Author: riste

Швајцарија и Англија го одиграа натпреварот за трето место во Лига А од Лигата на нации, а поуспешен беше тимот на Англија по подобро изведување пенали и со тоа го освои 3-то место во ова натпреварување. На стадионот „Афонсо Енрикес“ во Гимараеш се одигра овој натпревар кој беше далеку од интересен и квалитетен, како играчите на двата тима повеќе мислеа на летниот одмор, а не за тоа кој ќе победи на оваа средба. Па откако мечот заврши без голови во рекуларните 90 минути, се играа и дополнителни 30 минути, но и тие не дадоа победник, па затоа пеналите одлучуваа кој…

Read More

Маурицио Сари ќе потпише 3-годишен договор со Јувентус следната недела, откако ќе обезбеди чисти документи и разделба со Челзи, пишуваат медиумите на Островот. Стратегот на Челзи стана цел број 1 на „Старата Дама“ по разделбата со Масимилиано Алегри, а и самиот тренер смета дека е подобро да се врати на Апенините по тешката сезона во западен Лондон. Весникот „Гардијан“ објави дека агентот на Сари,  Фали Рамадани вчера се сретнал со претставниците на Челзи и конечно го организирал заминувањето на тренерот. Официјалното соопштение ќе биде следната недела. Се уште не е јасно дали Јувентус ќе плати обештетување за тренерот, и покрај…

Read More

Селекторот на ракометната репрезентација Данило Брестовац го имаше првиот собир пред последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Противници ни се Турција и Грција, селекции против кои се очекуваат две победи за успешен крај и потврда на првото место во групата. Сезоната е на самиот крај , а тоа носи и одредени проблеми за селекторот Брестовац. „Имаме одредени потешкотии, Дејан Манасков се повреди и нема да игра. Ја следиме ситуацијата и со Стојанче Стоилов. Прво следи мечот со Турција, очекувам добар натпревар, борбен натпревар, очекувам да дојдат сите момци кои се подготвени, буквално да се „истепаат“ за победа.…

Read More

Нашата најдобра ракометна репрезентација попладнево го имаше и официјалниот собир пред претстојните последни два натпревари од евро-квалификациите за пласман на ЕП 2020 година. Македонија ја очекуваaт натпревари со Турција на гостински и Грција на домашен терен, а за овие средби селектор Данило Брестовац и дефинитивно нема да може да смета на услугите на левото крило, Дејан Манасков. Ракометарот на Веспрем се повреди на полуфиналето на Лигата на шампионите во Келн против Киелце и нема да биде во можност да им помогне на своите колеги од репрезентацијата. Станува збор за хематом на ногата, па потребно му е повеќе недели мирување за целосно заздравување. Исто така неизвесен…

Read More

Фудбалската федерација на Црна Гора го отпушти српскиот тренер Љубиша Тумбаковиќ од функцијата селектор, откако тој одби да го води тимот на мечот против Косово кој заврши нерешено 1:1. Двата тима се ривали во група „А” од квалификациите за ЕВРО 2020. „Извршниот комитет на црногорскиот фудбалски сојуз едногласно одлучи да го отпушти Тумбаковиќ откако тој самостојно реши да не го води тимот на  натпреварот со Косово. Освен непријатното изненадување Тумбаковиќ покажа непрофесионален однос и ги наруши одговорностите на договорот. Извршниот комитет исто така жали што фудбалерите Филип Стојковиќ и Мирко Иваниќ исто така одбија да играат на оваа средба. Во…

Read More

Македонија е поразена од Полска, но селекторот на нашата репрезентација е задоволен од залагањето и од тактиката која ја спроведоа нашите репрезентативци, со тоа што една грешкаи неисфрлена топка од нашиот шеснаесетник не чинеше пораз од 1:0. „Во второто полувреме Полска постигна брз гол и се повлече, ни остави многу простор по крилните позиции и тоа налагаше да играме на нафрлени топки. Имавме свои шанси, Фабиански му одбрани прекрасна шанса на Несторовски во вториот дел. Една лошо исфрлена топка нè чинеше пораз, но тоа не може да фрли црна дамка во натпреварот. Ако го погледнете статичкиот приказ, Полска славеше со само…

Read More

Мега трансферот на Еден Азар од Челзи во Реал Мадрид конечно доби потврда од „кралскиот клуб“. Играчот кој беше во центарот на вниманието пред стартот на овој преоден рок Азар и дефинитивно се сели на „Сантијаго Бернабеу“ каде ќе ја продолжи кариерата во наредните пет години. Зинедин Зидан го дочека засилувањето кое го посакува многу одамна, поточно од 2010 година. Белгискиот репрезентативец е четвртиот новајлија на Реал Мадрид по Милитао , Јовиќ  и Родриго. Еден Азар пристигна во Челзи во 2012 година од Лил и освои две титули во Премиер лигата, а се израдува и на трофејот во Лига Европа пред неколку недели откако победија во финалето…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација е поразена во третиот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 година. Полска беше селекцијата која и го нанесе првиот пораз на нашата селекција во овие квалификации, опбедувајќи во Скопје со минимални 1:0. Единствениот гол на оваа средба го постигна Пјонтек кој влезе во игра во 46.минута, а веќе во 47,минута искористи една мешаница во нашиот шеснаесетник и лошата интервенција на Алиоски кој не успеа да ја исфрли топката со  глава од нашиот казнен простот, а Пјонтек ја упати топката кон нашиот гол, а немоќен беше и голманот Димитриевски кој не интервенираше најдобро и топката заврши во голот…

Read More

Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Игор Ангеловски се определи да игра со двајца играчи во нападот, Горан Пандев и Илија Несторовски на мечот со Полска. На голот на нашата репрезентација ќе биде Столе Димитриевски, а пред него тројката во одбраната предводена од Велковски, Муслиу и Бејтулаи. Во срениот ред ќе играме со пет играчи, на крилните позиции ќе бидат Ристовски и Алиоски, додека во средината на теренот Николов, Елмас и Барди. Нападот на Македонија ќе биде со капитенот Пандев и Несторовски од кои очекуваме голови. Во нападот на Полска единствениот шпиц играч ќе биде Роберт Левандовски, што ззначи дека Милик…

Read More

Паоло Фонсека ќе биде новиот тренер на Рома, соопшти „Кориере дело Спорт“. Всушност, сите преговори меѓу клубското раководство на Рома и тренерот завршија, само се чека зелено светло од Шахтјор (Донецк), но за тоа не би требало да има проблем, затоа што претходно од клубот најавија дека нема да му прават проблем на тренерот. До крајот на денот, Рома ќе уплати 2 милиони евра во касата на украинскиот клуб, кој ќе го ослободи Фонсека. Португалецот се согласил да потпишат договор со Рома, кој ќе го поврзе со римскиот клуб во наредните три години. Фонсека ќе добие 2,5 милиони евра по…

Read More