Author: riste

Напаѓачот на Рома Един Џеко ќе се пресели во друг италијански клуб. Ова го најави селекторот на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки кој ја потврди оваа вест. „Разговарав со Џеко и Пјаниќ, знам дека вториот ќе остане во Јувентус, а Џеко рече дека најверојатно ќе се пресели во друг италијански клуб”, изјави Просинечки. Џеко е пред потпишување на тригодишниот договор со Интер. Минатата сезона, 33-годишниот босански репрезентативец одигра 40 натпревари за Рома, постигна 14 гола и имаше 8 асистенции.

Read More

Играчот од средниот ред на Баер Минхен, Френк Рибери, може да ја продолжи својата кариера во Англија, објавија медиумите на Островот. Интерес за 36-годишниот играч од средниот ред има од Шефилд Јунајтед.Од оваа екипа му понудиле едногодишен договор. Рибери ги бранеше боите на Баерн во последните 12 сезони и го напушти клубот ова лето по завршувањето на договорот. Французинот освоил неколку трофеи со баварскиот тим.

Read More

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, е убеден дека Реал Мадрид го направи вистинскиот избор со ангажирањето на Еден Азар. „Тоа е ѕвезденото засилување. Има многу играчи со талент да играат во Реал Мадрид, но нема толку многу кои можат да бидат лидери во еден клуб како овој. Еден Азар е личност. Тој има магија, карактер и менталитет на победник”, рече шпанскиот тренер кој го води националниот тим на Белгија. „Тој е феномен во светскиот фудбал. Азар ќе ја смени иднината на шпанскиот фудбал. Тој е пример лекција за трпение и вредности. Неговиот сон за играње за Реал Мадрид е од…

Read More

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ и официјално денес беше претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид. Шпанскиот гигант за неговиот потпис плати 60 милиони евра, а на денешната презентација, Лука Јовиќ на фановите им се обрати на српски јазик. „Добро утро на сите. Ви благодарам што сте тука. Денес, јас сум најсреќното момче на светот. Сигурен сум дека ја избрав најдобрата опција. Ќе дадам сè од себе за да му помогнам на Реал Мадрид да постигнува успеси“, изјави Јовиќ на промоцијата. Овој 21-годишниот фудбалер е поранешен светски младински шампион со Србија, а во редовите на Реал Мадрид доаѓа од германски Ајнтрахт Франкфурт, додека…

Read More

Германскиот вицешампион Борусија Дортмунд нема да го враќа напаѓачот Александар Исак, кој го нарекуваат „новиот Златан Ибрахимовиќ”. Корпулентниот Швеѓанец беше донесен со големи очекувања во јануари 2017 година за 8,6 милиони евра од АИК Стокхолм, но не успеа да ги оправда очекувањата во Бундеслигата. Токму поради тоа беше испратен на позајмица во холандскиот Вилем 2 и се претстави прилично пристојно, но сепак Борусија нема да го врати во Дортмунд. Според медиумите во Шпанија, 19-годишниот играч ќе го засили Реал Сосиедад. Германците бараат 10 милиони евра за играчот. Фудбалерот се очекува наскоро да ги помине лекарски прегледи во Сан Себастијан и…

Read More

Нашата најдобра ракометна репрезентација вечерва го има последното гостување од евро-квалификациите за ЕП 2020 година, во Ескишехир ќе игра против домашната селекција на Турција. Според очекувањата кај нашата селекција нема ниту една промена од последниот список на Брестовац, додека кај Туриците ќе отсуствува само искусниот голман Танер Гунај. Во првиот меѓусебен дуел, кој се одигра во Битола, Македонијапобеди со 31:27. Натпреварот се игра од 18:00 часот, а двата селектори веќе ги открија составите за оваа средба. По овој натпревар, нашата селекција се враќа во Македонија и ќе се подготвуваат за дуелот со Грција, кој се игра в недела од 18:00 часот…

Read More

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација вечерва на Арената – „Тодор Проески“ во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Австрија во рамките на групата – „Г “ за пласман на Европското првенство во 2020 година . Македонија и Австрија досега немаат одиграно официјален натпревар. Што се однесува до тековниот циклус, Австрија победи на последниот меч со Словенија на домашен терен, а Македонија загуби од Полска пред својата публика со 0:1. Спортско радио 90,3 ФМ  за сите фанови на фудбалот што ќе бидат спречени да присусутвуваат на вечерашниот меч на Арената „Тодор Проески“ ќе реализира пренос од мечот Македонија – Австрија. Спортско радио…

Read More

Новајлијата или повратникот во Премиер лигата, Астон Вила потпиша четиригодишен договор со холандскиот играч од средниот ред Анвар Ел Гази. 24-годишниот играч од средниот ред играше во редовите на оваа екипа минатата сезона како позајмен од францускиот Лил. Ел Гази одигра 37 натпревари, постигнувајќи шест гола, вклучувајќи го и првиот гол во финалето од плејоф за влез во Премиер лигата против Дерби Каунти. Пред потпишувањето со Ел Гази, Астон Вила, исто така го привлече шпански играч од средниот ред Хота од Бирмингем Сити.

Read More

Бразилецот Марсио Рафаел – Рафиња ќе ја продолжи својата кариера во својата татковина. 33-годишниот фудбалер ќе настапува за Фламенго во следните две сезони со слободен трансфер од Баерн Минхен. Рафиња ја напушти „Алианц Арена“ по осум години во германскиот шампион откако му истече неговиот договор и тој не доби понуда за негово обновување. Во последната сезона Бразилецот постигна 1 гол и 2 асистенции на 26 натпревари за баварцскиот тим.

Read More

Германецот Себастијан Фетел со болидот на Ферари иако помина прв низ целта сепак не е победник на трката за ГН на Канада. Фетел е трагичар на трката во Монтреал во рамките на Светскиот шампионат во Формула 1. Во драматична трка со Луис Хамилтон, Германецот го одби нападот на светскиот првак и во трка со многу возбудувања прв мина низ целта. Но, тоа не значеше  дека на крајот се радуваше на победата. Веднаш Себастијан Фетел заработи казна од пет секунди, која ја доби по 49-от круг поради загрозување на безбедноста на ривалот Хамилтон. Британецот тоа го искористи и откако ја мина целта, дозна дека се додаваат…

Read More