Атлетико Мадрид и Валенсија се заинтересирани за привлекување на големата ѕвезда на Монако Радамел Фалкао, кој во идното лето ќе го напушти сегашниот тим и ќе ја смени средината, тврди француското издание на „Л‘Екип”. „Ел Тигре” беше дел од Атлетико Мадрид пред неколку години и тогаш беше најголемата ѕвезда на тимот, а во сезоната 2018/2019 во Лига 1 покажа со настапите на теренот дека воопшто не заборавил како се постигнуваат голови, иако веќе има 33 години. И двата тима се заинтересирани за напаѓачот и се смета дека ќе има наддавање меѓу нив за неговото привлекување. За време на оваа сезона…
Author: riste
Од францускиот шампион ПСЖ официјално објавија дека го продолжиле договорот на тренерот Томас Тухел до 2021 година, а досегашниот договор истекуваше на крајот на следната сезона. Германскиот специјалист го донесе тимот до титулата во Лига 1 уште во деби сезоната на „Парк де Пренс”, но имаше разочарувања во Лигата на Шампионите и домашниот куп. Тоа ги натера медиумите да пишуваат за неговата иднина во клубот, но раководството покажа дека се уште имаат доверба во тренерот. „Среќен сум што го продолжив договорот и посветеноста на Париз Сен Жермен. Би сакал да му се заблагодарам на претседателот и на целиот клуб за…
Како што најави раководството, СЕХА-лига од наредната сезона дефинитивно ќе има многу новитети. Секако на прво место се учесниците во ова натпреварување, покрај враќањето на Веспрем и учеството на кинескиот тим, и можното приклучување на грчки Олимпијакос, дебитант во лигата ќе биде Еурофарм Работник, додека местото на Железничар ќе го потполни друга екипа. Станува збор за Металопластика од Шабац, по нерешените (28-28) со Војводина дојде до решавачкиот бод предност пред Железничар на табелата и следната сезона тие ќе бидат во СЕХА-лига. Засега неизвесен е изгледот на составот на актуелниот првак и рекордер во регионалното натпреварување, Вардар. „Црвено-црните“ дури по завршување…
Турчинот Тургај Демирел повторно е избран за претседател на ФИБА-Европа, функција на која ќе остане сега до 2023 година. На Генералното Собрание на ФИБА, Демирел доби нов мандат на функцијата која ја извршуваше и изминативе пет години. Еден од кандидатите на денешните избори за претседател беше и генералниот секретар на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Дејан Томашевиќ кој не успеа да ја добие поддршката од делегатите на Собранието. Интересно, Демирел претходно беше поддржан од поранешниот претседател на МКФ, Петар Наумоски, но новиот прв човек на македонската кошарка, Перо Антиќ изминативе денови се одлучи да даде поддршка на Дејан Томашевиќ. Генералното собрание…
Светскиот шампион со италијанскиот национален тим Марчело Липи е повторно назначен за селектор на фудбалската репрезентација на Кина, објавија од локалната фудбалска федерација. 71-годишниот тренер ја напушти функцијата во јануари по елиминацијата од Купот на Азија, но ќе направи нов обид за пробив – овој пат во квалификациите за светското првенство во Катар. Кина не играла на Мундијал од 2002 година наваму, додека Липи, кој ја освои светската титула со Италија во 2006-та година, беше назначен на функцијата во кинескиот национален тим во ноември 2016-та, но не успеа да го пласира тимот за Мундијалот во Русија. Тој ја напушти функцијата…
Поранешниот аргентински репрезентативец Гонзало Игуаин има намера да се врати во италијанскиот гигант Јувентус, објави „Тутоспорт“. Минатото лето, Игуаин беше позајмен во Милан, но во јануари тој отиде во Челзи. На „Сан Сиро“ и „Стемфорд Бриџ“, напаѓачот не успеа да го покаже својот потенцијал и неговата иднина беше нејасна. Според медиумот од Торино, Игуаин сака повторно да го облече црно-белиот дрес и да игра заедно со Кристијано Роналдо. Двајцата беа соиграчи во Реал Мадрид и доста добро се познаваат. Не е јасно дали Јуве ќе сака да го врати напаѓачот. Причината е неговата висока плата, а тоа беше еден од…
Машкиот и женскиот состави на Манчестер Јунајтед ќе одиграат по една контрола во Норвешка ова лето, соопштија од клубот. На 30 јули, „Црвените ѓаволи” ќе се соочат со Кристиансунд на стадионот „Улеваал“ во Осло. Следниот ден девојките ќе ги одмерат силите со Валеренга на „Интилити Арена”, која е исто така во норвешката престолнина. „Среќен сум што ќе играме со Кристиансунд, кои се од мојот роден град во Норвешка. Ова е дополнителен бонус за мене. Имаме многу следбеници во Скандинавија и е одлично кога среќавам навивачи на Јунајтед, каде и да одите во Норвешка. Овој натпревар ќе биде многу важен што…
Капитенот на Арсенал, Лорен Косчиелни размислува за можноста да го напушти клубот, вели весникот „Тајмс“. На 33-годишниот Французин му останува уште една година од договорот, но тој сака да направи нов предизвик и да ја заврши кариерата во друг тим, откако преговорите за нов договор сеуште нема. Според истиот извор, многу екипи сакаат да го привлечат – Милан, Баер (Леверкузен), Монако, Нант и Рен. За 9 години поминати во Лондон дефанзивецот има одиграно 352 натпревари и притоа постигна 27 гола, а ако информациите се покажат точни, тогаш финалето во Лига Европа ќе му биде последен натпревар во дресот на „топџиите”.
Кевин Дурант и ДеМаркос Казанс нема да играат во првиот натпревар од финалната серија во НБА лигата, која започнува на 31 мај, соопштија од Голден Стејт. Двајцата се уште не се опоравиле целосно од повредите, но во екипата очекуваат тие да бидат подготвени во некој од следните натпревари од серијата. Ситуацијата со Дурант, кој има повреда на десната нога, е посериозна. Водечкиот стрелец на тимот од Оукленд напредува со рехабилитацијата, но сеуште не добил дозвола од медицинскиот тим да се врати на теренот. „Во овој момент не може да кажеме како Дурант би играл на првиот натпревар од серијата, но…
На годишниот конгрес на Меѓународната федерација за хокеј на мраз (IIHF) беше потврдена одлуката Русија да биде домаќин на Светското првенство за мажи во 2023 година. Оваа одлука првично била донесена во септември минатата година кога IIHF ја донесе претходната одлука да го даде шампионатот во 2023 година на Русија, оној во 2024 година на Чешка, а следниот по него на Шведска, а овие одлуки беа потврдени официјално. Интересно во случајот е дека во 2023 година првенството ќе се одржи во целост на територијата на Санкт Петербург, а за оваа намена ќе бидат искористени 22 илјадниот спортски комплекс во Санкт…
