Дефанзивецот на Ајакс, Матијас де Лихт, утре официјално ќе се пресели во Јувентус, објави денес италијанското издание на „Фудбал Италија“. Според последните информации, за негооте услуги ќе биде уплатена сумата од 75 милиони евра која ќе легне на сметка на тимот од Амстердам. 19-годишниот Холанѓанец ќе добие годишна плата од 12 милиони евра во својот нов тим. Минатата сезона Де Лихт играше 55 натпревари на сите клупски натпревари и постигна 7 гола и 4 асистенции. Тој му помогна на својот тим да ја освои титулата во Холандија, но и да направат изненадување во Лигата на шампионите, каде што беа елиминирани…
Author: riste
Хари Мегваер е изјавил пред своите соиграчи во Лестер Сити и тренерот Брендон Роџерс дека сака да го напушти Лестер Сити, и дека тој има само една цел пред себе – Манчестер Јунајтед. Самиот клуб добил понуда во вредност од 75 милиони фунти од Манчестер Јунајтед и по се изгледа дека англискиот репрезентативец ќе игра за рекордерот според титули во оваа земјата од следната сезона. 26-годишниот Мегваер изјавил лично пред Роџерс и останатите фудбалери на „лисиците” за време на кампот во Франција дека сака да го напушти клубот и се надева дека со ова ќе ги олесни преговорите меѓу двата…
Менаџментот на Валенсија официјално го објави привлекувањето на Максимилиано Гомез од Селта Виго. 22-годишниот Уругвајски голгетер потпиша договор за пет сезони со екипата на валенсија. Според неофицијалните информции, износот на трансферот изнесува околу 15 милиони евра. Како дел од договорот, напаѓачот на Валенсија Санти Мина оди во екипата на Селта Виго. Во неговиот договор има клаузула за откуп, па оној кој што ќе сака да го купо Макси Гомез ќе треба да плати 140 милиони евра, потврдија од „Местаља“.
Утринава се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваше српскиот кошаркар и летно засилување на Црвена Ѕзвезда, Огњен Кузмиќ. Сообраќајната незгода се случила на магистралниот пат Бања Лука – Приједор. Полициската управа во Бања Лука ја потврди веста, а кошаркарот е пренесен во болницата во овој град со повреди на градниот кош. Црвена Звезда на својата интернет страница ја потврди сообраќајната незгода на Кузмиќ, а од фотографиите можеше да се види дека возилото во кое бил Кузмиќ е целосно уништено. Џип Порше со две лица, меѓу кои и Кузмиќ, удрил во BМW во 5:00 часот наутро. Автомобилот на Кузмиќ целосно излетнал од…
Раководството на Атлетико Мадрид продолжува со засилувања во обид да ја пополни празнината со напуштање на Антоан Гризман. Денес, на „Ванда Метрополитано“ го претстави 21-годишниот српски напаѓач Иван Шапоњиќ, кој доаѓа од Бенфика за трансфер од 8 милиони евра. „Прво на сите сакам да кажам дека еден сон ми се оствари денес, да дојдам во таков голем клуб со толку многу историја. Чест е да работам со толку многу големи играчи. Јас ќе дадам се за да му помогнам на тимот”, рече новиот играч на Атлетико Мадрид. Шапоњиќ го сметаат како специјалист за дуели во воздух. „Не сакам многу да…
Ајакс и Јувентус конечно се согласија за трансферот на Матијас де Лихт и прашање на време е кога договорот ќе биде финализиран, објави „Телеграф“. Италијанците ќе платат 70 милиони евра за талентираниот одбрандбен играч. Холандскиот репрезентативец беше отстранет од групата на Ајакс за претстојниот камп во Австрија. Во принцип, полуфиналистот во Лигата на шампионите сакаше 75 милиони евра. Првата понуда на Јувентус беше 50 милиони евра и беше веднаш одбиена. Вчера „Телеграф“ објави дека Јуве ја подигнал понудата на 67 милиони евра. Инаку, пред една недела, агентот на Де Лихт, Мино Рајола, објави дека неговиот клиент се согласил за своите…
Сагата за трансферот на Антоан Гризман во Барселона завршки откако клубот од Каталинија официјално го објави доаѓањето на напаѓачот. Каталонците ја плаќаат клаузулата по неговиот договор со Атлетико Мадрид од 120 милиони евра, а Французинот ќе биде обврзан со шампионот на Шпанија до летото 2024-та година. Ако некој сака да го купи претходно, ќе мора да платите обештетување од астрономски 800 милиони евра. „Барселона го привлече Антоан Гризман откако плати 120 милиони евра на Атлетико Мадрид. Тој ќе потпише со нас до 30 јуни 2024 година, а неговиот договор ќе има откупна клаузула од 800 милиони евра. Наскоро ќе ги…
Двократниот МВП на финалето во НБА лигата Каваи Ленард го официјализираше преминувањето во Лос Анџелес Клиперс, потпишувајќи договор со клубот за период од три сезони. За ова време, поранешните играчи на Сан Антонио и Торонто ќе заработи вкупно 103 милиони долари, и ова не е најпрофитабилниот договор што можеше да го добие. Имаше можност да земе 141 милион долари за четири сезони, но тој повеќе сакаше да стане слободен агент во 2021 година, кога другата суперѕвезда на тимот, Пол Џорџ, ќе го стори истото. Форматот на договор е 2+1, третата година може да биде активирана само од Ленард.
Јувентус направил втора значително подобра понуда кон Ајакс за Матијас де Лихт со вредност од 67 милиони евра, соопштуваат холандските медиуми. Во Торино се надеваат дека оваа сума ќе ги задоволи Холанѓаните и фудбалерот ќе може да биде претставен уште во сабота. Според информациите првиот предлог на италијанскиот шампион беше со вредност од 50 милиони евра, но била одбиена бидејќи од Ајакс барале да добијат 75 милиони евра. Се претпоставува дека во сегашната понуда од 67 милиони евра се додадени и клаузули со кои евентуално би се зголемил износот. Уште пред неколку дена агентот на фудбалерот Мино Рајола откри дека…
Манчестер Јунајтед подготвува понуда од 72 милиони фунти (80 милиони евра) за играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, вели „Скај Италија“. Сепак претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, сака 90 милиони фунти за Србинот и нема намера да прифати пониска понуда. Играчот кој потпиша нов договор во октомври минатата година, би ја прифатил понудата на Манчестер Јунајтед, но нема да прави притисок за својот трансфер, додаде „Скај Италија“. „Црвените ѓаволи” се интересираат за Милинковиќ-Савиќ повеќе од една година, а во моментов е еден од приоритетите на Оле Гунар Солскјер за ова лето. Норвежанецот сака најмалку двајца играчи од средниот…
