Author: riste

Новите засилувања на Барселона, Франки де Јонг, Антоан Гризман и Нето, започнаа да тренираат со каталонскиот тим. Новајлиите во екипата на Барселона денес го направија првиот тренинг со своите нови соиграчи откако синоќа ги поминаат потребните фитнес тестови. Тројцата беа пречекани со специјален шпалир од нивните соиграчи. Капитенот Лионел Меси и другите учесници во Копа Америка ќе се приклучат на тимот подоцна.

Read More

Сенегал ќе биде без клучниот дефанзивец Калиду Кулибали во финалниот натпревар од Африканскиот куп на нации против Алжир. Централниот дефанзивец, кој се смета за еден од најдобрите на својата позиција во светот, доби втор жолт картон во три натпревари и нема да може да игра во битката за трофејот. „Штета е што ќе бидеме без Калиду, и тој е многу важен за нашиот тим и ние ќе играме за него”, изјави играчот од средниот ред, Папе Алиуне Ндиае, откако го добија мечот против Тунис со 1:0 во полуфиналето. Калиду Кулибали, кој е играч на Наполи, го доби жолтиот картон поради…

Read More

Баерн Минхен ја донесе конечната одлука да се откаже од идејата за привлекување на напаѓачот на Јувентус Пауло Дибала. Аргентинецот беше еден од првите приоритети на германските шампиони, затоа што беа убедени дека тој ќе биде замена за Ариен Робен и Френк Рибери. Се чини, сепак, дека Баварците одлучиле да бараат други опции за засилување на својот напад по крилните позиции, пишува „Билд“. Во моментов во Баерн, погледите се свртени кон Лирој Сане од Манчестер Сити и Осман Дембеле од Барселона. Двајцата играчи се подготвени да ги напуштат своите клубови во текот на летото, бидејќи немаат доволно шанси да играат.…

Read More

Францускиот играч од средниот ред на Олимпик Лион, Набил Фекир, може да го смени тимот во тековниот трансфер период, пренесува „L’Equipe“. Според изворот, Валенсија и Севиља се заинтересирани за услугите на 25-годишниот играч од средниот ред. Вредноста на овој играч се проценува на 30 милиони евра. Претходно беше објавено дека Милан и Бетис се заинтересирани за Набил Фекир. Минатата сезона Фекир учествуваше на 29 натпревари од Француската лига 1. Тој постигна 9 гола и 7 асистенции. Во Лигата на Шампионите 25-годишниот играч од средниот ред постигна 3 гола и додаде 2 асистенции на 6 средби. Да потсетиме дека во летниот…

Read More

Одбрандбениот играч Јусеф Атал од Ница стана приоритет за Париз Сен Жермен за време на летниот трансфер период, објавија медиумите во Франција. 23-годишниот Алжирец се квалификуваше во финалето на Африканскиот куп на нации со својата селекција, а минатата сезона одигра 30 натпревари за Ница во француското првенство. Во нив постигна шест гола и со тоа покажа дека и покрај тоа што игра во одбраната може да дејствува офанзивно. Јусеф Атал има договор со Ница до 2023 година, па тоа може да го направи трансферот во ПСЖ малку поскап од вообичаеното.

Read More

Раководството на Јувентус дало јасни индикации дека не планираат да платат повеќе од 40 милиони евра за напаѓачот на Интер Мауро Икарди. „Бјанконерите” имаат интерес за Аргентинецот, кој стана персона нон грата на „Џузепе Меаца“. Икарди не влегува во плановите на новиот тренер Антонио Конте и од клубот најавија дека тој нема да патува со тимот на турнејата во Азија. Јувентус ќе се обиде да ја искористат ситуацијата и да го добие напаѓачот за најниска можна цена. Понудените од Јувентус 40 милиони евра сепак се за цели 20 милиони помалку од цената што Интер ја има поставено за Икарди. „Нероазурите”…

Read More

Баерн (Минхен) не се откажал од идејата да го привлече во својот состав крилото на Челзи Калом Хадсон-Одој. Германскиот шампион одамна е заинтересиран за талентираниот млад играч, а според „Дејли Меил”, тимот од Минхен е подготвен да испрати нова понуда за овој фудбалер во вредност од 45 милиони фунти. Тоа е 10 милиони повеќе од првата понуда испратена во јануари. Спортскиот директор на Баерн Хасан Салихамиџиќ призна неодамна дека клубот продолжува да има интерес кон Хадсон-Одој, без разлика што новиот менаџер на Челзи, Френк Лампард најави дека планира да се потпира на 18-годишниот талент. На „Алијанц Арена” се заинтересирани за…

Read More

Новото епско финале на Вимблдон одиграа Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Исто како пред пет години, победникот се решаваше по пет сета и повторно со кренати раце мечот го заврши Ѓоковиќ 3:2 (7:6,1:6, 7:6, 4:6,13:12) Двајцата тенисери одиграа одличен натпревар и се бореа за титулата до самиот крај, едноставно немаше предавање и во најлошите ситуации во кои беа во текот на натпреварот. Ѓоковиќ сите три сета кои ги доби против Федерер ги доби во тај-брејк, додека Федерер вториот сет го доби убедливо со само еденз агубен гем, а четвртиот со 4 изгубени гемови. Федерер имаше две меч топки кои не…

Read More

Новата ѕвезда на Реал Мадрид, Еден Азар, ќе игра во дрес со број 23 во екипата на Реал Мадрид , објави весникот „Марка“. Пред него, со овој број во Реал Мадрид има настапувано Дејвид Бекам, но изборот на Азар не е поврзан со познатиот Англиски фудбалер, туку со легендите на кошаркарската НБА лига, Мајкл Џордан и Леброн Џејмс. Минатата сезона дресот со број 23 го носеше дефанзивецот Серхио Регилон, но оваа сезона тој е позајмне во екипата на Севиља. Во неговиот претходен тим, Челзи Еден Азар играше со десетка, но во Реал Мардид овој број е веќе зафатен од Лука…

Read More

Со малку среќа и одлично возење Луис Хамилтон направи нов чекор кон 6-тата светска титула, триумфираше на домашното Гран При на Велика Британија. Британецот успеа да го користи безбедносното возило и го победи својот колега Валтер Ботас, кој водеше во првиот дел од трката. Ова беше 80-та победа во кариерата за Луис Хамилтон и рекордна 6-та на патеката во „Силверстоун”, со што го надмина Џим Кларк и Ален Прост, кои исто така имаа по 5 победи на оваа патека. Чарлс Леклер од Ферари заврши трет, а пилотите на Ферари и Ред Бул понудија неверојатни дуели на патеката, кулминација беше сударот…

Read More