Поранешниот НБА шампион со екипата на Торонто Каваи Ленард, кој е слободен агент, се подготвува да потпише договор со Лос Анџелес Клиперс, велат извештаите на „ESPN“. 28-годишниот кошаркар минатото лето се пресели во Торонто од Сан Антонио и беше избран за МВП во финалето. Пол Џорџ, исто така, ќе ја продолжи кариерата во ЛА Клиперс. Оклахома ќе го замени за Шеј Гилџес-Александер, Данило Галинари и неколку први избори на драфтот.
Author: riste
Еден од најголемите фудбалски таленти на денешницата Френки де Јонг во текот на денот успешно ги помина лекарските прегледи во Барселона. Тренерот на Барселона Ернесто Валверде ќе добие одлично засилување во средината на теренот кој се очекува да биде во екипата долги години. 22-годишниот фудбалер потекнува од школата на Ајакс кој имаше сезона за паметење. По завршувањето на сезоната Ајакс доби многу понуди за своите фудбалери, а реши да ја прифати онаа на Барселона за младиот Холанѓанец. Барселона за потписот на Френки де Јонг плати 75 милиони евра, а се бори и за потписот на неговиот сонародник Матијас де Лихт,…
Селекторот на машката кадетска ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за собир во рамки на подготвителниот период за претстојното Светско Првенство 2019 што ќе се одржува во Скопје во период од 6 до 18 август 2019 година. Првиот собир на нашата кадетска репрезентација е закажан на 10 јули со почеток во 13:30 часот во Струга. Кадетите се во групата Ц, заедно со репрезентациите на Аргентина, Нигерија, Јапонија, Бахреин и Данска.
Иднината на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, останува нејасна. Како што објавија медиумите во Италија во последните неколку дена, Наполи се приближуваше до трансферот на Аргентинецот, откако изразија подготвеност да му ги платат на Интер потребните 60 милиони евра, како и да ги задоволи финансиските потреби на играчот. Сепак има еден голем проблем, а тоа е што Икарди е наклонет кон можноста да се пресели во Јувентус, кој е еден од главните претенденти за неговите услуги, а исто така претходно ја отфрли можноста да ја продолжи кариерата во Наполи. Последните информации велат дека во последниве денови ги сменил ставовите кон…
Филип Коку е нов менаџер на Дерби Каунти. Холанѓанецот ќе го наследи на функцијата Френк Лампард, кој вчера официјално се врати во Челзи по само една сезона на чело на оваа екипа. Договорот на поранешниот играч од средниот ред на Барселона е за период од четири години. 48-годишниот тренер има освоено три титули во четири сезони како тренер на ПСВ Ајндховен во шампионатот на Холандија. После тоа следуваше краток и неуспешен период во Фенербахче за Филип Коку. „Со гордост можам да потврдам дека Дерби каунти ќе биде мојот нов клуб, со нетрпение чекам да се сретнам со тимот и навивачите…
Премиерлигашот Арсенал преговара со Реал Мадрид за трансфер на шпанскиот играч од средниот ред, Лукас Васкез. Договорот може да биде реализиран на почетокот од следната недела. Надоместокот за трансфер треба да биде 32 милиони евра плус 3 милиони евра како бонуси. Васкез е дел од „Кралскиот клуб“ од 2007 година. Дебитираше за првиот тим во 2012 година. Неговиот договор со Реал Мадрид завршува летото 2021 година. Минатата сезона, Шпанскиот фудбалер Лукас Васкез играше за Реал на 31 натпревар, беше автор на еден гол и три асистенции. Заедно со Реал Мадрид, Лукас освои три титули во Лигата на шампионите. Како најава…
Со натпреварите кои ќе започнат денес започнува Европското првенство во кошарка Б дивизија за девојќи до 18 години, а кое се одржува во Скопје. Нешто повеќе од еден месец јуниорките на Македонија беа во активен тренажен процес, одиграа и неколку пријателски натпревариза да бидат подготвени за овој настап на домашен терен. Кошаркарската федерација на Македонија ќе биде домакин на дваесет и две репрезентации од Европа кои ќе се натпреваруваат за влез во првата (А) дивизија. Првите три пласирани репрезентации на ова првенство идната календарска година ќе се здобијат со право за учество на континенталниот собир. Дванаесетте кошаркарки кои се на…
Милан ќе го привлече 21-годишниот Алжирец, Исмаел Бенасер, кој моментално игра во Емполи и стекнува искуство во Серија А. Играчот од средниот ред ќе биде купен од Милан за 16 милиони евра плус 1 милион во вид на бонуси во зависност од настапите. Договорот е одличен за Емполи, кој го привлече Бенасер летото 2017 година за само еден милион евра од лондонскиот Арсенал. Играчот играше 38 натпревари минатата сезона, а имаше три асистенции. Бенасер во моментов игра за Алжир на Купот на Африкански нации во Египет, ги одигра трите натпревари против Кенија, Сенегал и Танзанија во групната фаза.
Британскиот весник „Дејли експрес” тврди дека Реал Мадрид нуди 70 милиони фунти плус Герет Бејл и Тони Крос на Манчестер Јунајтед, во замена за играчот од средниот ред Пол Погба. Со вклучувањето на Бејл и Крос, шпанскиот клуб се обидува да избегне плаќање на 150 милиони фунти за францускиот репрезентативец, како што побара Манчестер Јунајтед. Самиот Погба неодамна изјави дека сака да побара нов предизвик, а за тоа е подготвен да го напушти „Олд Трафорд“. Според медиумите во Шпанија и Англија, желбата на Погба е да се пресели во Реал Мадрид или да се врати во својот поранешен клуб Јувентус.
Во тек е одржувањето на најмасовниот и највисоко рангиран светски карате куп организиран од Светската карате федерација (ВКФ), кој се одржува во Умаг, Хрватска. Каратистката на Скопски Макпетрол Ангела Мојсовска, успеа да го освои златниот медал во највозрасната младинска категорија на постари јуниори (У21), во тежинската категорија на -68 кг. Помошниот тренер во Макпетрол Петар Заборски истакна дека Ангела имала извонреден настап и супериорно дошла до првото место и златниот медал. Во првото коло таа беше слободна, во второто коло победи со спортистката од Швајцарија со 4-1, во третото коло беше подобра од БиХ и победи со 5-1, во четвртото…
