Author: riste

Нема време за одмор за ракометарите на Вардар, тие денеска  беа на прием кај премиерот Зоран Заев по освојувањето на европската титула. Заев соопшти дека ќе и предложи на Владата да му додели на клубот 500.000 евра како награда за постигнатиот успех. Агенцијата за млади и спорт ќе додели плус 100.000 евра, а 100.000 евра ќе додели и Град Скопје кој веќе донесе ваква одлука. „Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Затоа, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади…

Read More

Фудбалската репрезентација на Макеоднија од вчера е во комплетен состав и ги одработува подготовките за првиот од двата натпревари во овој јунски квалификациски циклус од борбата за пласман на ЕП 2020 година. Селекторот Ангеловски по вчерашниот собир, го оджра првиот, а денес предпталдне и вториот тренинг со нашите репрезентативци. Репрезентативците ќе ја кројат тактиката за средбата со Полска која се игра в петок од 20.45 часот преку следните неколку тренинзи кои ќе ги имаат во утринскиот термин, се до петок кога ќе истржаат на теренот на националната арена „Тодор Проески“ против репрезентацијата на Полска. Она што треба да не радува…

Read More

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев беше еден од оние кои оставија белег на оваа сезона во екипата на Вардар, а токму тоа беше причината за да биде прогласен за најдобар голман во Лигата на шампионите. Милосављев си оди од Вардар и кариерата ќе ја продолжи во Германија, во Фуксе Берлин. Тој дојде како анонимен голман кој требаше да гозамени Арпад Штербик, а многу бргу почна да ги покажува своите квалитети и стана љубимец на навивачите. Милосављев емотивно им се обрати на навивачите од бината на свечениот пречек и ги поздрави поддржувачите. „Добровечер за народот со најголемо срце што некогаш сум…

Read More

Голгетерот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг добил понуди од два Кинеснки клуба, кои со примамливи финансиски услови се обидуваат да го привлечат 29-годишниот напаѓач на Арсенал. Според весникот „Тајмс“, се работи за Гуангжу Евергранд и Шангај СИПГ. И двата клуба му понудиле на интернационалецот од Габон неделна плата од 300 000 фунти, што претставува значително зголемување во споредба со сегашната плата на Обамејанг која е во висина на 190 000 фунто. Гуангжу Евергранде направи обид да го земе поранешниот напаѓач на Борусија (Дортмунд) уште во текот на зимата на 2018 година, непосредно пред тој да се пресели во Арсенал. Обамејанг…

Read More

Дефанзивецот на Олимпик Лион Ферлан Менди ќе помине медицинските тестови во Париз пред трансферот во Реал Мадрид да биде официјално објавен, пишува весникот „Марка”. Во моментов тој е со француската репрезентација, но договорот помеѓу двата клуба е факт и договорот се очекува да биде потврден во најскоро време. Реал Мадрид ќе плати за него солидни 55 милиони евра, откако првично предложија 50 милиони евра, но Олимпик Лион сакаше 60, па беше направен компромис и од двете страни. Договорот на играчот ќе биде до летото 2025-та година, а на „Бернабеу” тој ќе се натпреварува со Марсело на левата одбрандбена позиција, но…

Read More

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Шпанија и тренер на Реал Мадрид, Јулен Лопетеги, ќе ја продолжи кариерата во екипата на Севиља. 52-годишникот тренер го стави својот потпис на тригодишен договор за кој се водеа неколку неделни преговори. Промоцијата на новиот тренер на Севиља беше поместена поради смртта на Хозе Антонио Рејес, легендата на клубот, кој загина во сообраќајна несреќа. Лопетеги ќе има можност во наредните три сезони да докаже дека може да води победничка екипа во Ла Лига, екипа која секогаш се бори а висок пласман.

Read More

Бевме и сеуште сме сведоци дека цела нација е горда на успехот на ракометарите на Вардар, кои успеаа да направат уште еден подвиг и да стигнат до шампионската титула, станаа европски прваци на десеттиот „фајнал-фор“ на Лигата на шампионите во Келн. Ова е уште голем чекор напред за македонскиот клупски ракомет и рејтингот на Македонија во ракометот. Ракометната федерација упати честитка до РК Вардар и порача овој успех да биде ѕвезда водилка во спортската историја. „Секоја чест за одржаната лекција по ракомет на деветкратниот европски шампион на Шпанија и четирикратниот претендент за титулата од Унгарија. Огромно БРАВО за борбеноста, истрајноста, силниот тимски…

Read More

Спортското радио 90.3 фм денеска во живо ќе ги пренесува случувањата од пристигнувањето на ракометарите на Вардар во Скопје по освојувањето на европската ракометна круна. Во живо ќе се вклучуваме од аеродромот по пристигнувањето во ракометарите кое е планирано околу 18.50 часот, а потоа во живо ќе бидеме и на плоштадот „Македонија“. Следете ја во живо нашата денешна програма.

Read More

Од денес и официјално стартуваа подготовките на нашата бајдобра фудбалска репрезентација. Селекторот Игор Ангеловски на денешниот брифинг изрази задоволство од одработениот, прв дел од подготовките и поради фактот дека здравствениот билтен во репрезентацијата е на завидно ниво. Сите повикани фудбалери, вклучувајќи ги Алиоски, Трајковски, Несторовски и Велковски кои имаа одредени проблеми со повреди, ќе тренираат максимално и ќе се се борат за место во тимот кој ќе им се спротивстави на Полска во петок на нашиот најголем стадио. „Најнапред би сакал на ракометарите на Вардар да им ја честитам титулата и благодарност што повторно не напрваија годри. Што се однесува…

Read More

За да се задоволат сите оние кои сакаат да ги пречекаат ракометарите на Вардар на „Аеродром Скопје“ од ЈСП Скопје ги известуваат сите заинтересирани дека е обезбеден превоз за навивачите: „ЈСП Скопје ќе обезбеди два двокатни автобуси за организираниот пречек на ракометарите на Вардар на меѓународниот аеродром Скопје.  Ги информираме заинтересираните граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат шампионите на скопскиот аеродром, дека поаѓањето кон аеродромот е планирано во 17:00 часот од пред Југодрво. Превозот е бесплатен. Планирано е, доколку дозволат временските услови, ракометарите од аеродром до Плоштад да се возат со панорамски автобус“ се вели во соопштението…

Read More