Author: riste

Украинскиот играч од средниот ред, Александар Зинченко го продолжи договорот со Манчестер Сити, објави денес клубот. Новиот договор на играчот е со важност до 2024 година. Фудбалерот се пресели кај „граѓаните“ од екипата на Уфа во 2016 година и веднаш беше позајмен во ПСВ Ајндховен. По сезоната помината во Холандија, се врати во Манчестер Сити, каде што освои две шампионски титули, стана двоен победник на Лига Купот на Англија и го подигнал ФА Куп трофејот. Минатата сезона Зинченко одигра 29 натпревари во сите натпреварувања и постигна 1 гол.

Read More

Агентот на португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш – Мигел Пињо, започна преговори со Тотенхем за трансфер на играчот од Спортинг Лисабон во составот на Тотенхем, пишува весникот „А Бола“. Пречка за реализацијата на трансферот во моментот е високата цена на Фернандеш од 64 милиони фунти, која би била невозможна за Тотенхем, ако не биде продаден Кристијан Ериксен. Исто така и Манчестер Јунајтед води преговори со Спортинг веќе повеќе од еден месец, но во моментов зделката не е постигната. Минатата сезона Фернандеш постигна 31 гол во 50 натпревари во сите натпреварувања за својата екипа.

Read More

Играчот на Борусија Дортмунд Марко Ројс ќе остане капитен на тимот и покрај враќањето на дефанзивецот Матс Хумелс, објави весникот „Кикер“. Ова беше потврдено од страна на генералниот менаџер на тимот Михаел Цорг. Одбрандбениот играч потпиша тригодишен договор со плата од 10 милиони евра годишно. Хумелс беше капитен на Борусија во неговиот претходен престој во клубот. Тој се приклучи на Борусија во 2009 година и беше дел од тимот до 2016 година. Ројс беше именуван за капетан, откако клубот го напушти Хумелс во 2016 година. Како фудбалер на Борусија, Матс Хумелс двапати ја освои Бундеслигата и Супер Купот како и Германскиот…

Read More

Поранешниот капитен на Вердер (Бремен) Макс Крузе повторно е на дневен ред во трансфер плановите на Ајнтрахт (Франкфурт), објави „SportBild“. 31-годишниот напаѓач е слободен агент откако не го обнови договорот со клубот од „Везерстадион”, каде ги помина последните три сезони. Заминувањето на Лука Јовиќ во Реал Мадрид ги отвора широко вратите за преминувањето на Крузе на „Комерцбанк Арена”. Ајнтрахт веќе го зеде младиот српски напаѓач Дејан Јовелиќ, но тој сигурно нема да биде прв избор во нападот за составот на Адолф Хјутер. Хјутер ја сака разновидноста што Крузе може да му ја донесе во нападот на тимот, бидејќи поранешниот играч…

Read More

Новата сезона во машката супер лига треба да почне на 7 септември и првиот дел од сезоната би требало да заврши најдоцна до 15 декември. Ова го решија суперлигашите на својата годишна конференција на клубовите. До 30 јуни сите клубови што имаат право на настап во елитата треба да го потврдат своето играње, а потоа ќе се организiра и ждрепка за двојките. Во супер лигата ќе има седум тимови од Скопје – Работнички, Вардар, Металург, Пролет, Бутел Скопје, Металург 2 и Вардар Јуниор, плус Охрид и Струга, битолските ривали Пелистер и Еурофарм Работник, како и тимот на Радовиш. Вардар и…

Read More

Централниот дефанзивец на Баерн Минхен Матс Хумелс се враќа во Борусија Дортмунд по три сезони поминати на „Алијанц арена“. Веста беше потврдена на официјалната веб-страница на шампионот. Причината за брзата реакција од Баерн беше тоа што престижните германски медиуми „Кикер“ и „Шпигел“ , денес открија дека двата клуба конечно се согласиле и трансферот ќе биде вреден 38 милиони евра со бонуси. Откако ќе ги помине задолжителните медицински прегледи, Хумелс ќе го парафира договорот за три сезони со тимот од „Сигнал Идуна парк“. Тој исто така беше капитен на актуелниот германски вице-шампион. Хумелс изразил желба за промена, бидејќи се чувствува потценето…

Read More

Дефанзивецот на Ајакс Матијас Де Лихт ја одбил можноста да се пресели во Барселона, тврди весникот „Кадена Сер”. 19-годишниот дефанзивец е баран од повеќето европски гиганти, но е најблиску до трансфер во ПСЖ, каде му нудат висока плата. Во моментов тој размислува за понудите, додека е на одмор во Флорида. Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу лично патувал до Амстердам, за да се обиде да го убеди играчот да премине на „Камп Ноу”, како што успеа да направи со неговиот поранешен соиграч Френки де Јонг. Овој пат, сепак обидите наишле на ѕид, а главната причина е агентот на Де Лихт,…

Read More

Нејмар ќе ги пропушти првите три натпревари од новата сезона во Лигата на шампионите. Бразилецот е казнет од УЕФА поради критиките за судиите по елиминацијата на ПСЖ од Лигата на шампионите минатата сезона. Манчестер Јунајтед го елиминираше шампионот на Франција по пеналот кој беше досуден во судиското надополнување и тоа по видео анализата на ВАР системот. По натпреварот , Нејмар ги нападна судиите на социјалните мрежи. УЕФА брзо го казни бразилецот со три натпревари, но ПСЖ поднесе жалба против одлуката. Обидот на францускиот шампион да ја намали санкцијата беше неуспешен и казната беше потврдена денес. Се уште е нејасно дали…

Read More

Македонските фудбалски клубови кои ќе ја претставуваат нашата земја во квалификациите за Лига Европа вчера ги дознаа првите противници, а денес ги дознаа и евентуалните втори противници. Академија Пандев во првото коло ќе игра против Зрињски, Алашкерт ќе ја предизвика екипата на Македонија ЃП, а Пјуник е првата пречка во квалификациите за екипата на Шкупи. Денес беа извлечени и двојките за 2. квалификациско коло по што се познати и потенцијалните противници на нашите екипи. Утрехт – Академија Пандев/Зрињски  Алашкерт/Македонија ЃП – Стеауа/Милсами Пјуник/Шкупи – Јаблонец Натпреварите од 2. квалификациско коло се закажани за 25 јули и 1 август.

Read More

Во периодот од 21 јуни до 30 јуни 2019 година во Минск, Белорусија ќе се одржат вторите Европски игри на кои ќе настапат 50 европски држави, со околу 4000 спортисти во 15 спортови. Нашата држава ќе ја претставуваат 12 спортисти кои ќе се натпреваруваат во следните спортови (спортски дисциплини): 1. Емил Павлов – карате 2. Магомедгаџи Нуров – борење (слободен стил) 3. Владимир Егоров – борење (слободен стил) 4. Фати Вејсели – борење (слободен стил) 5. Арбреша Реџепи – џудо 6. Владимир Малески – кајак 7. Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 8. Андреј Петровски – велосипедизам (улична трка, хронометар) 9.…

Read More