Македонскиот фудбалски интернационалец Душко Трајчевски останува и понатаму во Кипар, откако се реши својата кариера да ја продолжи во тимот на Докса Катокопијас. Нашиот интернационалец кој игра во средниот ред минатото лето се реши да се пресели на Кипар и тоа беше негов прв интернационален предизвик, а настапуваше за Алки Ороклини, но по само една сезона реши да не ја менува земјата туку само да ги смени клупските бои. 28-годишниот ДушкоТрајчевски кариерата ја започна во Локомотива, а потоа настапуваше за Тетекс и Работнички каде што беше и капитен. Трајчевски има пет настапи за А селекцијата на Македонија за која дебитираше во 2015 година.
Author: riste
Поранешниот претседател на УЕФА Мишел Платини бил уапсен утринава, соопшти „Медипарт“. Акцијата е во врска со истрагата за корупција во одредувањето на Катар за домаќин на Светското првенство во 2022 година Поранешниот репрезентативец на Франција беше на чело на европската фудбалска централа (УЕФА) во периодот од 2007 до 2015 година, кога беше исклучен на инсистирање на етичката комисија. Против него имаше обвинение дека добил нерегулирано плаќање од 2 милиони долари од поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер. Подоцна и двајцата добија забрана да се занимаваат со фудбалска функција до 2023 година
Шампионската парада на Торонто се претвори во вистински акционен филм откако се случи инцидент кој остави црна дамка на прославата на историската шампионска титула на Торонто Репторс. Возбудата на навивачите при првата титула на единствениот досега канадски шампион во најсилниот кошаркарски шампионат во светот очигледно беше преголема и на крајот дојде до лоши сцени при поминувањето на трофејот на плоштадот „Нејтан Филипс”. Уапсени се двајца мажи кои употребиле огнено оружје и пукале, а притоа повредиле четворица навивачи кои биле присутни на плоштадот. Пукањето предизвикало паника на улиците при што луѓето почнале панично да бегаат, токму тоа било причина да има…
Тимот на Бенфика фицијално излезе со изјава со која ги осуди информациите дека клубот се договорил со Атлетико Мадрид за трансферот на Жоао Феликс. „Како одговор на вестите кои беа објавени во текот на вчерашниот ден, Бенфика потврдува дека не е точно дека постојат преговори за потенцијален трансфер на играчот Жоао Феликс. Условите на преговорите се јавни, имајќи ја предвид клаузулата за откуп од 120 милиони евра. Она што е уште посериозно и го заслужува нашето најсилно негирање е лажната вест дека преговорите вклучуваат провизија од 30 отсто. За жал, тоа беше објавено во Португалија од страна на весникот „А…
Една од ѕвездите на Ливерпул, Мохамед Салах, ќе продолжи да игра на стадионот „Енфилд“. Заинтересирани за услугите на Салах се Реал Мадрид и Јувентус, но раководството на Ливерпул ги одби понудите на два клуба. Реал и Јувентус направиле дури и конкретни понуди за Салах од 168 милиони евра, но Ливерпул цврсто стои на својата определба и ги одбил двете понуди, пренесува весникот „Мирор“. 27-годишниот египетски репрезентативец пристигна на „Енфилд“ во 2017 година за 42 милиони евра. Тој брзо стана главен играч во Ливерпул, а неговиот договор со клубот е до летото 2023 година, но следното лето повторно може да размисли…
Уругвајскиот дефанзивец Мартин Касерес го потврди заминувањето од Јувентус. Тој пристигна во Торино во јануари, за да го замени Меди Бенатија, откако Мароканецот беше продаден во Катар. Дефанзивецот одигра 9 натпревари и го освои Скудето со „Бјанконерите”. Договорот на Касерес истекува овој месец и нема да се обновува. „Моето семејство се „бјанконери“, а син ми Лео, е роден во Торино и е голем навивач на Јувентус исто како ќерка ми, Мартина. Искуството во Торино никогаш нема да го заборавам”, напиша 32-годишниот Касерес на „Инстаграм“.
Поранешната ѕвезда на Лацио и Милан Алесандро Неста е новиот тренер на Фросиноне, соопшти клубот. Последен пат Неста беше требер на Перуџа во Серија „Б“, но беше отпуштен на крајот на мај по елиминацијата на тимот во плеј-офот за влез во Серија „А“. Перуџа загуби од Верона со 1:4, а два дена подоцна раководството на клубот одлучи да се раздели со тренерок кој беше светскиот шампион со Италија од Светското првенство 2006 година. Фросиноне заврши на 19-то место во Серија „А“ и се пресели во Серија „Б“, а целта на Неста ќе биде да го врати тимот во елитната Калчо…
Репрезентацијата на Чиле со убедлива победа од 4:0 над Јапонија ја започна одбраната на титулата на Копа Америка. Селекторот на Чиле Рејналдо Руеда може да биде задоволен како неговите избраници го одиграа првиот натпревар на првенството во Бразил. Чиле беше немилосреден кон Јапонија и успеа да слави со убедлива победа, пред се по заслуга на разграниот Алексис Санчез, кој постигна еден гол и една асистенција за победа на неговата селекција против Јаппонија. Чилеанците доминираа од почетокот на мечот, но на првиот гол чекаа до 41-та минута когао резултатот го твори Пулгар, а по десетина минути игра во вториот дел на…
Шампионот на Италија Јувентус му платил на Челзи обештетување од само еден милион евра за тренерот Маурицио Сари, пишува „Тутоспорт“. Сари имаше договор со Челзи уште две години, но сакаше да си замине и да се врати во Италија односно во Серија „А“. За 61-годишниот тренер, првично се мислеше дека Јувентус мора да плати 6 милиони евра на Челзи, затоа што тренерот има активен двегодишен договор, но раководството на Јувентус успеа да преговара и да се договори за многу помал износ, пишуваат италијанските медиуми.
Сагата околу иднината на Килијан Мбапе е практично пред крај, откако лично претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи објави дека е 200% сигурен дека играчот ќе остане во клубот. Името на талентираниот француски репрезентативец е поврзувано со Реал (Мадрид) и самиот тој имаше изјавено дека може да го напушти клубот, но очигледно мислењето на неговиот клуб е сосема поинакво. „Килијан сака да биде повеќе вклучен во нашиот проект и да порасне со тимот”, рече претседателот на ПСЖ за „Франс Фудбал“. „Разговара со Мбапе и му објаснив дека она што тој го сака може да го има во нашиот клуб, само треба…
