Навивачите на Манчестер Сити започнаа петиција за да го убедат раководството на англискиот шампион да изгради статуа на поранешниот капитен Винсент Компани. Белгијскиот фудбалер официјално го напушта тимот за да направат нов чекор во својата кариера. Компани се враќа во својот поранешен клуб Андерлехт, каде што ќе биде тренер. Тој играше 11 години во тимот на „Граѓаните” во кој успеа да освои десет трофеи. Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Најџел де Јонг, исто така, го повика раководството на Манчестер Сити преку социјалноте мрежи да постават статуа на Винсент Компани пред стадионот „Етихад”.
Author: riste
Напаѓачот на Интер Мауро Икарди нема да биде во составот на фудбалскиот тим на Аргентина за Копа Америка, велат медиумите во оваа земја. Икарди, кој постигна 17 гола за италијанскиот тим Интер оваа сезона, беше вклучен во поширокиот состав, но селекторот на Аргентина Лионел Скалони одлучи да не се потпира на него за Јужноамериканското првенство во Бразил кое ќе се одржи од 14-ти јуни до 7-ми јули. Аргентина е во група зедно со селкциите на Колумбија, Парагвај и Катар.
Симоне Инзаги се согласил да го преземе италијанскиот фудбалски шампион Јувентус, ова го објави авторитативниот спортски новинар Џанлука Ди Марцио. Инзаги, кој го донесе Лацио до триумфот во италијанскиот куп во оваа сезона, се сретнал со спортски директор на Јувентус Фабио Паратичи во Торино, и двајцата ги договориле деталите за идната соработка. 43-годишниот Инзаги се согласил да го замени Масимилиано Алегри, кој ќе го напушти Јувентус по крајот на сезоната. Други кандидати за местото на Алегри беа Антонио Конте, Маурицио Почетино (Тотенхем) и Маурицио Сари (Челзи). Сепак според оваа информација Симоне Инзаги ќе биде оној кој ќе се обиде да…
Италијанскиот вице-шампион Наполи ја отфрли понудата која ја даде Манчестер Јунајтед за купување на нивниот дефанзивец Калиду Кулибали. Според весникот „Газета Дело Спорт“, англискиот клуб понудил 110 милиони евра за централниот дефанзивец. Веќе неколку предлог понуди на англискиот тим со вредност од 90 милиони евра, а потоа и 103 милиони евра беа одбиени. Кулибали дојде во Неапол од Генк во 2014 година. Оваа сезона има 48 натпревари во сите натпреварувања и постигна 2 гола, но важи за столб во одбраната на Наполи.
Атлетико Мадрид има намера да се бори за дефанзивецот на ЦСКА Москва Марио Фернандез , објавија медиумите во Шпанија. Се тврди дека шпанскиот клуб е подготвен да плати 30 милиони евра за трансферот на бразилскиот фудбалер со руско државјанство. Претходно медиумите објавија дека Фернандез беше внимателно следен од Барселона, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Баерн Минхен и Челзи. Трансферот на 28-годишниот фудбалер се проценува на 25 милиони евра.Претходно беше објавено дека ЦСКА ја разгледува можноста за продажба на дефанзивецот во Зенит на крајот од тековната сезона за 30 милиони евра. Фернандез е во ЦСКА Москва од 2012 година. Претходно, тој 3 години ги…
Тажна вест за љубителите и учесниците во Формула 1, почина великанот во овој спорт, некогашниот австриски Ф1 возач Ники Лауда. Ники Лауда, почина на 70-годишна возраст, важеше за еден од најдобрите во историјата на Формула 1. Тој во овој спорт, беше активен во периодот од 1971 до 1979, па од 1982 до 1985, а неговите успеси засекогаш ќе бидат запишани во историјата на Формула 1 и тоа со златни букви. Лауда зад своето име има три титули, во 1975, 1977 и 1984 година. Возеше за неколку тима, а ќе се памети како единствен возач кој успеал да освои шампионски титули…
Стив Кларк беше назначен за селектор на шкотскиот национален тим, објави прес-службата на локалната фудбалска федерација. 55-годишниот тренер потпиша тригодишен договор до Светското првенство во Катар во 2022 година. Стив Кларк доаѓа на местото на Алекс Меклиш откако самиот Кларк беше избран за најдобар менаџер на шкотскиот шампионат оваа сезона, а екипата на Килмарнок заврши на третото место.
Раководството на Челзи ја искористи можноста автоматски да го продолжи договорот за напаѓачот Оливие Жиру за уште една година, соопшти „Sky Sports“. Францускиот напаѓач ќе беше слободен играч на крајот на јуни, но трансферот ембаргото на УЕФА за трансфери на Лондонскиот клуб за следните два трансфер-периоди ќе го спречи тимот да купува нови играчи и затоа мораше да ги задржат оние кои се веќе во клубот. Самиот Жиру го изрази своето незадоволство од времето за играње што го добил во текот на сезоната, на сметка на Гонзало Игуаин. Сепак, Челзи не одлучи да ги купи правата за Аргентинецот, па така…
Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти не размислува да го напушти клубот по крајот на сезоната. Анчелоти потврди дека неговиот договор има клаузула до 30 мај, што би можело да го продолжи договорот помеѓу двете зстрани. Карло Анчелоти се чувствува добро во Неапол и уверен е дека ќе продолжи да го води тимот во следната сезона. Во последната недела, името на Анчелоти беше поврзано со тренерското место во Јувентус, откако оваа екипа најави дека Алекгри нема да го води тимот во иднина и дека ќе го најават новиот тренер по завршувањето на сезоната. „Јас нема да одам никаде. Немам проблеми со…
Манчестер Јунајтед ќе се обиде да направи изненадувачки бомбастични трансфери со привлекувањето на Пауло Дибала и Антоан Гризман. Францускиот напаѓач го одигра последниот натпревар за Атлетико Мадрид и потврди дека го напушта „Ванда Митрополитано” ова лето, а клаузулата за негово заминување ќе биде 104 милиони евра. Се очекува Гризман да премине во Барселона, но медиумите во Шпанија тврдат дека некои од ѕвездите на каталонскиот клуб се против неговото доаѓање и веќе одржале средба со раководството на клубот на оваа тема. Во меѓувреме, Манчестер Јунајтед продолжува да биде поврзуван со напаѓачот на Јувентус Пауло Дибала. Братот и агент на играчот минатата…
