Шпанскиот играч од средниот ред, Хуан Мата, се договорил со Манчестер Јунајтед и ќе остане во тимот уште една сезона. 31-годишниот Шпанец ќе потпише нов едногодишен договор со „Црвените Ѓаволи“, а платата во новата сезона ќе биде помала од сегашната. Тековниот договор на Мата со Манчестер Јунајтед истекува на 30 јуни, а неговата плата изнесува околу 140.000 фунти неделно. Во изминатата сезона 2018/19, Хуан Мата одигра 32 натпревари за Јунајтед во сите натпреварувања, а притоа постигна 6 гола и додаде 4 асистенции.
Author: riste
Манчестер Јунајтед направи интересна понуда за играчот од Вест Хем, Иса Диоп. Според францускиот канал „TF1“, понудата изнесувала 45 милиони фунти плус играч чие име останува необјавено. Меѓутоа, од страна на Вест Хем била одбиена понудата за 22-годишниот фудбалер кој во оваа екипа го проценуваат на 60 милиони фунти. Вест Хем го привлече Диоп пред само една година кога му плати на Тулуз рекордни 22 милиони фунти за клубот. Во текот на изминатата сезона, Французинот одигра 38 натпревари за Лондончарите во сите натпреварувања. Британските медиуми продолжуваат да го поврзуваат Манчестер Јунајтед со најмалку двајца други централни дефанзивци – Калиду Кулибали…
Нашата ракометна репрезентација утре ја очекува последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 година, а противник е селекцијата на Грција. Селекторот Данило Брестовац одлучи денешното слободно предпладне да биде искористено за прошетка во природа и тоа на Колешинските водопади на падините на Беласица. Во убава атмосфера и оптмизам нашите ракометари го очекуваат овој натпревар кој е важен за нашата репрезентација за зацврстување на првата позиција на табелата. Натпреварот Македонија – Грција се игра утре во Струмица, во салата „Парк“ со почеток во 18 часот, а ќе можете да го следите низ нашата програма.
Легендата за Рома, Франческо Тоти, ќе го напушти клубот, објави „Кориере Дело Спорт“, а истата информација ја пренесоа и останатите медиуми. Поранешниот капитен на „волчицата“ очекуваше средба со раководството на клубот за да разговараат околу неговата иднина во клубот, но тоа не се случи. Тоти одлучил да го напушти својот омилен клуб поради недразбирањето со претседателот на тимот Џејмс Палота. Неговата одлука ќе биде објавена на прес-конференцијата во понеделник. Оваа информација за напуштање на Рома од страна на Тоти доаѓа кратко време по завршувањето на кариерата на Даниел Де Роси, што беше сериозен удар за навивачите на Рома.
Наполи ја испратил првата понуда до ПСВ Ајндховен за напаѓач Ирвинг Лаозано. Според веб-страницата на новинарот, Џанлука Ди Марцио, тимот од Неапол понудил 50 милиони евра за 23-годишниот Мексиканец. На самиот играч му се нуди плата од 4,5 милиони евра, за што е задоволен. Минатата сезона Лозано играше 40 натпревари во сите натпреварувања, постигна 21 гол и направи 12 асистенции. Тој е исто така поврзан со Манчестер Јунајтед и Барселона.
Раководството на Кристал Палас стави исклучително висока цена за оној кој сака да го купи десниот бек Арон Ван Бисака. 21-годишниот играч е еден од главните трансферни цели на Манчестер Јунајтед и менаќерот Оле Гунар Солскјер ова лето. Кристал Палас веќе ја отфрли понудата на „црвените ѓаволи” за Бисака, за која се тврди дека изнесувала 40 милиони фунти. Тоа е далеку од износот кој го бараат од Кристал Палас. Според медиумите на Островот, цената што ја бара Кристал Палас изнесува 70 милиони фунти. „Дејли мејл” информира дека Манчестер Јунајтед има резервна опција доколку трансферот на Ван-Бисака не може да се…
Голманот на Барселона, Јаспер Силесен, може да ја продолжи кариерата во Англија. Според медиумите во Шпанија, 30-годишниот Холанѓанец преговара со Евертон. Голманот на Каталонците има договор кој истекува летото 2021 година. Минатата сезона Силесен учествуваше на 9 натпревари за Барселона и дозволил да прими 9 гола. Во 2016 година тој се пресели во Барселона со трансфер од Ајакс. Ако трансферот биде реализиран, тој ќе биде уште еден играч од Барселона кој оди на „Гудисон парк“. Минатата година „карамелите” ги зедоа Јери Мина и Лук Дин, додека Андре Гомес беше позајмен.
Напаѓачот на Реал Мадрид Раул де Томас, кој минатата година играше со позајмица во екипата на Рајо Ваљекано, може да ја продолжи кариерата во португалскиот гигант Бенфика. Според португалските медиуми, Лисабонскиот тим преговара со 24-годишниот Шпанец, кој постигна 14 гола на 34 натпревари минатата сезона. Истовремено цената на играчот најверојатно ќе изнесува околу 22 милиони евра. Во последните недели двата тима беа поврзани во неколку различни комбинации за можни договори меѓу Реал и Бенфика, откако се појавија шпекулации за интерес на Реал кон младата ѕвезда Жоао Феликс, а во спротивна насока кон Португалија да се пресели голманот Кејлор Навас.
Македонскиот спорт загуби голем пријател. По кусо боледување, денеска во Скопје на 70 – годишна возраст почина големиот пријател и помагател на македонскиот спорт, Слободан Вујчиќ – Брацо. Како претставник на познатата маркетиншка компанија УФА МЕДИА од Германија, а потоа и на СВ-РСА и на Спорт 5 ги застапуваше телевизиските права на најпознатите македонски екипи и репрезентации. Слободан Вујчиќ – Брацо беше долгогодишен спонзор на ФК Вардар во чие време се одиграа и незаборавните средби со ЦСКА Москва, Спарта Прага и Рома. Во време кога ги спонзорираше ФК Работнички и ФК Тетекс овие екипи играа значајна улога во македонскиот клупски…
Дербу Каунти ќе побара од Челзи компензација од 4 милиони фунти за Френк Лампард, вели „Скај Спорт“. Поранешниот уграч на Челзи е фаворит број 1за менаџерската позиција на „Стемфорд Бриџ”, откако последните информации велат дека лондончани се согласиле да го пуштат Маурицио Сари во Јувентус. Разделбата на Челзи со Италијанецот сепак ќе биде јавно објавена, откако клубот ќе финализира сè околу привлекувањето на негов заменик. Лампард има двегодишен договор со Дерби. Според „Скај Спорт” тој нема како да го обие предлогот на Челзи, но сака разделбата со Дерби Каунт да биде на пријателскиот начин, бидејќи Френк има огромна почит кон…
