Author: riste

Повредата на Лерој Сане најверојатно ќе биде многу посериозна отколку што беше првично објавено и скоро сигурно ќе го одложи трансферот на крилото од Манчестер Сити во Баерн Минхен, пишуваат германските медиуми. 23-годишниот играч се повреди за време на натпреварот од „Комјунити шилд купот“ против Ливерпул и беше принудно заменет. Во моментов, „граѓаните“ сè уште официјално не објавиле колку е сериозна повредата на фудбалерот. Баерн итно сака да привлече крилен играч за да ги легенди Франк Рибери и Ариен Робен кои заминаа од клубот. Според одредени извори од Англија , Сане има повреда на коленото која ќе мора да се…

Read More

Македонскиот прволигаш Силекс назмислува за својата иднина и ангажираше млад и перспективен играч. Божидар Митревски е нов играч на оваа екипа , се работи за млад фудбалер кој е роден 2001 година и потпиша договор со екипата на Силекс. Станува збор за еден од најдобрите млади дефанзивци во нашата земја. Има одиграно повеќе од 40 натпревари за младинските селекции на Македонија од 15 до 19 години. Првите чекори во фудбалот ги направи во фудбалската школа на Работнички, а една година настапуваше и за кадетската и младинската екипа на Вардар. Дебитираше и во првиот тим на Вардар со само 17 години.…

Read More

Тотенхем продолжува да биде невообичаено активен на трансфер пазарот. Според „Би Би Си“, „Спарси“ се доближуваат до постигнување договор со напаѓачот на Јувентус, Паоло Дибала. Вчера се појавија информации дека, на клупско ниво, се е практично договорено, но Аргентинецот останува да ги преговара неговите лични услови, што не е лесно. Во последните неколку недели, Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за Дибала, но на крајот „црвените ѓаволи“ се повлекоа поради високите финансиски барања на фудбалерот и неговата неподготвеност да игра за Јунајтед. Според истиот извор, Тотенхем ги насочил сите свои напори кон Дибала, откако не успеа да се договори со Спортинг (Лисабон)…

Read More

Македонската ракометна репрезентација до 19 години денес го игра вториот натпеевар на СП кое се одржува во Скопје. Нашите млади ракометари по стартниот пораз против Аргентина од 20:23, вечерва го играат натпреварот од второто коло против селекцијата на Нигерија. Македонија е фаворит на оваа средба и очекуваме дека избраниците на селекторот Данило Брестовац нема да ја повторат грешката од првата средба и ќе слават сигурна победа на мечот против Нигерија. Средбата се игра во СЦ „Борис Трајковски“ од 20.30 часот, а влезот е слободен. Во групата „Ц“ каде што игра нашата репрезентација уште ќе играат јапонија – Бахреин од 16.30…

Read More

Клубовите во Премиер Лигата се на чекор за нов трансфер рекорд. Неколку часа пред да се затвори трансфер периодот, тие потрошија 1,25 милијарди фунти (1,36 милијарди евра) за купување на нови играчи. Се очекува дека ќе го срушат рекордот за најмногу пари вложени во еден трансфер период, а тоа е 1,425 милијарди фунти реализиран летото 2017 година. Досега, два клуба потрошија над 100 милиони фунти – Манчестер Јунајтед и повратникот во елитата Астон Вила. Половина од клубовите ги имаат срушено сопствени рекорди, при што новајлијата Шефилд Јунајтед го направи тоа четири пати. Манчестер јунајтед се најде во центарот на вниманието…

Read More

Напаѓачот на Европскиот шампион Ливерпул Садио Мане може ова лето да го напушти тимот со фантастичен договор. Според извештаите на медиумите во Шпанија, Реал Мадрид е подготвен да го купи 27-годишниот репрезентативец од Сенегал за сума од 80 милиони фунти. Сепак, ова нема да биде предлог на Реал Мадрид. Првиот човек на Реал, Флорентино Перез е подготвен да го вклучи Иско во договорот затоа што е баран од менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Во сезоната 2018/19, Садио Мане учествуваше на 50 натпревари за Ливерпул, постигна 26 голови и имаше 2 асистенции. Тој беше еден од најдобрите играчи на тимот и…

Read More

Дали трансферот на Ромелу Лукаку во Интер ќе биде реализиран во текот на денешниот ден останува да видиме. Најновата понуда од Интер за напаѓачот на Манчестер Јунајтед треба да биде доволна за реализација на овој трансфер. „Скај Спортс“ пренесува дека Италијанците понудиле 77 милиони фунти за играчот, што би требало да биде доволно за постигнување договор со Манчестер Јунајтед за негово привлекување. 65 милиони од овие се загарантирани, а преостанатите 12 милиони се во вид на бонуси, што очигледно ги задоволува „црвените ѓаволи“. Лукаку продолжува да тренира со Андерлехт и не се враќа на Островот, што ќе му донесе парична…

Read More

Дефанзивецот на Челзи Давид Луис е подготвен да премине во Арсенал, соопштуваат „Скај Спортс“ и „Би-Би-Си“. Според информацита бразилецот  тренирал посебно од главната група на играчи на Чезли на вчерашниот тренинг. „Топџиите“ сакаат да ја засилат својата одбрана, откако е се појасно дека клубот го напушта капитенот Лорен Кошиелни. За остварување на оваа цел клубот има само неколку часа, зато ашто попладне ќе биде затворен трансфер периодот во Англија и клубовите нема да може да купуваат нови играчи. Официјална понуда сеуште нема, од Челзи не зборуваат за желбата на Давид Луис за напуштање на нивната екипа, а од друга страна…

Read More

Тотенхем постигна договор со Бетис за привлекување на играчот од средниот ред Џовани Ло Селсо, пренесува „Sky Sports“. Се очекува Аргентинецот денес да допатува во Лондон за да ги помине лекарски прегледи и да потпише со „Спарси“. Договорот меѓу двата клуба се очекува да биде во вредност од 55 милиони фунти, плус 5 милиони во форма на бонуси. Бетис не го вклучи Ло Селсо во составот за синоќешниот пријателски напревар со Лас Палмас што беше сигнал дека играчот ќе се пресели во Англија. Доколку договорот се оствари, Ло Селсо ќе стане вториот најскап фудбалер во историјата на Тотенхем, по Танги…

Read More

Трансферот на Жоао Кансело од Јувентус во Манчестер Сити е реализиран, ова беше потврдено со промоцијата која се случи синоќа. Дефанзивецот официјално се пресели во Манчестер Сити. Двата клуба беа во долги разговори веќе неколку недели, но конечно се договорија и договорот е веќе факт. Граѓаните ќе платат на Јуве 26 милиони фунти за три години, а го испратија и Данило во Торино. Кансело потпиша договор со англискиот шампион за наредните шест сезони, но нема дополнителни детали за платата што ќе ја добива на „Етихад“. Португалецот призна дека сериозен фактор за неговото пристигнување во Манчестер Сити е Бернардо Силва, кој…

Read More