Author: riste

Шпанската Барселона планира да го купи членот на репрезентацијата на Аргентина, Лаутаро Мартинез, а сумата која би требало да ја платат е 112 милиони евра. Раководството на каталонскиот клуб смета дека 21-годишниот Аргентинец е повеќе ветувачки играч од неговиот тимски колега Мауро Икарди. Мартинез се пресели во Интер пред една година од Аргентинскиот клуб Расинг за 22 милиони евра, а износот кој е ставен како откупна клузула е во висина од 112 милиони евра. Во сезоната 2018/19, младиот напаѓач постигна 9 гола и имаше 2 асистенции во 35 натпревари за Интер во сите натпреварувања. Под водство на новиот селектор Лионел…

Read More

Екипата на Вардар за новата сезона ќе биде засилена со доаѓањето на бразилскиот интернационалец Хозе Гиљермо Де Толедо (25). Тој потпиша двегодишен договор со европскиот првак Вардар, а игра на позицијата десен бек. Роден во Сао Паоло, висок 193 см и тежок 100 кг. Толедо треба да му биде колега на Даинис Криштопанс на десната бековска страна. Толедо е репрезентативец на Бразил, и има освоени златен (2016) и сребрен (2018) медал од Пан Американските игри. Играше и на СП 2015 година во Катар. Толедо е вториот Бразилец во клупската историја што ќе настапува во дресот на Вардар. „Со ангажирањето на…

Read More

Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров официјално го претстави второто засилување во овој летен преоден рок. По Ермедин Адем, претставен е и крилниот напаѓач Лука Трајкоски (19) кој доаѓа од Победа Прилеп. „Среќен сум за моето доаѓање во Македонија Ѓорче Петров и се чувствувам одлично во новата средина. Задоволен сум од она што го видов досега, од тоа како клубот е организиран и функционира и се’ укажува на тоа дека како млад играч ќе имам шанса да напредувам. Ветувам дека ќе дадам се’ од себе и достојно ќе го носам овој дрес”, изјави Лука Трајкоски.

Read More

Екипите на Рома и Јувентус го финализираа договорот за дефанзивецот Лука Пелегрини и играчот од средниот ред Леонардо Спинацола. Рома го привлекува 26-годишниот Спанацола со договор за 4 сезони, додека Јувентус ќе му даде 5-годишен договор на 22-годишниот Пелегрини. Бидејќи двајцата играчи се со различна вредност, Рома ќе доплати уште 7,5 милиони евра. Претходно, римскиот клуб најави уште еден таков договор, со кој го испратија грчкиот дефанзивец Костас Манолас во Наполи, во замена за Амаду Диавара.

Read More

Поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Џампјеро Вентура, ќе ја предводи Салернитана во Серија Б. 71-годишниот тренер потпиша едногодишен договор со можност за обновување за една година. Последното место на работа за Вентура беше Киево, од каде што беше отпуштен минатиот ноември. Под раководство на Вентура, „летечките магариња” одиграа четири натпревари во италијанската Серија „А“, во која освоија само еден бод на мечот со Болоња (2:2). Салернитана минатата сезона заврши на 15 место во Серија Б. Претходно, Вентура ја предводеше селекцијата на Италија токму на натпреварите со Македонија, но беше отпуштен откако не успеа да се пласира на светското првенство -…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски го напушта Палермо и во следните две сезони ќе го носи дресот на Удинезе. Несторовски во текот на изминатите месеци имаше беколку понуди за продолжување на кариерата, но тој одлучи да се врати во Серија А. https://twitter.com/MCriscitiello/status/1145447540999020544 Илија Несторовски во моментов е на одмор па затоа во следните неколку денови и официјално треба да го потпише договорот и да биде промовиран во дресот на италијанскиот тим Удинезе, пренесе „Sportitalia“. Несторовски добил гаранција дека ќе биде во првиот тим на Удинезе и затоа ги одбил понудите на Болоња и Торино. Причината за заминување од Палермо е…

Read More

Она што пред неколку дена го најавија Италијанските медиуми се реализираше во текот на вчерашниот ден. Костас Манолас се сели во Наполи, то аи официјално е веќе потврдено од двата клуба. Неговиот досегашен клуб Рома и официјално се збогуваше со грчкиот дефанзивец, посакувајќи му среќа во новиот клуб и објавувајќи видео со дел од неговите најважни моменти во составот на „волчицата“. Манолас ќе биде дел од договорот меѓу Рома и Наполи, во кој во спротивна насока треба да замине Амаду Диавара, а Рома ќе треба да добие уште 12 фиксни и 3 милиони евра во вид на бонуси. Манолас во…

Read More

Во првите неколку часа од првиот ден од месец јули, Интер официјално го објави привлекувањето на Диего Годин. Уругвајскиот дефанзивец доаѓа со слободен трансфер од Атлетико Мадрид. Поранешниот капитен на Атлетико Мадрид потпиша договор до 2022 година. Централниот дефанзивец ќе добива 4,5 милиони евра по сезона, а со бонусите предвидени во неговиот договор, сумата би можела да достигне 6 милиони евра. Диего Годин во Интер повторно ќе се сретне со својот поранешен соиграч во Атлетико, Жоао Миранда. Одбраната на Интер изгледа импресивно со Годин, Милан Шкрињар и Стефан де Фрај. 33-годишниот Годин е поранешен фудбалер на Церо, Национал (Монтевидео) и…

Read More

Напаѓачот на Кристал Палас, Вилфрид Заха, побара од клубот да го продадат во Арсенал. Сепак, цената може да биде сериозен проблем за евентуална зделка на 26-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска и трансфер во Арсенал. Според весникот „Ел Мундо Депортиво“, Кристал Палас ќе побара 111 милиони евра за Заха, додека од раководството на Арсенал не се подготвени да го платат тој износ. К ристал Палас веќе се раздели со Арон Ван-Бисака кој замина во Манчестер Јунајтед, така што во овој момент не сакаат да останат и без Заха, кој постигна 9 гола во 36 натпревари минатата сезона и имаше…

Read More

Веќе поранешниот играч на ПСЖ Адриен Рабио ќе ги помине медицинските прегледи во Јувентус во текот на утрешниот ден, а потоа ќе потпише договор за четири години со тимот од Торино, тврдат некои од најголемите спортски медиуми во Италија. Двете страни постигнале договор за сè, но договорот на Французинот со ПСЖ истекува денес и „бјанконерите” одлучиле да почекаат до утре, за да може тој да биде тестиран од медицинските лица во клубот и да го потпише договорот. Тој ќе добие 7 милиони евра годишно плус бонуси во зависност од постигнатите резултати. Рабио беше голема желба на Манчестер Сити и Барселона,…

Read More