Манчестер Сити се надева дека ќе ја победи Барселона во трката за потпишување на договор со ѕвездата на Атлетико (Мадрид), Антоан Гризман, вели „Каталуња Спорт“. Од Атлетико Мадрид веќе најавија официјално дека ќе се разделат со францускиот репрезентативец, тоа значи дека екипата во пракса ќе ја почитува неговата желба да биде продаден при добра понуда во текот на летото. Досега се сметаше дека каталонците се фаворит, но сепак се чини дека фановите на тимот не го одобруваат многу овој трансфер. Пеп Гвардиола ќе се обиде да го убеди овој голгетер дека стадионот „Етихад” е вистинското место за него. Напаѓачот има…
Author: riste
Милан подготвува сериозни промени во текот на летото. Се очекува клубот да се раздели со доста играчи, а во исто време на нивно место ќе бидат привлечени нови засилувања. Еден од зацртаните цели на „росонерите” е дефанзивецот на Арсенал Шкодран Мустафи. Германецот се очекува да биде привлечен како замена на Кристијан Запата. Договорот на Колумбиецот истекува и нема да биде обновен, па тој ќе си замине како слободен агент. Во исто време и иднината на Мустафи на „Емирати” е под знак прашање. Постојано се зборува дека клубот му бара купувач и Милан ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и…
Италијанскиот шампион Јувентус ќе биде без централниот дефанзивец Џорџо Киелини за претстојниот натпревар од 37.коло во Серија „А“ против Аталанта. Според информациите од Италија, ветеранот има повреда што го спречува да учествува на овој меч. Затоа 34-годишниот фудбалер нема да биде дел од прославата на „Скудето“, која ќе биде веднаш по завршувањето на натпреварот. Јувентус и Аталанта се среќаваат на стадионот „Алијанц“ во Торино во недела од 20:30 часот. За домаќините натпреварот е тотално небитен, но на гостите им се потребни три бода во битката за пласман меѓу најдобрите 4 екипи во Италија и обезбедување на пласман во Лигата на…
Играчот на Реал Мадрид Иско е цврсто решен да остане во тимот, тврдат медиумите во Шпанија. Иако Зинедин Зидан не планира да го користи како стартер во следната сезона, 27-годишниот фудбалер сака да продолжи да се бори за своето место во составот, а не да побара трансфер. Интересно е дека Зидан исто така инсистира Иско да биде и понатаму дел од тимот, но не може да му гарантира дека ќе игра редовно. Тоа не му пречи на шпанскиот репрезентативец, кој и пред враќањето на Зидан ретко беше меѓу стартните 11 поради конфликтот со поранешниот тренер на кралскиот клуб Сантијаго Солари.…
Премиерлигашот Челзи доби лоши вести за повредата на Рубен Лофтус-Чик откако беше потврдено дека истата е многу посериозна отколку што се најавуваше. Фудбалерот настрада на контролниот меч со Њу Енгленд и се покажа дека заработил кинење на Ахиловата тетива на левата нога. Синоќа тој беше подложен на операција. Англискиот репрезентативец го повреди зглобот поради нерамниот терен на стадионот каде се играла средбата и ја напушти играта, но сега се покажа дека ќе му претстои долго закрепнување, што значи дека ќе ги пропушти првите месеци од новата сезона. Ова е втора ваква повреда во Челзи во последно време, откако и Калом…
Раководството на Јувентус му предложило нов договор на тренерот на тимот Масимилиано Алегри, кој е до летото 2021 година, пишува весникот „Ла Стампа”. Претседателот на италијанскиот шампион Андреа Ањели и Алегри сеуште не воделе конкретни преговори, но од управата на клубот направиле претходно предлог, во условите кои му се понудени на Алегри предвидено е забележано мало зголемување на годишната плата, која во моментов е 7,5 милиони евра. Ако Алегри ја отфрли понудата од Јуве се подготвени да започнат преговори со Симоне Инзаги, кој синоќа го однесе Лацио до трофејот во Купот на Италија. Сепак е сосема веројатно дека Масимилиано Алегри…
Централниот дефанзивец на Порто, Фелипе веќе ги поминал лекарските прегледи во Атлетико (Мадрид), пред да го стави потписот и да се пресели на „Ванда Метрополитано“. 30-годишниот фудбалер ги договорил сите услови со „јорганџиите“и ќе потпише договор со тимот за период од три години. Двата тима ги договориле деталите за трансфер кој ќе изнесува 25 милиони евра. Фелипе успеа да постигне 1 гол и имаше 1 асистенција за Порто оваа сезона во 30 одиграни натпревари.
Интер објави една добра вест за своите навивачи. Одбрандбениот фудбалер Милан Шкрињар потпиша нов договор со клубот, кој ќе го обврзе да остане во дресот на „нероазурите“до летото 2023 година. Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити беа заинтересирани за овој одбрандбен играч. Шкрињар е играч на Интер од 2017 година, кога се пресели во италијанскиот гигант со трансфер од Сампдорија. Неговата прва сезона во тимот од Милано беше повеќе од импресивна. Во таа сезона играше 38 натпревари без да пропушти една минута.
Арсенал се надева дека ќе успее да го привлече во летниот трансфер период дефанзивецот на бразилскиот Гремио Валтер Канеман, тврдат медиумите на Островот. И покрај тоа што игра за бразилскиот тим 28-годишниот фудбалер е репрезентативец на Аргентина и веќе има 5 натпревари за селекцијата на својата земја, откако успеа да стане еден од најважните играчи на својот клуб и импресионираше со настапот во дефанзивната линија на Гремио. За искусниот дефанзивец интерес има и од страна на Сампдорија, па битката за неговиот потпис треба да биде доста интересна. Лондончани сепак се подготвени да платат за него 10 милиони фунти и се…
Напаѓачот на Кристал Палас Вилфред Заха, кој е и најголемата ѕвезда на тимот, сака да го напушти овој клуб, за да игра во Лигата на Шампионите. Според „Скај Спортс“, фудбалерот ја објавил својата желба кај челниците на клубот, но истите не сакаат да го продаваат, што може да предизвика проблем. Оваа недела Заха се сретнал со претседателот Стин Периш и му кажал дека сака да го направи следниот чекор во својата кариера. Се верува дека Кристал Палас сака 80 милиони фунти за него, што тешко дека некој ќе ги плати, па клубот ќе мора да го намали своето барање. Минатата…
