Author: riste

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде на официјалната прес-конференција пред денешниот реванш меч против Ливерпул од Лигата на Шампионите го искажа своето размислување дека неговата екипа се уште не обезбедила финале. „Резултатот нема да влијае на нас. Треба да играме на ниво и во реваншот, како го направивме тоа на првата средба. Секоја недисциплина може да доведе до големи грешки. Ќе биде тешко, бидејќи навивачите на стадионот ќе го мотивираат многу Ливерпул. Секој од двата тима си има свој стил на игра. Понекогаш постојат моменти кога треба да се браниме, но понекогаш топката едноставно не запира да лета од една половина…

Read More

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез очекува топло добредојде од фановите на неговиот поранешен тим Ливерпул. Двата тима играат еден против друг во полуфиналето во Лигата на шампионите, а Барселона победи со 3:0 во првата средба на „Камп Ноу” пред една недела. Суарез постигна еден од головите и со голема радоста го прослави голот што беше прифатено лошо од навивачите на Ливерпул. „Многу сум благодарен на Ливерпул за сè и сум радосен што повторно ќе играм овде. Нема да прославувам, ако постигнам гол и овде. Не треба да се залажуваме со резултатот од првиот натпревар, бидејќи Ливерпул може да ја казни…

Read More

Францускиот интернационалец од Манчестер Јунајтед Пол Погба сака значително зголемување на неговата плата во случај на трансфер во Реал Мадрид. Светскиот шампион со Франција од Светското првенство 2018 инсистира да добие 24 милиони евра по сезона наместо сегашните 17 милиони евра кои ги добива во Манчестер Јунајтед, информираат шпансите медиуми. Во Реал Мадрид, сепак не се подготвени да платат толку многу, па затоа гледаат уште три други потенцијални кандидати. Се работи за Кристијан Ериксен, Миралем Пјаниќ и Дони ван де Бек. Данецот Ериксен, исто така, имаше високи финансиски барања, но заедно со Погба се фаворити на тренерот Зинедин Зидан.

Read More

Капитенот на Манчестер Сити Винсент Компани беше пресреќен по успехот со 1:0 над Лестер во претпоследниот натпревар од Премиерлигата, а токму тој беше стрелец на победничкиот гол. Со победата Манчестер Сити дојде до 95 поени и го надмина Ливерпул на врвот на табелата со еден вод на едно коло пред крајот. „Работата воопшто не е во квантитетот  на головите, туку е важно кога си ги постигнувал. Во ваков натпревар само јас можев да го совладам Каспер Шмајхел, кој направи неколку фантастични одбрани. Имавме правилен пристап во натпреварот, вршевме притисок, го притискавме противникот, но ни недостигаше завршница. Лестер се бореше добро,…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп официјално изјави дека напаѓачот Мохамед Салах не е во плановите за утрешната средба со Барселона, реванш мечот од 1/2-финалето на Лигата на шампионите. „Салах не може да игра утре”, изјави германскиот стручњак на денешната прес-конференција. Египетскиот фудбалер ја удри главата за време на саботниот натпревар со Њукасл. Роберто Фирмино, исто така, отпадна за вториот дуел со Каталонците. „Ние веруваме во пресвртот. Верувам во моите момчиња, тоа е фудбал. Не располагаме со двајцата најдобри напаѓачи (Салах и Фирмино), но треба да се постигне голови против Барселона … Знаеме дека животот не е лесен, но ќе се…

Read More

Желбата на голманот Јаспер Силесен да ја напушти Барселона го натера клубот да бара нова голман кој ќе биде резерва за Марк-Андре Тер Штеген. Според весникот „Марка“, шампионот на „Ла Лига“ повторно се насочува кон Борусија (Менхенгладбах), од каде што го зедоа нивниот сегашен прв голман. Целта овој пат е Јан Зомер, кој во 2014 година беше привлечен од страна на Германците како замена за Тер Штеген. За германските медиуми смаиот голман на Борусија потенцирал деа во моментов не размислува за тоа: „Не сакам ништо да зборувам на оваа тема сега. Имам други работи за кои мислам во моментов“ изјавил…

Read More

Само пет дена по срцевиот удар и операцијата, легендарниот голман Икер Касиљас ја напушти болницата во Порто и заедно со сопругата Сара Карбонаро се појави пред медиумите. 37-годишниот чувар на мрежата на Порто не зборуваше премногу, но неколку пати им се заблагодари на сите кои му испратиле поддршка деновиве. „Имав многу среќа, денес сум многу возбуден и се чувствувам многу сакано од сите. Голема благодарност до сите, до болницата, до доктор Нелсон, до семејството Порто, фудбалерите, до сите. Се чувствувам добро, ми требаат неколку недели одмор, можеби еден месец. Тука се моето семејство и нивната поддршка е бесценета. Не знам…

Read More

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беа извлечени двојките за полуфиналето на Купот на Македонија. Во трка по Куп титулата се три скопски екипи и Еурофарм Работник кои следниот викенд во Куманово ќе се борат за трофејот. Екипата на Вардар која го брани трофејот во Купот на Македонија го доби Еурофарм Работник за противник во полуфиналето. Ждрепката ги одбегна Вардар и Металург, но затоа закажа полуфинална пресметка меѓу двете најдобропласирани екипи во Супер лигата. Вардар и Еурофарм Работник веќе одиграа интересен натпревар во Битола, а сигурно ќе биде интересно и во петок кога ќе играат полуфинале. Во…

Read More

Утре низ улиците на Скопје ќе се одржи 15-от јубилеен „Виз Ер Скопски маратон“, на кој според најавата од страна на организаторот се пријавени рекорден број на учесници, над 12.500 кои ќе трцаат на маратонската, полумаратонската трка, на 5000 метри како и на штафетниот маратон. „Мене ме радува што овој јубилеен 15-ти маратон е најмасовен и со најмногу учесници, ние како организатори се погриживме да донесеме квалитетни натпреварувачи кои ќе дојдат од над 50 земји од целиот свет. Очекуваме да бидат постигнати добри времиња со оглед на временските услови кои ќе ги имаме на утрешната трка, исто така очекуваме добар…

Read More

Голманот на Арсенал, Петр Чех, по победата од 3:1 над Валенсија, изјави дека тоа била негова последна домашна средба во Европските натпревари. Тој со нетрпение очекува да победат и да се пласираат во финалето, а потоа и да го освојот трофејот во Лига Европа. „Тоа беше мојот последен домашен натпревар на европски турнири, сакав да победам и да добијам шанса да го реализирам мојот сон, да го подигнам трофејот над мојата глава во последниот натпревар во мојата кариера и тоа сеуште е остварливо“, рече Петр Чех по вчерашниот меч со Валенсија.

Read More