранешниот играч на Тулуз ќе го чини клубот од Монако 40 милиони евра, а тој ќе биде главниот напаѓач на тимот по заминувањето на Радамел Фалкао. „Многу сум среќен што сум дел од Монако. Ја чувствував големаѕа желба на клубот за да ме привлече и верувам дека ова ќе биде успешен проектот. Ќе дадам се од себе…
Тотенхем ќе му предложи значително зголемување на платата на Кристијан Ериксен за да го убеди Данецот да потпишат нов договор со клубот. Тековниот договор на играчот од средниот ред истекува за една година, а тој преговата со неколку различни клубови меѓу кои Реал Мадрид и Јувентус. Според „Дејли меил“, Тотенхем ќе му понуди на Ериксен плата од скоро 200 000 фунти неделно, далеку повеќе од сегашните 80.000 фунти што ги добива. Сепак, раководството на Тотенхем не е воопшто сигурно дека дури и ова ќе го убеди Ериксен да остане. Ситуацијата за Тотенхем е кревка, затоа што ако Ериксен не потпише…
Крилниот напаѓач на Интер, Иван Перишиќ оваа сезона ќе игра за Баерн Минхен, официјално ова го објавија од „Алијанц арена“. 30-годишниот Хрват пристигнува како позајмен играч до крајот на сезоната со опција да го откупат следното лето. Според неофицијалните информации, Баварците ќе му платат на миланскиот клуб 5 милиони евра за позајмица, а откупната клаузула е 20 милиони евра. „Иван ќе ни помогне со своето долгогодишно искуство на теренот. Тој е одличен техничар и подвижен во нападот. Сигурен сум дека Иван брзо ќе се прилагоди во нашиот клуб“, рече спортскиот директор на Баерн Минхен Хасан Салихамиџиќ. „Многу ми е драго…
Македонската кадетска кошаркарска репрезентација до 16 години денес го продолжува својот настап на ЕП во Италија. Младите кошаркари во елиминациската фаза за противник ја имаат селекцијата на Русија со која денес играат во осминафиналето на ова ЕП за играчи до 16 години. Овие две репрезентации обезбедија пласман во европската А-дивизија минатата година, на првенството што се одржа во Сараево. Русија тогаш ја освои титулата, а Македонија беше третопласирана. На тој шампионат играа и меѓу себе, во првото коло и победи Русија со 75:69. Од селекцијата која настапи на таа средба, во сегашниот тим под водство на селекторот Денис Дервишевиќ настапува…
Централниот напаѓач на Валенсија, Родриго Морено, не присуствуваше на утринскиот тренинг во Спортскиот центар „Патерна“, јавуваат шпанските медиуми. Овој одличен голгетер веројатно ќе ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид, со трансфер проценет на околу 60 милиони евра. Од „Ванда Метрополитано“ ќе го земат напаѓачот како алтернатива на неостварениот трансфер на Хамес Родригез кој не доби зелено светло од Реал Мадрид за да се пресели кај градскиот ривал. Спортскиот директор на Валенсија Матеу Алемани даде интересна изјава при напуштањето на тренинг центарот „Ова утро ќе дознаете многу работи“.
Остана само Даниеле Ругани да ги договори личните услови и трансферот во Рома да биде реализиран, а то ане би требало да биде проблем откако „Старата дама“ и „Волчицата“ ги договорија деталите за трансферот на овој играч. Римскиот клуб за едногодишната позајмица веднаш ќе треба да плати 5 милиони евра, додека останатите 25 милиони ќе ги плати следната година како дел од обавезната откупна клаузула која ќе се активира следното лето. Останува само денес на состанокот на спортскиот директор на Јувентус Фабио Паратичи и представниците на Рома да бида усогласени личните услови за Даниеле Ругани кој бара годишна плата од…
