Тимот на Астон Вила се квалификуваше во финалето од плејофот за пласман во Премиер Лигата откако го елиминираше Вест Бромвич по подобро изведување на пенали. Во првиот полуфинален меч Астон Вила победи со 2:1, а во реваншот одигран синоќа загуби со 0:1, па според правилата на ФА потребно беше изедување на пенали за да се добие патникот во финалето. Во нив Астон Вила победи со 4:3 и го чека својот ривал од дуелот меѓу Лидс Јунајтед и Дерби Каунти. Во првиот натпревар, Лидс победи како гостин со 1:0 и се чини дека е фаворит за пласман во финалето. Инаку, единствениот…
Author: riste
Одличната прва сезона за Матео Гендузи во Арсенал ќе му донесе речиси двојно повисока плата, пишува весникот „Сан”. 20-годишниот играч од средниот ред одиграл 47 натпревари за „Топџиите“ во текот на оваа сезона, а притоа оставил одлични впечатоци и сега се подготвува за претстојниот финален дуел во Лигата на Европа. Тој пристигна во тимот минатото лето од францускиот Лориент, бидејќи беше сосема непознат, првично потпиша за 40 000 фунти неделно. Сега, сепак, договорот се очекува да му биде подобрен и веќе да добива 75 000 фунти неделно. Неговиот нов договор ќе биде продолжен за уште една сезона плус – до…
Денес е тажен ден за навивачите на Рома. Еден од симболите на тимот Даниеле Де Роси објави на официјалната прес-конференција дека ќе стави крај на 18-годишната кариера во римскиот клуб. 36-годишниот играч од средниот ред, призна дека не добил понуда за нов договор од страна на клубот и изјави дека не размислува да престане со фудбалот. Де Роси чека понуди, а кога ќе ја заврши кариерата, најави дека ќе се посвети на тренерската професија. „Вчера ми беше кажано дека мојот договор нема да биде обновен. Имам 36 години и не сум глупав. Кога никој не седнува со вас за да…
Дамир Скомина ќе го суди финалето на Лигата на шампионите оваа година, дуел кој ќе се игра помеѓу Тотенхем и Ливерпул на 1-ви јуни. 42-годишниот словенец беше главниот судија на четири натпревари од ова натпреварување оваа сезона. Еден од нив беше победата на Ливерпул над Наполи со 1:0 во декември 2018 година. Тој беше и судијата кој по консултација со ВАР досуди пенал за Манчестер Јунајтед во дополнителното време на дуелот против ПСЖ, со кој „црвените ѓаволи” сензационално го елиминираа еден од најголемите фаворити. Скомина го судеше финалето на Лигата на Европа помеѓу Ајакс и Манчестер Јунајтед во 2017 година,…
Во организација на Авто картинг клубот Кастом кар рејсинг тим а со поддршка на Агенција за млади и спорт и Арт картинг центарот, старуваа картинг натпреварите под капата на нашата автомобилистичката федерација. Првата серија донесе трки поделени во три класи и тоа мини бамбини од 7 до 9 години, втората мини од 9 до 12 години и третата класа е рентал односно учествуваа лица постари од 13 години . Во првата класа победи Стефан Стефановски пред Христо Ковачи и Дамјан Давидовски. Во втората класа најбрз беше Петар Богатиновски пред Лука Бошковски и Иван Василевски. Во третата класа (рентал) најдобар беше…
Италијанскиот гигант и шампион Јувентус, која осма година по ред стана италијански шампион, официјално го претстави дресот со кој ќе игра на домашните натпревари во сезоната 2019/20 година. Интересно е тоа што на дресот им недостигаат традиционални клубски ленти, што се случува за прв пат по повеќе од 100 години. Левата страна на дресот е целосно црна, додека десната страна е бела. Новиот дрес, исто така, има розев елемент. Играчите на Масимилијано Алегре ќе излезат за прв пат со новите дресови вечерва, кога ќе го одиграат гостинскиот натпревар против Рома на стадионот „Олимпико“.
Раководството на Арсенал е подготвено да понуди нови и подобри договори за напаѓачите Александар Лаказет и Пјер Емерик Обамејанг. Според „Daily Mail“, двајцата инапаѓачи ќе добијат предлози за нови договори со неделна плата од 250.000 фунти. Оваа сезона тие учествуваа постигнувањето на вкупно 67 гола за тимот и дефинитивно покажаа одлични перформанси од почетокот на сезоната. Менаџерот на тимот Унаи Емери е исклучително задоволен од нив и смета дека тимот по секоја цена мора да ги обезбеди нивните услуги за наредните неколку сезони.
ПСЖ и Атлетико (Мадрид) го следат напаѓачот на Евертон Ричарлисон, објави весникот „Мирор“. Двете екипи треба да се разделат со неколку важни фудбалери во текот на летото и да гледат во бразилскиот репрезентативец совршена замена која би се вклопила во нивните редови. Познато е дека Антоан Гризман, најверојатно, ќе ја засили Барселона, а парижаните можат да се разделат со Едисон Кавани, па дури и со Неамар доколку добијат добра понуда. Самиот Ричарлисон играше многу во Премиер Лигата од почетокот на сезоната и се проценува на 70 милиони фунти. Оваа сума е достапна и на Атлетико и на ПСЖ, па затоа…
Играчите на Манчестер Сити ќе поделат вкупно 20 милиони фунти доколку ја освојат титула денес, тврди британското издание на весникот „Сан”. Токму толку е тимската премија која раководството на тимот ја вети при победа над Брајтон. При освоени три поени во последното коло тимот ќе си ја обезбеди одбраната на титулата во Премиер лигата, што е и главната цел на тимот. На овој начин тимот на Пеп Гвардиола ќе го освои вториот од трите можни трофеи, а може да ја заврши сезоната и со три титули во случај да успее да победи и против Ватфорд во финалето на ФА Купот…
НБА екипата на ЛА Лејкерс добија нов тренер, а тоа е поранешниот тренер на Индијана и Орландо, Френк Вогел. Тој постигна договор со раководството на ЛА Лејкерс за преземање на тренерската функција во прославениот клуб од Лос Анџелес. Френк Вогел кој има 45 години, во Лејкерс доаѓа како тренер со осумгодишно искуство и биланс од 304 победи и 291 порази, но и две конференциски финалиња во 2013 и 2014. Тој досега има водено екипи само од Источната конференција, Лејкерс ќе му биде прв тим од западот. По разделбата со Лук Волтон кој имаше очајна сезона и покрај доведувањето на суперѕвездата…
