Долгогодишниот играч од средниот ред на Рома Даниеле Де Роси одлучи да се откаже од фудбалот и да влезе во тренерската професијата, објави „Скај Италија“. Таквата намера на искусен играч неодамна беше објавена од страна на италијанските медиуми, но според информациите од денес, ветеранот веќе е категоричен за сопствениот избор. Де Роси, кој ќе наполни 36 години за две недели, ја помина целата своја кариера на „Олимпико“ во дресот на Рома. Но, по завршувањето на сезоната мораше да го напушти клубот. Сампдорија, Фиорентина, Милан, Болоња, американските клубови и Бока Јуниорс покажаа интерес за Де Роси. Пред него е можност да…
Author: riste
Македонскиот фудбалски шампион Шкендија денес му гостува на естонскиот шампион Номе Каљу во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампиони. Нашиот шампион е апсолутен фаворит за пласман во следната фаза, но од Шкендија посакуваат да одиграат два натпревари на високо ниво и да ги добијат и двете средби. Првиот е оној кој вечерва го играат на гостински терен, а тренерот Ќатип Османи најверојатно ќе се определи за стандардната формација со добро познати имиња за почетокот на мечот. На голот на Шкендија би требало да биде Костадин Захов, а пред него во одбраната Мурати, Бејтулаи, Муслиу и Мици, средниот ред…
Раководството на Барселона продолжува да работи на привлекувањето на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид. Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ ги објави двата начини на кој би можел да се реализира трансферот на францускиот голгетер на „Камп Ноу”. Доколку Барселона се договри со Атлетико Мадрид за трансфер за вредноста на клаузулата – 120 милиони евра, ќе треба да платат даноци во износ од 21% од износот – 25,2 милиони евра. Во овој случај, сепак од Барселона ќе бидат во корист со плаќањето на рати. Ако не се договорат на овој начин тогаш, треба задолжително да ја депонираат целата сума од 120 милиони…
Раководството на Тотенхем го објави обновувањето на договорите со играчите Бен Дејвис и Хари Винкс. Договорите со овие играчи ќе бидат со важност до летото 2024 година. 26-годишниот дефанзивец Бен Дејвис е во Тотенхем од 2014 година. Тој поминува низ сите нивоа на Академијата на Свонси. Хари Винкс е фудбалер кој доби шанса во првиот тим на Тотенхем на крајот од сезоната 2013/2014. На 27 јули 2014 година, 23-годишниот играч го потпиша својот прв професионален договор со Тотенхем. Ова е добра информација за менаџерот на тимот Маурисио Почетино кој ќе ги има на располагање овие двајца играчи во наредниот период.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, нема да биде дел од експедицијата на Реал Мадрид која заминува за Канада попладнево, пишува венсикот „АС“. Причината за отсуството на шпанскиот играч од средниот ред е раѓањето на неговото второ дете. Неговата сопруга Сара Салам се очекува да се породи вонаредните деновите, а потоа Иско ќе се приклучи на тимот во Северна Америка. Феде Валверде, Милитао, Каземиро, Хесус Ваљехо и Дани Себалос нема да патуваат денес, но ќе почнат да тренираат подоцна. Зинедин Зидан и неговите фудбалери заминуваат за Монтреал попладнево, а таму ќе ги имаат и првите контролни средби.
Дефанзивецот на Јувентус Алекс Сандро ќе остане во клубот следната сезона. Според „Калчомеркато“, клубот одлучил да го задржи Бразилецот во своите редови. „Бјанконерите“ не се во можност да го земат Марсело од Реал Мадрид, па токму тоа е причината што не смеат да ризикуваат и да не го задржат Алекс Сандро. Овој фудбалер беше баран од Париз Сен Жермен, Челзи и Манчестер Јунајтед. Тој беше подготвен за трансфер минатото лето, но потоа, од Јувентус, одлучија да го задржат во составот, со тоа што Бразилецот ќе потпише нов договор. Јувентус веќе ја објави продажбата на Хуан Квадрадо во Шангај Шенхуа. Разговорите…
Италијанскиот тим Милан официјално го објави своето второ летно засилување, тоа е играчот од средниот ред Раде Круниќ, кој пристигнува од Емполи. Се претпоставува дека износот на трансферот е 8 милиони евра, а договорот на играчот е за наредните пет сезони. Минатата сезона Круниќ одигра 33 натпревари, а притоа постигна 5 гола и 7 асистенции во Серија „А“. Беше познато дека веќе неколку недели дека 25-годишниот интернационалец од Босна и Херцеговина, но до денес не беше потврдено неговото доаѓање во Милан. Денес, италијанските медиуми дури објавија дека Круниќ неколку дена е во Милано и тренира со екипата. Пред него Милан…
Македонскиот напаѓач, Јован Костовски својата фудбалска кариера ќе ја продолжи во кипарскиот прволигаш Етникос Ахна. Костовски и официјално е промовиран во новиот клуб во кој ќе настапува следната сезона. По неколку години поминати во Белгија, настапувајќи за екипата на Леувен, 32-годишниот Костовски се одлучи на нов предизвик и преселба на Кипар каде ќе игра во Етникос Ахна. Претходно во својата кариера Јован Костовски беше дел од екипите на Вардар и Металург во Македонија, како и за турскиот Ордуспор и ОФИ Крит во грчкиот шампионат.
Во Лацио сеуште не пристигнале официјални понуди за нивниот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пишува „Калчомеркато”. Интерес кон Србскиот интернационалец има од Јувентус, Манчестер Јунајтед и Париз Сен Жермен, но никој од нив не се поврзал со раководството на Римскиот клуб, за да започнат официјални преговори за привлекување на играчот. Последните информации се дека Милинковиќ-Савиќ веќе се договорил со Јувентус за личните услови. Од Јувентус имале средба со неговиот агент Матеја Кежман и се договориле тој да потпише договор за 5 години со плата во износ од 6 милиони евра по сезона. Сепак „бјанконерите” се уште не испратиле понуда до неговиот клуб…
Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари има желба да го доведе во клубот напаѓачот на Манчестер Сити Габриел Жезус, соопштува „Раи Спорт”. Тренерот имал средба со спортскиот директор Фабио Паратичи, за да разговараат за идните трансфери на „Старата Дама” и Сари инсистирал за привлекување на бразилскиот репрезентативец. Јувентус сака да купи централен напаѓач ова лето. Клубот е поврзуван со интерес кон Мауро Икарди и Ромелу Лукаку. Самиот Сари сепак смета дека Габриел Жезус е најдобрата опција за засилување на нападот, бидејќи најуспешно ќе соработува со ѕвездата на тимот Кристијано Роналдо. Освен тоа привлекување на Габриел Жезус може да стане прилично…
