Голманот на Барселона, Нето ќе мора да оди на операција на неговиоте зглоб. Нето пред некој ден за време на тренинг сесијата пред мечот со Наполи заработи повреда на коска на зглобот. Во текот на вчерашниот ден бил подложен на лекарски преглед, со кој се потврдило дека има потреба од хируршка интервенција, пренесува весникот „АС“. Операцијата ќе биде направена веднаш, а лекарите кои го спроведоа прегледот сметаат дека процесот на враќање на фудбалерот ќе трае околу пет недели. Нето се пресели во Барселона овој преоден рок. Трансферот на голманот од Валенсија чинеше 26 милиони евра плус 9 милиони евра како…
Author: riste
ПСЖ ги отстранил сите производи од својата официјална продавница кои се некако поврзани со напаѓачот Нејмар. Според извештаите на медиумите, ова се должи на фактот дека бразилскиот фудбалер е во контакт со Барселона и Реал Мадрид во врска со евентуалното заминување во една од овие две екипи. Да потсетиме дека трансфер периодот во Шпанија и Франција е отворен до 2 септември. Претходно во медиумите беше објавено дека Барселона одлучи да ги прекине преговорите со ПСЖ за трансферот на напаѓачот Нејмар. Раководството на каталонскиот клуб е незадоволно од грубиот начин на преговори од ПСЖ. Шпанскиот клуб нема да го вклучи дефанзивецот…
Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, ги одби понудите од Наполи, Рома и Монако, бидејќи Аргентинецот има намера да се пресели во Јувентус, пренесува весникот „Газета дело Спорт“. Мауро Икарди веќе се согласи на 5-годишен договор со клубот од Торино со плата од 8 милиони евра годишно плус бонуси. Трансферот на Мауро Икарди во Јувентус може да се случи откако Јувентус ќе добие средства од продажба на напаѓачите Паоло Дибала и Марио Манџукиќ. 26-годишниот Аргентинец играше во текот на својата кариера во Сампдорија и Интер. Од 2013 година, Икарди е член на националниот тим на Аргентина. Тој беше најдобар стрелец во…
Францускиот напаѓач од екипата на Севиља, Висам Бен Једер е близу до трансфер во француски Монако. Според медиумите во Франција, тој веќе пристигнал во кнежеството, и се очекува да биде подложен на медицински тестови во текот на денешниот ден. Се очекува Бен Једер да потпише петгодишен договор, а сумата за трансферот која ќе биде исплатена е 40 милиони евра. Напаѓачот неодамна ја отфрли понудата од Кина и реши да остане во Европа. Неговата амбиција е да влезе во националниот тим на Франција за Европското првенство следната година. Бен једер беше желба на ПСЖ и Манчестер Јунајтед по одличната сезона што…
Португалската мега ѕвезда во дресот на Јувентус, Кристијано Роналдо откри што го мотивира во моментов. Тој во своето последно интервју откри дека веќе заработил доволно пари и сега е заинтересиран само да најде место во историјата на фудбалот, а постигнувањето на таа цел е со освојување трофеи. „Јас секогаш се стремам кон победи, ставајќи го успехот на тимот на прво место, бидејќи тоа ми носи и индивидуални награди. Секој ден станувам и тренирам со мислата да постигнам нешто, не само да заработам пари. За среќа, повеќе не ми требаат, сега сакам да заземам место во фудбалската историја, сакам да освојувам…
Ракометната репрезентација на Макеоднија за играчи до 19 години е поразена во последниот натпревар од групната фаза на СП во Скопје. Нашите млади ракометари не можеа да се препознаат од она што го играа вчера против Данска и загубија од Јапонија со убедливи 22:31 (11:15). Макеоднија лошо го започна натпреварот направи неколку технични грешки што и овозможи на Јапонија да се одлепи и да дојде до водство од 6:0, а потоа таа разлика да ја одржува до пред крајот на првиот дел кој го добија со 15:11. Во вториот дел слична ситуација на терено, немаа решение нашите ракометари за брзата…
Холандскиот фудбалер Весли Снајдер објави дека ја завршува својата фудбалска кариера. 35-годишниот играч е без клуб од јули. Неодамна, тој играше во Катар за локалниот тим Ал-Гарафа. Тој потпиша договор со холандскиот Утрехт и ќе има своја ложа на стадионот. Кариерата на Весли Снајдер започна во Ајакс, по што играше за Реал Мадрид, Интер, Галатасарај и Ница. Играше во екипата на Интер од 2009 до 2013 година и токму во Милано го постигна својот најголем успех. Тој беше основна фигура во тимот предводен од Жозе Мурињо, која дојде до најголемиот успех во 2010 година. Во тоа време, Интер ги освои…
Јувентус го контактирал играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен, за да му понуди на Данецот бесплатен трансфер во нивните редови. Договорот на играчот од средниот ред со Спарси истекува за една година, а засега нема индикации дека тој повторно ќе потпише. Претходно во текот на летото, Ериксен изјави дека е време за нов предизвик во кариерата, а според англиските медиуми, неговата голема желба била да се пресели во Реал Мадрид. Привлекувањето слободни агенти е специјалитет на Јувентус. Неодамна, „Бјанконерите“ на овој начин ги донесоа Емре Чан, Арон Рамзи и Адриен Рабио. Доколку Ериксен остане во Тотенхем летово и…
Раководството на Барселона продолжува да бара начини за разделба со нивното најскапо засилување односно купување, Филипе Кутињо. Весникот „Спорт“ тврди дека од „Камп Ноу“ исто така сакаат да го продадат или позајмат овој играч на некоја екипа. Баерн (Минхен) има намера да ја повтори шемата со Хамес Родригез. Колумбиецот пристигна на „Алијанц Арена“ за две сезони, по што Баварците се откажаа од можноста да ги купат неговите права. Во Барселона се согласуваат на таква опција за да се ослободат од високата плата на Кутињо и да му дадат уште една шанса да настапи и тоа далеку од Каталонија. Другата опција…
Наполи се приближува кон привлекувањето на ѕвездата на ПСВ Ајндховен Ирвинг Лозано. Италијанскиот клуб веќе преговараше околу сумата на трансфер од околу 42 милиони евра. Останува двете страни да се договорат за имиџ правата на играчот. Според италијанските медиуми, денес претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, ќе се сретне со агентот на фудбалерот Мино Рајола, за да разговараат околу личните услови на Лозано, но тие веројатно нема да бидат проблем. Предлогот се очекува да биде за 5-годишен договор, според кој мексиканскиот репрезентативец ќе добие 3,5 милиони евра по сезона. Лозано цело време беше опција на Наполи, но клубот се обиде…
