Милан денес ќе ја објави разделбата со тренерот Џенаро Гатузо. Одлуката доаѓа по состанокот помеѓу извршниот директор Иван Газидис и Гатузо, кој се одржа доцна синоќа. Се тврди дека двајца се согласиле дека договорот на тренерот треба да биде прекинат со заедничка согласност. Гатузо ќе се откаже од 90 % од парите што требаше да ги добие за договорот со клубот, што е со важност уште две години. Милан ги разочара своите навивачи со завршувањето на сезоната на 5-то место и не успеа да се квалификува за Лигата на шампионите. Гатузо го презеде тимот од Винченцо Монтела во ноември 2017…
Author: riste
Атлетико Мадрид ја разгледува можноста да го врати напаѓачот Радамел Фалкао. Слични информации прво се појавија во авторитетниот француски весник „Л‘Екип”, а потоа и „Ел Мундо Депортиво” продолжи со оваа тема. 33-годишниот ветеран постигна 16 гола во 38 натпревари за Монако во минатата сезона, но сега може повторно да се пресели во насока кон Мадрид. Фалко одигра две сезони во тимот на Атлетико во периодот од 2011 до 2013 година. Тој притоа се претстави одлично, постигнувајќи 70 гола за оваа екипа и му помогна на тимот да ја освои Лига Европа и Шпанскиот куп, со што стана омилен кај на…
Мирко Сломка е новиот тренер на германскиот тим Хановер 96, соопштуваат медиумите во Германија. 51-годишниот стратег доаѓа на местото на Томас Дол, кој беше ослободен, откако тимот заврши на претпоследното место во Прва Бундеслига и следната сезона ќе игра во „Цвајта“. Сломка има искуство во Хановер, каде беше тренер во периодот 2010-2013 година, а под негово раководство тимот постигна рекорден пласман во елитата со четвртото место во сезоната 2010/2011, а во следната сезона стигна до четвртфиналето во Лига Европа. За последен пат тој работеше во Карсруе до април 2017 година.
Екипата на ПСЖ ја разгледува можноста да го привлече 33-годишниот фудбалер на Ливерпул Џејмс Милнер, кој влегува во последните месеци од својот договор со Ливерпул, тврди весникот „Ле Паризиен”, цитиран од англиските медиуми. Според изданието, притиснати од Финансискиот ферплеј, ПСЖ презеле промена во трансферната политика. Отсега тие прво ќе ги продаваат непотребните играчи, а во меѓувреме ќе прават поевтини купувања. Меѓу нивните цели се Алан од Наполи, како и слободни играчи Андер Ерера од Манчестер Јунајтед и Филипе Луис од Атлетико Мадрид. Се споменуваат и имињата кои треба да заминат од ПСЖ ова лето, а тоа се Адриен Рабио, Јулијан…
Откако веќе беше избран за играч на годината од страна на Асоцијацијата на професионалните фудбалери во Англија и ја освои наградата за најдобар фудбалер во Премиерлигата, денес Вирџил ван Дајк заработи уште една клупска награда во Ливерпул. Холанѓанецот беше прогласен за број 1 во текот на сезоната од навивачите на Ливерпул и неговите соиграчи. Во анкетата на навивачите во која гласаа над 115 000, централниот дефанзивец собра 46.8% од гласовите и го остави зад себе Мохамед Салах (23.9%), Садио Мане (11.3%), Трент Александар-Арнолд и Ендрју Робертсон завршија на четвртото и петтото место. Голот на Мохамед Салах во Челзи во април…
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, побара од претседателот на клубот, Флорентино Перез, да му дозволи да го напушти клубот како слободен агент, бидејќи има многу профитабилна понуда од Кина, велат шпанските медиуми. Дефанзивецот на Реал Мадрид има 33 години и ја заврши својата 14-та сезона во екипата од „Сантијаго Бернабеу“. Поради неуспешната сезона на Реал, беше објавено дека Серхио Рамос размислува да го смени клубот, а весникот „Марка“ тврди дека неколку екипи, меѓу кои Јувентус, Ливерпул и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за да потпишат со него.
Голманот на РК Металург, Мартин Томовски, од следната сезона ќе се пресели во Германија и ќе ја зголеми колонијата на македонски ракометари што ќе играат во оваа земја. Тој потпишa двегодишен договор со екипата на Лудвигсхафен, која сезонава беше дел од Бундес лигата, но не обезбеди опстанок и следната година ќе игра во втората лига. Мартин Томовски е млад голман кој кариерата ја започна во Тинекс Пролет, но беше забележан од Лино Червар како голем потенцијал и се пресели во екипата на Металург. Отккао имаше одлични натпревари за Металург во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата, беше за очекување…
Централниот напаѓач на Рома, Един Џеко е близу трансферот во Фенербахче, објавија денес турските медиуми. До крајот на денот фудбалерот треба да пристигне во Истанбул, каде што ќе може да преговара со претставници на клубот. Веста доаѓа само еден ден откако во Италија напишаа дека 33-годишниот Џеко се согласил на договор со Интер. Босанскиот интернационалец има договор со Рома за само уште една година. Синоќа тој играше во последниот натпревар на „волчицата” оваа сезона против Парма (2:1). Фенербахче е во потрага по квалитетни засилувања по лошата сезона која ја имаа и не се пласираа во европските купови. Претходно денес, Метју…
Ѕвездата на Барселона Лионел Меси ја освои „Златната кошачка“ трета година по ред. Аргентинецот успеа да постигне 36 гола за Барселона во шампионатот на Шпанија и стана првиот фудбалер кој ја освоил наградата во три последователни сезони. На второ место на оваа листа е Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен, кој реализираше 33 погодоци во сезоната. Меси има рекордни шест „Златни копачки” за најдобар стрелец во шампионатите на земјите во Европа. „Не мислев многу за овој трофеј. Сеуште сме тажни за она што ни се случи против Ливерпул во Лигата на Шампионите. Не сум расположен за лични награди”, коментираше Меси…
Поранешниот менаџер на Челзи Андре Вилаш-Боаш е блиску до тоа да ја преземе тренерската работа во францускиот гигант Олимпик Марсеј, тврди весникот „Телеграф”. Марсеј практично нема тренер откако стана јасно дека Руди Гарсија ја напуштил екипата. Токму самиот тренер ја објави својата намера да си замине од тимот по крајот на сезоната, откако сезонава не беше особено успешна за него и екипата. Преговорите меѓу раководството на Олимпик Марсеј и Андре Вилаш-Боаш веќе се во тек и практично двете страни речиси се договориле за соработка. Во текот на изминатата сезона, тимот од „Велодром“ заврши петти во Лига 1 и не избори…
