Голема трагедија го погоди велосипедскиот спорт, Белгискиот велосипедист Бјорг Ламбрехт почина на 22-годишна возраст, откако имаше несреќа за време на третата етапа на Трката околу Полска. Веста ја потврди неговиот тим Лото Саудал. Младиот натпеварувач удрил во бетонска фонтана на околу 50 километри пред крајот на етапата, веднаш бил пренесен во болница во критична состојба, но не успеа да ги надмине повредите и починал по операцијата. Ламбрехт важеше за еден од најталентираните велосипедисти во Белгија, а го направи своето професионално деби во 2018 година. „Се случи најголемата трагедија што можеше да се случи со семејството на Бјорг, пријателите и соиграчите.…
Author: riste
Максимилијан Филип е пред трансфер од Борусија Дортмунд во Динамо Москва, пренесува весникот „Билд“. Трансферот би можел да го чини 20 милиони евра рускиот клуб. Договорот на Филип со Дортмунд истекува во летото 2022 година, а напаѓачот е интересен и за Ајнтрахт (Франкфурт). Во последната сезона, Филип одигра 23 натпревари и постигна 2 гола во дресот на Борусија Дортмунд. 25-годишниот поранешен германски младински репрезентативец се пресели од Фрајбург во Борусија Дортмунд во 2017 година.
Денес во Скопје започнува Светско кадетско првенство (У19) во машка конкуренција, мундијал на кој ќе имаме можност да ги видиме најдобрите ракометни селекции во светот, а меѓу нив и нашата репрезентација. Ракометната федерација на Македонија (РФМ) е организатор на ова СП и со тоа им даде шанса на нашите млади ракометари да учествуваат на ова СП и да покажат каде се со својот квалитет во однос на нивните врсници од светот. Селекторот Данило Брестовац очекува да се помине групата и да се игра во 1/8 финале што е реалност, а желба е пласман во 1/4 финале, се останато би било…
Интер не се откажува од идејата да го привлече напаѓачот на Рома, Един Џеко во своите редови. Претставниците на Интер оствариле средба со агентот на фудбалерот. Силвано Мартина, кој е дел од менаџерскиот тим на босанскиот интернационалец, бил забележан вчера во попладневните часови во канцелариите на Интер. Се верува дека Рома дала сигнал дека сепак може да се согласат да го продадат Џеко. Досега од Рома инсистираа да добијат 20 милиони евра за 34-годишниот напаѓач, но може да согласат за одредено намалување на цената. Во Интер, итно им треба нов напаѓач, откако клубот реши да не смета на Мауро Икарди.…
Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, беше подложен на лекарски прегледи во базата на Јувентус во Торино, пренесува клубот на својот официјален „Твитер“ профил. Се очекуваше дека 25-годишниот Аргентинец ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, но договорот меѓу двата клуба заврши со неуспех и се чини дека Дибала ќе остане во Торино. Минатата сезона напаѓачот одигра 42 натпревари за Јувентус, постигна 10 гола и додаде шест асистенции. Последната информација е дека Пауло Дибала во моментов се проценува на 100 милиони евра.
Олимпик Марсеј го обезбеди второто засилување за ова лето, откако го ангажираше Дарио Бенедето од Бока Јуниорс. Францускиот клуб плати 14 милиони евра за услугите на напаѓачот. Бенедето пристигнува како замена на Марио Балотели, кој минатата сезона постигна 8 голови на 15 натпревари, но замина на крајот од сезоната. Аргентинецот ќе го носи дресот со број 9 што го носеше Италијанецот. Новиот играч на Олимпик Марсеј постигна 30 голови на 34 натпревари од почетокот на неговата кариера во Бока, но минатата сезона постигна само два гола затоа што поради повреди беше надвор од теренот. Тој имаше голем придонес за пласман…
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Лерој Сане, ќе се пресели во Баерн Минхен за 110 милиони евра, пренесува „Франс Фудбал“. Оваа сума ќе биде рекорд за минхенскиот гигант и германскиот шампионат. Сане веќе ги прифатил личните услови. Платата на Лерој Сане во Баерн ќе изнесува 18 милиони евра годишно. Тој ќе стане најплатен играч на клубот. Во моментов најмногу добива Роберт Левандовски (16 милиони евра годишно). Минатата сезона 23-годишниот Лерој Сане одигра 47 натпревари за Манчестер Сити, постигна 16 гола и имаше 14 асистенции. Останува овој трансфер да биде потврден од страна на двата клуба во текот ан…
Десниот дефанцивец на Јувентус, Жоао Кансело, се доближува до трансфер во шампионот на Англија, Манчестер Сити. Португалецот денеска пристигна во базата на Јувентус и го напуштил комплексот само 15 минути подоцна, а тоа на некој начин потврдува дека следна дестинација за играчот е Манчестер Сити. „Старата дама“ се очекува да добие 30 милиони евра за трансферотна Кансело плус дефанзивецот Данило кој ќе буиде дел од овој договор.
Раџа Наинголан официјално се врати во Каљари. Играчот од средниот ред на Интер оди во оваа екипа со позајмица од една година, без опција за купување по завршувањето на позајмицата. 31-годишниот играч од средниот ред стана играч на Интер минатото лето, откако го напушти тимот на Рома. Неговата сезона беше полна со повреди и проблеми надвор од теренот, а со доаѓањето на Антонио Конте, новиот тренер објави дека Белгиецот не е дел од неговите планови. Наинголан играше за Каљари од 2010 до 2014 година и изјави дека е многу задоволен што повторно ќе го носи дресот на оваае екипа. „Отсекогаш…
Хари Мегуаер е официјално најскапиот дефанзивец во светот откако е потврден неговиот трансфер од Лестер во Манчестер Јунајтед. Англискиот репрезентативец ги чини „црвените ѓаволи“ 80 милиони фунти, надминувајќи го Вирџил ван Дајк, кој се пресели во Ливерпул за 75 милиони фунти. Манчестер Јунајтед е задоволен што го потврди трансферот на Хари Мегуаер од Лестер. Тој потпиша договор за 6 години со опција за уште една сезона“, напиша на веб-страницата Манчестер Јунајтед. „Многу сум среќен што сум дел од еден ваков одличен клуб. Уживав во моето време во Лестер и сум им благодарен на сите за нивната поддршка во текот на…
