Селекторот на фудбалската репрезентацијата на Германија, Јоаким Лев, е примен во болница поради здравствени проблеми. Лев беше хоспитализиран во Универзитетската болница во Фрајбург поради запушена артерија и проблеми со крвотокот по несреќата на еден од тренинзите, соопшти германскиот фудбалски сојуз. „Се чувствувам подобро сега, но морам да се одморам следниот месец”, рече Лев. Помошниот тренер на Гермнаија, Маркус Зорг ќе ја предвои селекцијата на средбата со Белорусија која ја играат на 8 јуни и три дена подоцна против Естонија исто така во квалификациите за ЕП 2020 година.
Author: riste
Уште еднаш, Ванда Нара изјави дека нејзиниот сопруг, Мауро Икарди сака да остане во Интер. Нара, која исто така е агент на напаѓачот, ги коментираше шпекулациите дека со доаѓањето на Антонио Конте во клубот. Икарди ќе биде првиот играч што ќе се продава. „Мауро има договор за уште две години. Неговата желба е да остане во Интер најмалку уште една сезона”, рече Нара во интервју за аргентинските медиуми. Икарди имаше разочарувачка сезона во која успеа сериозно да го наруши односот со навивачите на оваа екипа. Откако му беше одземена капитенската лента од страна на раководството на клубот, Икарди одби да…
Валенсија има намера да го купи Денис Черишев кој насттапува во нивните редови , но е сопственост на Виљареал , објави венсикот „АС“. Според информацијата, клубот од „Местаља“ ќе се обиде да преговара за помал износ од 7 милиони евра. Неговите главни аргументи се повредата на Денис Черишев и фактот дека на Виљареал не му е потребен. Од Виљареал сеуште се немаат изјаснето за тоа дали ќе го продаваат Черишев, а од друга страна тренерот на Валенсија, Марчелино Торал сака да го задржи Черишев во својата екипа. Оваа сезона, Денис Черишев учествуваше на 41 натпревар, а на нив успеа да постигне 4 погодоци и…
Ракометниот клуб Еурофарм Работник продолжува со новите засилувања на тимот за следната сезона. Откако вчера го официјализираше трансферот на македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, од Еурофарм Работник денес го објавија најновото засилување. Се работи за Бојан Маџовски кој доаѓа од екипата на Металург. Левото крило потпиша тригодишен договор со битолскиот тим. За Маџовски ова нема да биде прв престој во Битола,з атоа што помина две години во екипата на Пелистер. Бојан Маџовски е потенцијален репрезентативец и ќе биде уште една опција на крилната позиција, каде што веќе настапува капитенот Гоце Ојлески. Во моментов во Еурофарм Работник се размислува за уште неколку…
Манчестер Јунајтед понуди договор за играчот од средниот ред на ПСЖ Адриен Рабио, објави „Мундо Депортиво“. 24-годишниот Французин ќе стане слободен агент следниот месец и може да преговара со секој кандидат за неговиот потпис. „Црвените Ѓаволи” се обидуваат да ја победат конкуренцијата и веќе почнаа преговори за да го привлечат на „Олд Трафорд“. Рабио е во очите на уште неколку клубови, меѓу кои и Јувентус, Барселона, Реал Мадрид и Бетис. Во моментов, сепак, се верува дека тој е најблиску до Јунајтед, бидејќи англичаните се најистакнати и се подготвени да ги задоволат неговите барања. Интересен е фактот што во еден период…
Раководството на Манчестер Сити ја отфрли понудата со вредност од 70,7 милиони фунти од Баерн Минхен за крилниот играч Лерој Сане, тврди „Дејли Меил”. Баварците веќе долго време го сакаат поранешниот играч на Шалке 04 и се надеваат дека ќе можат да го реализираат договорот до крајот на трансфер периодот. Најголемиот проблем е што Сане е еден од најважните играчи на „граѓаните” и Пеп Гвардиола не сака под никакви околности да се раздели со него. 23-годишниот фудбалер е баран од баерн Минхен затоа што е сметан за наследник на ветераните Франк Рибери и Ариен Робен, кои веќе нема да бидат…
Голманот на Интер Самир Хандановиќ ќе добие нов договор од клубот. Тековниот договор на словенечки голман е до 2021 година, добивајќи 3,2 милиони евра по сезона. Од „Џузепе Меаца“, сепак се многу задоволен од одличната сезона на 34-годишниот голман и сакаат да го обврзат да остане уште една година, односно до 2022 година. Хандановиќ беше одличен во дресот на Интер во Серија А, каде што прими 33 гола на 38 натпревари. Тој имаше дури 17 „сува” мрежи во шампионатот за време на оваа сезона, но со своите одбрани во последното коло против Емполи директно му помогна на својот тим да…
Кошаркарките на Вардар со 3:0 во финалната серија од Плејофот во домашното првентсво во женска сениорска конкуренција триумфираа над противничките од Бадел 1862. „Вардарки“ предводени од Жаклина Стојановска трипати за една недела славеа над противничкиот тим и сосема заслужено ја освојуваат титулата. Вардар го победи Бадел 1862 со 75:44, 63:83 и синоќа 79:65. За кошаркарките на Вардар ова е премиерна титула во оваа конкуренција. Токму Славица Наков од Вардар ја доби наградата најкорисен играч (MVP) на финалната серија.
Антонио Конте и официјално е новиот тренер на Интер, објави официјалниот сајт на клубот. Конте претходно работел во Јувентус и Челзи, но беше и селектор на Италија. Според извештаите на медиумите, договорот со 49-годишен тренер ќе биде до 2022 година. Конте го предводеше Јувентус од 2011 до 2014 година, по што почна да работи во италијанската репрезентација. По две години со националниот тим, тренерот се пресели во Челзи, од каде што беше отпуштен минатото лето и од тогаш тој е без клуб. Екипата на Интер под раководство на Лучијано Спалети го освои четвртото место во Серија А и се пласираше во Лигата на шампионите. Во…
Водечките пет европски фудбалски првенства регистрираа рекордни приходи за сезоната 2017/18 како резултат главно на новиот договор за телевизиските права во Германија и зголемените средства од УЕФА за учеството на англиските клубови во Лигата на шампиони, се вели во извештајот на сметководствената куќа „Делоит”. Вкупните приходи од петте топ првенства – Англија, Шпанија, Германија, Италија и Франција, изнесуваат 15,6 милијарди евра, што е за 6 % повеќе во споредба со претходниот сезона. Премиерлигата лигата го задржува првото место според приходи на клубовите во износ од 4,8 милијарди фунти, а зголемувањето доаѓа од фондовите на УЕФА за учеството за првпат на…
