Author: riste

Формула 1 тимот на Ред Бул со својот возач, Макс Верстапен, ќе ја имаат пол позицијата на трката за ГН на Унгарија која се вози утре на патеката „Хунгароринг“ во близина на Будимпешта. Холанѓанецот успеа да ги надмудри големите конкуренти и фаворити оваа сезона, Валтери Ботас и Луис Хамилтон од Мерцедес и да ја освои својата прва пол-позиција годинава и воопшто прва во кариерата. Макс Верстапен стана 100-от возач во Формула 1 кој дошол до пол позиција. Валтери Ботас ќе стартува од второто место, Хамилтон е од вториот ред, односно од третата позиција, додека четвртото и петтото место им припадна…

Read More

Сигурното ново засилување во дефанзивата на Манчестер Јунајтед Хари Мегуаер ќе заработува по 9 милиони фунти годишно на „Олд Трафорд“, пренесуваат медиумите во Англија. Од страна на Манчестер Јунајтед ќе бидат платени 80 милиони фунти на Лестер, што го прави најскапиот централен дефанзивец во светот. 26-годишниот играч ќе има 5-годишен договор со „црвените ѓаволи“. Во последната сезона, тој одигра 32 натпревари за Лестер Сити и постигна 3 гола.

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години продолжува со одличните игри и победи на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се одржува во Орадеа, Романија. Македонија денес во ¼ финалето убедливо ја совлада Естонија со 92:57 и се пласираше во полуфиналето. Македонија во нитуе еден момент не ја донесе во прашање победата на оваа средба, отакако одлично го почнаа натпреварот и првата четвртина ја решија во своја корист од 30:6, за да на полувреме заминат со предност од 58:32 и со тоа да стават точка на било каква неизвесност  на оваа средба. Најдобар во триумфот над Естонија повторно беше Јакимовски со постигнати…

Read More

Новајлијата во италијанската фудбалска елита, Верона разговара со Марио Балотели. Според Газета Дело Спорт, клубот работи на финансиски детали за да го донесе напаѓачот во Верона најмалку една сезона. Играчот сака годишна плата од 3,5 милиони евра, но поради недостаток на предлози, тој може да ги намали неговите барања и да ја разгледа понудата од Верона. Неодамна, Балотели играше во Олимпик Марсеј, каде во јануари потпиша краткорочен договор. Тој покажа добра форма во последните месеци од сезоната, постигнувајќи 8 голови на 15 настапи во лига. Олимпик Марсеј сакаше да го задржи, но не успеа да се квалификува во Лигата на…

Read More

Манчестер Јунајтед го финализираше трансферот на Хари Мегуаер. Ова го тврдат во еден глас повеќето водечките медиуми во Англија. Договорот меѓу двата клуба беше постигнат утрово, со договор вреден 85 милиони фунти (ББС и Скај Спорт споменуваат сума од 80 милиони, додека Телеграф, каде за прв пат се појавија вестите, Мирор и Дејли Меил инсистира на 85 милиони). Ова значи дека Мегуаер ќе биде новиот најскап дефанзивец во светот, бидејќи ќе чини 10 милиони повеќе од досегашниот рекордер Вирџил ван Дајк, за кого Ливерпул плати 75 милиони фунти). Поголемиот дел од сумата ќе биде платена веднаш, а остатокот ќе биде…

Read More

Тимот на Баерн Минхен ќе игра без Серж Гнабри во мечот од германскиот Суперкуп против Борусија Дортмунд в сабота, но затоа Кингсли Коман се очекува да биде во составот на Баварците. „Коман работи добро. Тој тренира и ќе биде со нас утре. Гнабри е подобро сега, но тој нема да патува. Ќе се обидеме да го подготвиме за следниот викенд”, изјави тренерот на германскиот шампион Нико Ковач. Новото засилување на Баварците, Лука Ернандез, исто така, нема да игра утре поради проблем со коленото. Заминувањето на ветераните Франк Рибери и Ариен Робен го ослабна Баерн на крилните позиции, а ангажманот на…

Read More

Новото засилување на Интер Диего Годин се повреди на еден од последните тренинзи. Дефанзивецот помина прегледи на кои се откри дека има повреда на мускулот. Неговата состојба ќе се следи, но тој сигурно нема да учествува во контролата на Интер против Тотенхем која се игра во недела. Најверојатно, уругвајскиот репрезентативец ќе ја промаши последната контролна средба на тимот, кој е против Валенсија за една недела. Годин го направи своето деби за новиот тим на пријателскиот меч со ПСЖ. Антонио Конте сакаше да го види како игра барем уште еднаш пред почетокот на сезоната. Интер ја започнува сезоната против Лече како…

Read More

Играчот од средниот ред на Ајакс, Дони ван де Бек го потврди интересот на Реал Мадрид за него. Исто така 22-годишниот Холанѓанец се смета за резервна опција на Пол Погба доколку играчот на Манчестер Јунајтед не го направи трансферот на „Сантијаго Бернабеу“. Сето ова треба да биде познато до 8 август кога ќе се затвори трансфер прозорецот во Англија. „Да, Реал Мадрид е заинтересиран за мене, но многу се брзате. Не сакам да кажам што има, а што не. Сега сакам да се концентрирам на натпреварот со Витесе“, изјави Ван де Бек. „Не сакаме да го загубиме, но многу малку…

Read More

Германскиот тим Борусија Дортмунд на својот официјален „Твитер“ профил објави фотографии од дополнителен сет на дресови со кои ќе игра екипата во новата сезона од Лигата на шампиони и Купот на Германија. Дресот најмногу е направен во традиционалната жолта боја на клубот. Единствениот исклучок беше горниот дел од дресот кој е направен од темно сива боја. Технички спонзор на Борусија Дортмунд е компанијата Пума. Минатата сезона, Борусија го освои второто место во германската Бундес лига, загуби во трката за шампионската титула од Баерн Минхен, но директно ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите. Претходната сезона во Лигата на…

Read More

Паоло Дибала сака да добие поголема плата од Пол Погба во Манчестер Јунајтед, што би можело да го спречи трансферот на овој играч во составот на „црвените ѓаволи“. Се шпекулира дека напаѓачот ќе биде дел од договорот што ќе го донесе Ромелу Лукаку во Јувентус, но поради неговите високи барања, ова може да не се случи. Според весникот „Сан“, Дибала сака да заработува 350.000 фунти неделно, што веројатно нема да го прифати Манчестер Јунајтед, кој му плаќа 300 000 фунти неделно на Пол Погба. Манчестер Јунајтед со задоволство би се засилил со Дибала, кој знае дека нема иднина во Јувентус…

Read More