Author: riste

Напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе нема да се пресели во друг тим во летниот трансфер период. Играчот самиот објави на Твитер дека претстојната сезона ќе биде дел од францускиот клуб. Претходно во медиумите беше објавено дека ПСЖ е подготвен да го прифати предлогот за трансфер на напаѓачот на францускиот национален тим, ако таа понуда изнесува најмалку 230-250 милиони евра. https://twitter.com/KMbappe/status/1146137032428851200 Имаше информации за интересот кон фудбалерот од Реал Мадрид. Мбапе се пресели во ПСЖ од Монако во летото 2017 година на позајмица. Една година подоцна, парижаните го откупија договорот за 135 милиони евра. Минатата сезона, на клубско ниво, 20-годишниот фудбалер…

Read More

По раскинувањето на соработката со менаџерот Рафаел Бенитез, сега Њукасл е на пат да го изгуби својот најдобар фудбалер, што во голема мера ќе ги вознемири навивачите на тимот. Англиските медиуми објавија дека од Њукасл се согласиле да го продадат на Лестер, напаѓачот Ајоз Перез за 30 милиони фунти. Договорот ќе биде факт кога Шпанецот ќе ги помине медицинските прегледи и ќе ги договори неговите лични услови. Перез помина пет сезони во Њукасл, но последната му беше најуспешна, постигна 12 гола во Премиер лигата и беше најуспешен играч во тимот. Се зборуваше дека може да се врати во својата татковина,…

Read More

Светскиот шампион со Франција Бенџамин Павар го даде својот прв коментар како фудбалер на баварскиот гигант Баерн Минхен. Тој ќе го носи дресот со број 5, кој го носеше Матс Хумелс кој се врати во Борусија Дортмунд. „За мене, ситуацијата беше, Баерн Минхен или ништо. Кога размислувам за Баерн, за мене ова е најдобриот тим во Германија, а зошто не и во целиот свет” истакна Павар. Овој играч доаѓа од Штутгарт во Баерн Минхен, а беше поврзуван со Барселона и Наполи. Баварците платиле 35 милиони евра за неговите права, а Бенџамин Павар подеднакво добро игра како централен дефанзивец и десен…

Read More

Барселона има намера да го продава дефанзивецот Самуел Умтити, објавија медиумите во Шпанија. Според истите извори, каталонскиот клуб го проценувал фудбалерот на 50 милиони евра. На раководството на Барселона не и се допаднала одлуката на Французинот да одбие операција во лекувањето на повреда на коленото. Претходно беше објавено дека Манчестер Сити и Јувентус покажаа интерес за одбрандбениот играч. Умтити се приклучи на каталонскиот клуб во летото 2016 година од Олимпик Лион за 25 милиони евра. Во сезоната што заврши 25-годишниот фудбалер, учествувал на 15 натпревари за својот клуб. Денес, вредноста на трансфер пазарот на играч се проценува на 70 милиони…

Read More

Холандскиот тренер Филип Коку би можел да го замени Френк Лампард како главен тренер на англиски тим Дерби Каунти. Лампард ја продолжува својата тренерска работа во Челзи, а тоа ќе биде официјализирано во рок од 24 часа, објави Скај Спорт. Според изворот, агентот на 48-годишниот Холанѓанец преговарал со сопственикот на Дерби каунт, Мел Морис, во текот на изминатите два дена. 40-годишниот Лампард ја започна својата тренерска кариера кон крајот на мај 2018 година. Во дебитантската сезона како предводник на Дерби Каунти го освои шестото место во Чемпионшип лигата. Тимот стигна до финалето од плејофот за право да настапи во Премиер…

Read More

Бразил е првиот финалист на Копа Америка, откако во дуелот со вечниот ривал Аргентина, победи со 2:0 на меч кој синоќа се одигра во Бело Хоризонте. Бразил успеа да ја совлада Аргентина со два гола постигнати по еден во првото и второто полувреме. Со головите на Габриел Жезус и Роберто Фирмино, Бразил успеа да ја совлада Аргентина со 2:0 и со тоа да си обезбеди уште едно големо финале, а од друга страна да го сруши сонот на Аргентина дека може да дојде до трофеј во ова натпреварување. Габриел Жезус го донесе Бразил во водство во 19 минута, а Роберто…

Read More

Кристијан Атсу ќе го пропушти останатиот дел од Купот на Африканските нации поради скината тетива. Тој се врати во Њукасл за медицински третман непосредно пред почетокот на натпреварот на Гана во Група Ф против Гвинеја Бисао. Атсу го напушти натпреварот помеѓу Гана и Камерун 15 минути пред крајот на мечот. Медицинскиот тим на репрезентацијата објави дека нема да може да игра во останатите средби на Гана на турнирот во Египет. Гвинеја остана без Наби Кеита, кој се врати во Ливерпул за да ја лекува повредата во натпреварот со Нигерија. Сепак, играчот од средниот ред може да се врати за елиминациските…

Read More

Германскиот тим Ајнтрахт Франкфурт кој обезбеди пласман во Лига Европа и оваа сезона е на чекор до привлекувањето на Ерик Дурм, кој беше дел од шампионската селекција на Бундестимот на Мундијалот 2014. 27-годишниот фудбалер пристигнува како слободен агент откако ја напушти Премиер Лигата односно екипата на Хадерсфилд. Според информациите на „Билд” денеска Дурм треба да ги помине лекасрките прегледите во клубот од Франкфурт. Тој игра на крило – и како дефанзивец , но и како офамнзивец. Дурм стана познат за пошироката јавност како фудбалер на Борусија (Дортмунд), како дел од составот на Јирген Клоп. Сега тој имаше понуда и од…

Read More

Тотенхем го заврши трансферот на Танги Ндомбеле од Олимпик Лион. Овој трансфер е рекорден за Тотенхем, затоа што вкупната негова вредност може да достигне 65 милиони фунти (од кои околу 10 милиони се во форма на бонуси). Претходното најскапо засилување на лондончани беше Давинсон Санчез, за ​​кого беа платени 42 милиони фунти пред две години. Играчот од средниот ред веќе потпиша петгодишен договор со опција за дополнителни 12 месеци. Тој ќе биде еден од најплатените играчи на Тотенхем. Неговата плата ќе биде 200 000 фунти неделно. Интерес кон Ндомбеле имаше и кај Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Јувентус, но тој ја…

Read More

Маркус Рашфорд го стави својот потпис на новиот договор со Манчестер Јунајтед. Според весникот „Телеграф“, договорот е за 4+1 година, а 21-годишниот напаѓач ќе добие речиси 300.000 фунти неделно ако се активираат бонусите во зависност од неговиот настап. Ова значи дека неговата плата ќе биде поблиску до онаа на Пол Погба. Преговорите поминаа долг пат, кој го загрижи раководството на клубот, откако се појави интерес на Барселона за напаѓачот. Според „Телеграф“, веста за новиот договор на Маркус Рашфорд ќе биде официјално објавена денес или утре. Минатата сезона, 21-годишниот напаѓач постигна 13 гола и имаше девет асистенции на 47 натпревари во…

Read More