Author: riste

Од Бенфика официјално потврдија синоќа дека тимот добил неверојатна понуда во висина од 126 милиони евра од Атлетико (Мадрид) за младата ѕвезда Жоао Феликс, а ова беше објавено од португалскиот гигант на клупскиот сајт. Атлетико Мадрид по секоја цена го сака најталентираниот напаѓач на португалскиот фудбал и мислат дека тоа би можело да биде одлична инвестиција за иднината. Покрај тоа, тимот го напушти нивната поранешна ѕвезда Антоан Гризман, кој ќе го облече дресот на Барселона. Експертите му предвидуваат светла иднина на 19-годишниот Феликс кого го сметаат за нов Кристијано Роналдо. „Фудбалски клуб Бенфика сака да соопшти дека доби понуда од…

Read More

Јувентус е во финална фаза во преговорите за привлекување на Матијас Де Лихт. Различни извори, меѓу кои „Скај Италија“ и „Калчомеркато“, открија дека капитенот на Ајакс веќе ја прифатил понудата на италијанскиот шампион. Де Лихт ќе потпише договор за 5 години, со плата од 8 милиони евра. Со предвидените бонуси износот може да достигне 12 милиони евра. Во договорот ќе биде вклучена откупна клаузула во вредност од 150 милиони евра. Токму неможноста да впише слична клаузула го спречило ПСЖ да го финализира привлекувањето на Де Лихт пред неколку недели, тврди трансфер експертот Џанлука Ди Марцио. Францускиот гигант беше многу блиску…

Read More

Откако вчера Валенсија го најави ангажманот на Јаспер Силесен со специјално видео, каталонскиот клуб Барселона и официјално ја потврди продажбата на холандскиот голман. „Барселона и Валенсија постигнаа согласност за условите за трансфер на Јаспер Силесен. Валенсија ќе плати 35 милиони евра. Барселона му се заблагодарува на Силесен за посветеноста и лојалноста, истовремено му посакува многу успеси во иднина”, напишаа од „Камп Ноу” на својот официјален сајт. https://twitter.com/FCBarcelona/status/1143967393951211522 Силесен пристигна во Барселона во 2016 година од Ајакс. Тогаш Барса плати 13 милиони евра. Холанѓанецот одигра вкупно 32 натпревари во кои прими 25 гола. Со Барселона освои 6 трофеи, две титули, два…

Read More

Дефанзивецот на Кристал Палас, Арон Ван-Бисака, е пред трансфер во Манчестер Јунајтед, пишува „Би-би-си”. Според објавените информации, двата клуба се согласиле околу договорот и износот на трансферот ќе изнесува 50 милиони фунти. Во наредните денови, 21-годишниот англичанец ќе помине лекарските прегледи на „Олд Трафорд“. Платата на Ван-Бисака во Јунајтед ќе изнесува 90.000 фунти неделно, девет пати повеќе од неговата плата во Кристал Палас. Во сезоната 2018/19 Арон Ван-Бисака играше 35 натпревари за Кристал Палас и имаше 3 асистенции.

Read More

Тотенхем е многу близу до ангажманот на својот прв фудбалер по повеќе од 510 дена. Станува збор за 18-годишниот играч на Лидс Јунајтед Џек Кларк, кој ќе го чини тимот од Лондон околу 10 милиони фунти. Двата клуба веќе се согласиле околу трансферот и на играчот му била дадена дозвола од Лидс да замине на медицински прегледи. Кларк дебитираше за првиот тим на 6 октомври минатата година. Тој потоа одигра 25 натпревари во Чемпионшип лигата и постигна два гола. За последен пат, Маурицио Почетино привлече нов играч во својот тим во јануари 2018 година, кога го купи Лукас Моура. Во…

Read More

Француски весник „L’Equipe“ денес објави информација во која се вели дека цената на Килијан Мбапе е помеѓу 230 и 250 милиони евра. Ако некој клуб плати, тоа ќе биде нов трансфер рекорд. Пред две години талентираниот напаѓач го смени Монако со ПСЖ со чуден договор – позајмица за 35 милиони евра и дополнителна клаузула од 145 милиони евра. Сè на сè, 20-годишната француска суперѕвезда ќе игра во новата сезона на „Паркот на принцовите“. Реал Мадрид се подготвува за моќна офанзива по една година во која треба да потроши над 200 милиони евра. Договорот на ПСЖ со Мбапе е до летото…

Read More

Голманот на Барселона Јаспер Силесен е на чекор до трансфер во Валенсија. Според шпанските медиуми, холандскиот голман е на прегледи во спортскиот центар на Валенсија. Се очекува резервниот голман на Барселона да биде дел од тимот на Валенсија, додека актуелниот голман на оваа екипа, Нето да се пресели на „Камп Ноу“ и да му биде алтернатива на Марк Андре Тер–Штеген. По размената Нето ќе ја заземе улогата на Силесен. Интересно е дека двата трансфери ќе бидат одделни операции, најнапред Барса ќе добие 25 милиони. евра за Холанѓанецот, а малку подоцна од „Камп Ноу” ќе ја уплатат истата сума за Нето.

Read More

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука Драган Канатларовски – Цапар да биде назначен за селектор на македонската репрезентација во младински категории. Прославеното име на македонскиот фудбал ќе ја предводи македонската репрезентација до 15 години. „После 12 години се враќам во македонскиот фудбал и среќен сум што заеднички со луѓето од Федерацијата имаме прилика да дадеме придонес во развојот на еден од најбитните сегменти од фудбалот, а тоа е младинскиот фудбал и неговиот напредок. Благодарен сум што раководството на федерацијата и претседателот Сејдини придонесоа „Куќата на фудбалот“ да ја чувствувам како своја. Можеби за некои…

Read More

Еден од младите репрезентативци на Македонија, Димитар Димитриоски (21) е нов член на РК Вардар. Левото крило потпиша двегодишен договор со „црвено-црните” и ќе му прави друштво на Тимур Дибиров во новата сезона. Со доаѓањето на Димитриоски клубот продолжи со засилувањето и подмладувањето на тимот во одбрана на европската титула. Димитар Димитриоски, е млад, но сепак со веќе акумулирано искуство со настапите во регионалната СЕХА лига и во Лиигата на шампионите за екипата на Металург. Тој веќе е на списокот на сениорската репрезентација на Македонија, а играше во квалификациите за ЕП 2020 година. Ги помина и сите младински селекции во репрезентацијата, покажувајќи дека е…

Read More

Дефанзивецот на Кристал Палас, Арон Ван Бисака , наскоро ќе ги помине потребните процедури, односно медицинските прегледи пред да го комплетира трансферот во Манчестер Јунајтед. Најавата на медиумите во Англија велат дека оваа недела фудбалерот ќе се врати во Англија по настапот за младата репрезентација до 21 година и веднаш ќе замине на прегледи во Манчестер Јунајтед. Она што веќе се знае е дека Манчестер Јунајтед и Кристал Палас се согласиле за трансферот на Ван Бисака за 55 милиони фунти (околу 62 милиони евра). Во текот на минатата сезона, Ван Бисака учествуваше на 39 натпревари за својот клуб. Арон Ван…

Read More