Author: riste

Петар Чех официјално се врати на „Стемфорд Бриџ“. 37-годишниот поранешен голман, кој стави крај на својата фудбалска кариера на крајот од сезоната, ќе работи како технички советник и тимски советник. Чехот ќе работи заедно со Марина Грановскаја, која денес лично го претстави Чех и ја најави неговата нова улога. Чех дојде за прв пат во Челзи во 2004 година, а во 11 сезони тој беше прв голман на „Сините од Лондон“. Во летото 2015 година ја напушти екипата и кариерата ја продолжи во Арсенал. „Се чувствувам привилегиран што имам можноста да се вклучам повторно во  Челзи и да помогнам за…

Read More

Ракометниот клуб Еурофарм Работник доби одлични вести од ЕХФ, а тоа е дека нивната апликација за „вајлд карта“ за учество во ракометната Лига на шампиони на ЕХФ е прифатена. На тој начин оваа екипа ќе биде вториот македонски преставник во Лигата на шампионите во новата сезона. Македонија изминативе неколку години редовно има по два учесника во Лигата на шампионите, но за разлика од претходните години, откако Еурофарм Работник го симна од втората позиција на табелата во Супер лигата тимот на Металург и обезбеди пласман во СЕХА лигата и еврокуповите, сега доби зелено светло од ЕХФ за учество во Лигата нашампионите.…

Read More

Напаѓачот на Вест Хем Јунајтед Марко Арнаутовиќ изрази желба да се врати во Интер, каде што играше од 2009 до 2010 година. Според „Скај Спорт“, австрискиот фудбалер преку своите претставници јасно ставил до знаење дека сака повторно да игра во Серија „А“. Во исто време, тренерот на Интер, Антонио Конте, смета дека Един Џеко, кој е член на Рома, претставува приоритетна цел за засилување на нападот. Меѓутоа, доколку не дојде до договор меѓу Интер и Рома, од миланскиот клуб се подготвени да се свртат кон варијанта со Арнаутовиќ, кого Вест Хем е подготвен да го продаде за 25 милиони евра.…

Read More

Македонската одбојкарска репрезентација е пред крајот од првата фаза од подготовките за Европското првенство. Селекторот Никола Матијашевиќ ќе им даде мала пауза на одбојкарите, а ја закажа втора прозивка на 14 јули во Маврово кога ќе започнат главните подготовки. Членот на нашата репрезентација , либерото Дарко Ангеловски смета дека возбудата кај него и соиграчи расте како што се ближи европското првенство. „Од ден на ден возбудата расте, иако до Европското првенство има уште многу време. Но ако се размисли подобро, и нема премногу време. Затоа се повеќе ја чувствуваме возбудата кај нас што ја предизвикува ова дебитантското учество на еден…

Read More

Поранешниот голман на репрезентацијата на Италија и Јувентус, Џанлуиџи Буфон, може да оди во Аталанта, објави „Скај Спорт Италија“. Откако стана јасно дека голманот нема да го обнови договорот со ПСЖ беше најавено негово враќање во Италија. Имаше информации дека 41-годишниот фудбалер добил понуда од Бреша, која се врати во Серија „А“. Исто така, италијанските медиуми тврдеа дека Буфон има опции да ја продолжи кариерата во Лацио или Џенова. Покрај тоа, беше објавено дека приоритетната опција за голманот е да се врати во Парма, од каде што ја започна кариерата. Сепак последните информации велат дека Буфон има опција да игра во…

Read More

Сосема очекувано Зајон Вилијамсон е избран за прв пик на овогодинашниот НБА драфт. Младиот крилен кошаркар кој настапуваше за екипата на Дјук, беше избран од страна на Њу Орлеанс Пеликанс, кои имаа среќа на лотаријата да го добијата првиот пик, а тоа беше токму Зајон Вилијамсон. https://twitter.com/NBA/status/1141853466295525376 18-годишникот кошаркар минатата сезона во тимот на Дјук имаше просек од 22,6 поени и 8,9 скока по натпревар. Како втор пик, од страна на Мемфис беше избран Џа Морант, кои изминатите две сезони настапуваше за екипата на Мареј Стејт. Третиот избор за пик на драфтот го имаше Њујорк Никс, а тие се одлучија…

Read More

ПСЖ е подготвен да даде понуда од 30 милиони евра за играчот од средниот ред на Бреша и националниот тим на Италијанската млада репрезентација, Сандро Тонали, пишува весникот „Л‘Екип“. Тренерот на ПСЖ Томас Тухел, смета дека младиот Италијанец ќе направи одлична работа во тимот за далечна иднина и сака по секоја цена да го донесе во своите редови. Сопственикот на италијанскиот тим, Масимо Челино, неодамна објави дека 19-годишниот талент нема да биде продаван, но секако би можел да ја смени својата одлука по оваа понуда која наскоро ќе стане реалност. Самиот Тонали е интересен и за италијанските гиганти титули, но…

Read More

Поранешниот шпански репрезентативец и напаѓач на Ливерпул, Челзи и Атлетико Мадрид Фернандо Торес најави крај на својата кариера. 35-годишниот фудбалер кој во моментов игра за јапонскиот Саган Тошу ја објави веста преку социјалните мрежи. „Морам да ви кажам нешто многу важно. По 18 возбудливи години, дојде време да се стави крај на мојата фудбалска кариера. Следна недела, 23-ти, во 10 часот по јапонско време, ќе одржам прес-конференција за медиумите во Токио, каде што ќе ги објаснам сите детали. Ќе се видиме таму”, напиша Фернандо Торес. https://twitter.com/Torres/status/1141934249362124801 Шпанскиот напаѓач имаше одличен настап на „Енфилд“ по пристигнувањето од Мадрид во 2007 година.…

Read More

Рома и Интер тврдат дека ги договориле услугите на играчот од средниот ред на Каљари, Николо Барела . Римскиот клуб веќе се договорил со Каљари за трансферот, но самиот играч сака да оди во Интер, објави „Калчомеркато“ Според истата информација, од Рома направиле поповолна понуда од Интер. Истовремено, челниците на клубот од Милано, исто така, имаат предност, бидејќи претходно се согласија со условите кои ги барал Барела. Николо е играч кој потекнува од младинската екипа на Каљари. Тој почна да игра за првиот тим во 2014 година. Сегашниот договор на 22-годишниот италијански играч од средниот ред е со важност до…

Read More

Италијанскиот гигант Јувентус покажува интерес за дефанзивецот на англискиот Тотенхем, Киран Трипиер , објавија италијанските медиуми. Новиот тренер на „Старата дама“, Маурицио Сари, гледа во 28-годишниот фудбалски репрезентативец на Англија замена за Жоао Кансело, кој е близу до преселба во Манчестер Сити. Според истиот извор, менаџментот на Јувентус му понудил на Трипиер договор за период од пет години со плата од 2,6 милиони евра по сезона, плус бонуси. Сепак, претседателот на лондонскиот клуб, Даниел Леви не сака да се раздели од еден од клучните играчи во тимот за помалку од 25 милиони евра. Во сезоната 2018/19 Трипиер одигра 38 натпревари…

Read More