Author: riste

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Инаки Вилијамс, потпиша нов 9-годишен договор со Баскијците! Така, фудбалерот, кој минатата недела беше поврзан со Манчестер Јунајтед ќе биде дел од клубот до летото 2028 година. Неговата клаузула за ослободување е 135 милиони евра, така што клубот од „Сан Мамеш“ ќе добие добри пари ако некој сериозно го бара играчот. Последниот пат кога Вилијамс го обнови својот договор беше во јануари 2018 година, но интересот за него очигледно ги натера челниците на клубот да ги променат условите на договорот, пред сè, да ја подигнат откупната клаузула. „Јас сум многу среќен. Горд сум што продолжувам да…

Read More

Стотици навивачи на Баерн Минхен го повикаа раководството на клубот да ја врати легендата Френк Рибери, пренесуваат медиумите во Минхен. Како што е познато, Баварците конечно мораше да се откажат од ангажманот на германскиот интернационалец Лирој Сане од Манчестер Сити затоа што овој играч заработи тешка повреда на коленото и ќе биде надвор од теренот шест месеци. Така, во новата сезона во Баварскиот гигант ќе недостасува квалитетно крило, што ќе биде прва резерва на Кингсли Коман и Серж Гнабри кои се подложни на повреди. Рибери има 36 години и во моментов е слободен играч откако го напушти Баерн на крајот…

Read More

Централниот дефанзивец од Словачка, Мартин Шкртел се пресели во екипата на Аталанта како слободен играч. 34-годишниот дефанзивец е без тим откако неговиот договор со Фенербахче истече на почетокот на летото. Шкртел, кој веќе шест години е добитник на наградата „Фудбалер на годината“ во Словачка, играше во турскиот тим последните три сезони. Претходно, тој беше дел од тимот на Ливерпул долги години наназад. Во Аталанта, Шкртел треба да биде дел од стабилната одбрана која ќе му биде потреба на тимот на историсите настапи во Лигата на шампионите.

Read More

Раководството на Рома официјално побара од Манчестер Јунајтед да им овозможи да го ангажираат напаѓачот Алексис Санчез до крајот на сезоната. 30-годишниот Санчез има најголема плата во клубот, но малку е веројатно дека менаџерот Оле Гунар Солскјер ќе се потпира на него, поради што таквиот договор можеби не изгледа невозможен, пишува „Дејли Телеграф“. Санчез се пресели во Манчестер Јунајтед пред една и пол година во договор со Арсенал, но неговиот настап досега беше крајно разочарувачки. Чилеанецот, исто така, се врати на подготовките, откако им се придружи на своите соиграчи пред само една недела поради подолгиот одмор по неговиот настап на…

Read More

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, најверојатно нема да игра во наредните шест седмици откако претрпе повреда на мускулот за време на натпреварот со Норвич во првото коло од Премиер лигата. Бразилецот се фати за десната нога при едно уфрлање на топката непосредно пред паузата и мораше веднаш да биде заменет со Адријан де Кастиљо. По крајот на мечот , менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека голманот сигурно ќе го нема на распполагање за  во среда кога се игра Суперкупот на Европа против Челзи, но не даде дополнителни информации. Според весникот „Мирор“, сепак, Алисон има искинато мускул и нема да…

Read More

Македонската ракометна репрезентација до 19 години ја забележа и втората победана СП кое се одржува во Скопје. Вечерва нашите млади ракометари беа подобри од Бахреин со 27:25 (12:9) и со тоа ги задржаа шансите за висок пласман во групата Ц со остварени две победи од три натпревари. Макеоднија доминираше во првото полувреме кое го доби со 12:9, а добро го почна и второто во кое успеа да го контролира резултатот и да одржува предност од 3 гола разлика. Сепак предноста на нашата селекција се стопи во финишот од натпеварот кога на неколку минути пред крајот противникот успеа да се доближи…

Read More

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис изјави дека реалната цена на Хари Мегуаер е 25 милиони евра. Пред неколку дена, Манчестер Јунајтед го направи репрезентативецот на Англија да биде најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, откако за него платија 85 милиони фунти на Лестер. „Црвените ѓаволи“ беа поврзани и со дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, а првиот човек на италијанскиот клуб откри дека тој одбил понуда од 105 милиони евра во јануари, но не сакал да открие од каде дошла таа понуда. Де Лаурентис откри дека има договор за откуп во договорот на дефанзивецот доколку некој плати 150 милиони евра.…

Read More

Постигнат е договор околу спорот за тоа дали треба да се играат натпреварите во шпанската лига во петок и понеделник, објави весникот „Марка“. Судот донесе пресуда дека првенствените натпревари може да се играат в петок, но не во понеделник. Сезоната во шпанската елита ќе започне следниот петок со дуелот помеѓу Атлетик (Билбао) и шампионот Барселона. Натпреварот меѓу Мајорка и Еибар беше закажан за во понеделник, но по последната одлука на судот, ќе мора да се промени тој термин. Во спорот, „Ла Лига“ се спротивстави на Шпанската фудбалска федерација, која сметаше дека натпреварите треба да се играат само за време на…

Read More

Европскиот, македонскиот и СЕХА-шампион, Вардар, ја започна сезоната со првиот контролен натпревар одигран на турнирот во требиње и тоа со победа. Шпанскиот стратег Давид Писонеро ја започна својата ера на клупата на Вардар со победа над Борац Бања Лука од 34:30 (18:12). Вардар одигра моќно прво полувреме и се одлепи на плус шест гола, но во вториот дел шанса добија ракометарите од клупата, па Борац дојде до пристоен пораз од само четири гола разлика. Стрелци за Вардар: Кукуловски 1, Димитриоски, Гашовски, Криштопанс 2, Сикошек Пелко 4, Дисингер 3, Атман 3, Скубе 3, Чупиќ 1, Толедо 1, Дибиров 9, Горбок 2, Шишкарев 3,…

Read More

Италијанскиот прволигаш Џенова го финализираше трансферот на играчот од средниот ред на Ајакс, Ласе Шене. Данскиот репрезентативец беше подложен на лекарски прегледи и потпиша договор со тимот од Џенова. Според извештаите на италијанските медиуми, износот на трансферот е 1,5 милиони евра. 33-годишниот Шене целата своја кариера ја помина досега во Холандија – потекнува од фудбалската школа на Херенвен, а настапуваше за екипите на Де Графшап, НЕК Нејмеген и од 2012 година во Ајакс.

Read More