Author: riste

Играчот од средниот ред на Асренал Месут Озил најверојатно ќе остане во Арсенал следната сезона поради тоа што никој не даде понуда и не покажа интерес за него. Според „Дејли меил”, од Арсенал биле подготвени да ја разгледаат можноста за продажба на 30-годишен фудбалер кој заработува 350 000 фунти неделно, а со тоа и да го исклучи од платниот список. Сепак, информациите кои ги објави „Дејли меил“ велат дека Арсенал сè уште не добил никакви официјални понуди или барања за Озил, кој е поврзан со оваа екипа со договор до 2021 година. Затоа, во летниот преоден рок овој играч од…

Read More

Фиорентина започна преговори за привлекување на фудбалерот на Милан Лукас Билија. 33-годишниот ветеран не влегува во плановите на новиот спортско-технички тим на „Сан Сиро“ и „росонерите” се подготвени да се разделат со него. Во исто време Аргентинецот е посакуван од тренерот на „виолетовите” Винченцо Монтела, па договорот меѓу двата клуба е многу веројатно да биде реализиран. Преговорите меѓу Милан и Фиорентина веќе се во тек, а во меѓувреме од Фиренца се поврзале со агентот на играчот за да ги договорат личните услови. Се смета дека и самиот Билија сакал да биде направен овој трансфер, но сакал прво да разговара со…

Read More

Њукасл може да го земе тренерот на Порто Серџо Консеисао за нов тренер на нивната екипа, пренесува „Скај Спортс“. Според најновите информации, тренерот е заинтересиран за можноста д аработи во Премиер лигата и е подготвен да го напушти Порто за да седне на клупата на Њукасл. Англискиот тим разгледува неколку опции за следниот тренер, а профилот на португалскиот стручњак е најблиску до оној на Бенитез, кој не сакаше да го обнови договорот и го напушти клубот. Консеисао го водеше две сезони тимот на Порто и успеа да ја освои титулата во 2018 година.

Read More

Фудбалерите на Бразил се пласираа во полуфиналето на Копа Америка, но дури по подобро изведување на пенали во дуелот против селекцијата на Парагвај. Домаќинот Бразил мораше преку пенали да го елиминира Парагвај со 4:3, откако натпреварот на „Гремио Арена“ во Порто Алегре заврши без голови (0-0). Бразил беше доминантен во текот на целиот натпревар, но избраниците на селекторот Тите не успеаа да го најдат патот кон голот на Парагвај и покрај бројните шанси кои ги имаа. Во 58. минута главниот судија Роберто Тобар покажа на белата точка по стартот на Балбуена над Габриел Жесус, но по прегледувањето на ВАР-снимката ја…

Read More

Летните подготовки на екипата на Вардар ќе стартуваат во сабота кога ќе биде одржана првата прозивка. Првиот тренинг е закажан за 18 часот во тренинг кампот во Хиподром. Екипата на „црвено-црните“ ќе се подготвува за новата сезона во домашниот шампионат на својот тренинг камп се до 17-ти јули кога е планирано да заминат на подготовки во Рогашка Слатина, Словенија. Таму експедицијата останува до 2-ри август, и ќе одигра неколку интернационални пријателски натпревари. Во следните неколку дена е најавено дополнителни информации за текот на подготовките, како и за противниците за контролните мечеви кои ќе бидат одиграни во Словенија.

Read More

Вардар и Еурофарм Работник денеска ќе ги дознаат противниците со кои ќе играат во групите на ЕХФ Лигата на шампионите. Вардар ќе игра во некоја од групите А или Б. Единствените противници со кои нема да може да игра се ПСЖ кој исто така е во првиот шешир и со ППД Загреб кој дели шешир со Монпеље. Вардар и Монпеље ќе бидат во иста група, се друго ќе реашава ждрепката. Еурофарм Работник ќе го има својот дебитантски настап во Лигата на шампионите во групите Ц или Д. Според тоа дека Битолчани нема да можат да играат против екипите на Кристијанштад…

Read More

Новиот тренер на Интер, Антонио Конте, наскоро ќе има еден од играчите што најмногу ги посакуваше. Според информациите кои беа објавени денес од медиумите Интер и Херта (Берлин) се договориле за австрискиот репрезентативец Валентино Лазаро. Тој може да игра и десното крило, што го прави многу погоден за омилениот систем на Конте со формација 3-5-2. Лазаро ги договорил своите лични услови со Интер пред неколку недели, но преговорите меѓу клубовите беа тешки. Најновите информации, сепак велат дека Интер се согласил да плати помеѓу 18 и 20 милиони евра за 23-годишниот поранешен фудбалер на Ред Бул Салцбург. Исто така, ќе има…

Read More

Играчот од средниот ред на Реал, Матео Ковачиќ , кој минатата сезона играше во Челзи, ќе остане во „синиот табор“ по истекот на договорот за позајмица, објави новинарот Џанлука Ди Марцио на својот Твитер профил . Според ова, Челзи се согласил за трансферот на 25-годишен фудбалер. Износот на трансферот, земајќи ги предвид бонусите, може да изнесува 50 милиони евра. Претходно беше објавено дека Хрватот е заинтересиран за неговиот поранешен клуб Интер, кој ќе го предводи Антонио Конте. Исто така, Милан покажува интерес за фудбалерот. Како дел од Челзи, Ковачиќ учествувал на 32 натпревари од Англиското првенство (21 – во првиот…

Read More

Играчот од средниот ред Реал Мадрид Иско може да продолжи кариера во Манчестер Сити, објави шпанскиот весник „Марка“. Клубот од Манчестер бара замена за играчот од средниот ред, Давид Силва, кој рече дека ќе го напушти клубот на крајот на следната сезона за да помине повеќе време со своето семејство. Една опција е трансферот на 27-годишниот фудбалер на Реал Мадрид. Претходно беше објавено дека Реал планира да се раздели со Иско, но играчот сака да остане во клубот. Во сезоната 2018/19, Иско учествуваше на 37 натпревари во сите натпреварувања, постигна шест гола и имаше неколку асистенции. Договорот на фудбалерот со…

Read More

Веќе подолго време ПСЖ крои планови како да го привлече Џанлуиџи Донарума од Милан во своите редови, многу веројатно е ова лето италијанскиот репрезентативец навистина да пристигне на „Паркот на принцовите“. Скај Спорт Италија и Еуроспорт Франција информираат дека  од ПСЖ започнале преговори со Милан за размена на Донарума и Алфонс Ареола. „Росонерите” треба да ги регулираат своите финансии до 30 јуни и имаат интерес зделката да се оствари пред тој датум. На „Сан Сиро” гледаат сосема сериозно на варијантата да го добијат Ареола и 20 милиони евра во замена за Донарума. Пред една година цената на Донарума беше значително…

Read More