Author: riste

Челзи нема да ја искористи можноста да го купи аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин, пишува „Daily Mail“. 31-годишниот Игуаин игра на „Стемфорд Бриџ“ од јануари со позајмица од Јувентус, но спортскиот и техничкиот персонал на Челзи не се задоволни со неговите настапи. Аргентинецот постигна 7 гола имаше и 2 асистенции во 23 натпревари одиграни за „сините“ од Лондон, но во голема мера не успеа да ги исполни очекувањата на раководството на тимот.

Read More

Фудбалерот на Челзи Рубен Лофтус-Чик заработи повреда на левата нога при победата со 3:0 над Њу Енгланд Револушн во контролата која се одигра во САД. Лофтус-Чик лошо падна по еден воздушен дуел и ја напушти принудно играта во средината на второто полувреме. Поради повредата тој може да го пропушти финалето на Лига Европа против Арсенал кое се игра во Баку на 29 мај. Рос Баркли беше стрелец на два гола за успехот на лондончани против тимот од МЛС, а Оливие Жиру даде еден гол со глава по асистенција на Запакоста. Аргентинецот Гонзало Игуаин успеа да ја погоди само пречката во…

Read More

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) денес доби нов претседател, Перо Антиќ, кошаркарската легенда седнува на претседателското столче во МКФ откако реши да се кандидира и како единствен кандидат за оваа функција, ја доби довербата од клубовите. На Изборното собрание гласот го дадоа 26 клубови – членови, додека од присутните, спорни излегоа две полномошни, на судии и делегати, како и Здружението 3х3. Од присутните клубови, 17 гласаа за Перо Антиќ. Откако ја доби довербата од делегатите Перо Антиќ го искажа чувството да се биде прв човек на МКФ: „Секако дека сум среќен, искрено малку ми е и чудно во оваа улога. До денес…

Read More

Германскиот тим Баерн Минхен кој најверојатно ќе ја одбрани титулата во Бундес лигата сака да го донесе напаѓачот Лерој Сане во германското фудбалско првенство, информираат медиумите во Англија. Британските медиуми тврдат дека Баварците веќе започнале преговори со Манчестер Сити за трансфер на напаѓачот кој сака да биде незаменлив играч во неговиот клуб. 23-годишниот германски репрезентативец ќе врши голема работа за Баерн ако трансферот се случи ова лето. Тој се смета како можна замена на Ариен Робен и Френк Рибери, кој ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.

Read More

Реал Мадрид е заинтересиран за младиот играч на Олимпик Лион Рајан Черки. Овој 15-годишниот напаѓач од Лион влегол во бележникот на Реал Мадрид, објави весникот „Мундо Депортиво“. Според истиот извор, Реал Мадрид е подготвен да плати 12 милиони евра за трансферот на играчот. Претходно, вакви обиди биле направени од Милан и Челзи, но биле одбиени. Играчот има актуелен договор кој важи до летото 2020 година. Претседателот на францускиот клуб Жан-Мишел Ола има намера да го продолжи договорот со талентиран играч. На 17 август, Черки ќе има 16 години, а потоа ќе добие право да пнаправи трансфер во клубот од друга земја од…

Read More

Актуелниот тренер на Нирнберг Борис Шомерс ќе го напушти овој клуб по завршувањето на сезоната. Тој одби да добие друга позиција во клубот и неговиот последен натпревар ќе биде против Фрајбург во последното коло во Бундеслигата кое се игра во сабота. Шомерц го презеде Нирнберг по ослободувањето на Михаел Колнер, кому му беше помошник. Главен кандидат за местото кое во моментов го има Шомерс е Австрискиот тренер Дамир Канади, кој моментално е на чело на грчкиот тим Атромитос, но се смета за најсериозен кандидат за позицијата на Шомерс која ќе биде испразнета за неколку дена.

Read More

Атлетико Мадрид во летниот трансфер период може да биде доса активен и да донесе дури тру играчи од Порто, пренесуваат шпанските медиуми. Според истата информација, играчот од средниот ред на португалскиот тим, Хектор Херера, ќе се приклучи на Атлетико Мадрид како слободен играч, бидејќи неговиот договор истекува летово. Атлетико планира да купи уште два играчи од Порто. Станува збор за дефанзивците Аугусто Фелипе Алекс Телес. Се тврди дека клубовите се блиску до договор за трансферот. Од Атлетико Мадрид планираат со овие играчи да ги пополнат испразнетите места со заминувањето на Диего Годин, Фелипе Луис и Лукас Хернандез. Оваа сезона, 29-годишниот Херера учествуваше на 32 натпревари…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе направи двонеделна „летна подготовка” за неговиот тим пред финалето во Лигата на шампионите против Тотенхем. Пред тоа сепак фудбалерите на Ливерпул добија два дена одмор, откако победија против Вулверхемптон викендов и завршија како втори во Премиер лигата со рекорден број на освоени 97 поени за вицешампионското место. „Треба да завршиме некои работи во подготовката за Лигата на Шампионите. Пред тоа сепак момците ќе добија два дена за одмор, а потоа ќе почнеме со кампот пред финалето. Се надевам дека ќе го одиграме добро, да го добиеме и така навивачите да го добијат она што…

Read More

Француската ѕвезда на Атлетико Мадрид ќе го напушти клубот по 1 јули. Тој им ја соопштил веќе својата намера на раководството на клубот, односно на тренерот Диего Симеоне и претседателот на клубот Мигуел Анхел Хил Марин. Од Атлетико исто така ја објавија информацијата преку својот официјален профил на „Твитер“, што значи дека има клуб кој е подготвен да ја плати откупната клаузула на Гризман во износ од 120 милиони евра. Минатата сезона Гризман беше блиску до Барселона, но во последен момент го обнови договорот со Атлетико до 2023 година со плата од 23 милиони евра по сезона. Тогаш Французинот дури…

Read More

Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, нема намера да го напушти тимот од Амстердам и покрај интересот на голем број водечки европски клубови како Барселона, Баерн (Минхен) и Челзи. Ерик Тен Хаг стана хит оваа сезона откако го однесе Ајакс од квалификациите до полуфиналето во Лигата на шампионите, каде што, за жал испаднаа од Тотенхем со гол примен во последните секунди од дополнителното време. „Добро е што го поврзуваат моето име со такви клубови, но се чувствувам добро во Ајакс. Веќе ја планиравме иднината и нема да заминам”, изјави Тен Хаг за „Мундо Депортиво“.

Read More