Денес се одлучува кој ќе биде новиот шампион на Премирелигата, Манчестер Сити или Ливерпул, тоа се двете екипи кои во ова последно коло влегоа со шанса да ја освојат титулата. „Мртвата трка“ помеѓу Манчестер сити и Ливерпул за титула во Премиерлигата ќе заврши попладнево нешто пред 18 часот, а кој и да биде шампион, ќе биде испишана историја. Тој што нема да биде првак, ќе жали за испуштената шанса и ќе постави рекорд по број на бодови кои ги имал еден тим што не освоил титула. Пред денешните натпревари Манчестер Сити има 95 бода, Ливерпул 94, и тој еден бод…
Author: riste
Ракометарите на Металург го изненадија големиот фаворит Вардар и го освоија Купот на Македонија во ракомет. Пенали го дадоа победникот во машкиот ракометен Куп на Македонија, откако натпреварот меѓу фаворитот Вардар и Металург заврши нерешено (29:29), а поуспешен во ударите од седум метри беше тимот на Металург (32:33), по што овој клуб доаѓа до нов Куп-трофеј во своите витрини. Вардар и Металург одиграа уште еден вистински ракометен дерби меч, а љубителите на ракометот можеа да уживаат во многу убави моменти низ оваа средба. Во првиот дел доминираше Вардар кој имаше предност од неколку голови, а на полувреме замина со предност од 16:12. Можеби сите мислеа дека…
Возачите на Мерцедес повторно доминираа во квалификациите за трката за ГН на Шпанија која се вози во Барселона. Финецот Валтери Ботас докажа дека се наоѓа во фантастична форма и ја освои третата пол-позиција во низа оваа сезона. Тој на патеката во Барселона успеа зад себе да го остави првиот возач на Мерцедес, актуелниот шампион Луис Хамилтон. Ботас имаше најдобро време од 1.15:04 минути и зад себе го остави Луис Хамилтон, додека третото место му припадна на Себастијан Фетел од екипата на Ферари. Трката за ГН на Шпанија се вози утре со почеток од 14:00 часот.
Германскиот фудбалски сојуз ја казни Борусија (Дортмунд) со 10 илјади евра поради однесувањето на Марко Ројс. Капитенот на „жолто-црните” самоволно за време на натпреварот од Бундеслигата помеѓу Борусија Дортмунд и Вердер Бремен минатата недела, кој заврши нерешено 2:2. седнал во близина на своите соиграчи и стручниот штаб на резервната клупа, иако беше казнет и немаше можност да настапи на оваа средба. 29-годишниот Марко Ројс издржува казна од две последователни средби поради црвен картон добиен за време на поразот на Дортмунд со 2:4 дома против локалниот ривал Шалке 04 пред повеќе од една недела. Правилата во Бундеслигата забрануваат на казнетите фудбалери…
Францускиот шампион Париз Сен Жермен нема да го продолжи договорот на Џанлуиџи Буфон, објави весникот „Спорт Билд“. Во договорот на искусниот голман постои клаузула која му овозможува на клубот да го задржи уште една година. Оваа опција, сепак, нема да биде искористена од ПСЖ, а Буфон ќе го заврши својот престој на „Паркот на принцовите“ по само една сезона помината во дресот на ПСЖ. Џиџи Буфон го засили ПСЖ минатото лето откако ја заврши својата долга кариера во Јувентус.
Вечерва во 21:00 часот започнува вториот полуфинален дуел во Лигата на Шампионите. Втор пат еден против друг на „Јохан Кројф Арена” ќе се соочат тимовите на Ајакс и Тотенхем. Првиот дуел во Лондон заврши со успех на Холанѓаните од 1:0, кој им дава предност пред вечерашниот дуел. Во исто време, сепак предноста не е толку голема и лондончани имаат сосема реални шанси да се обидат да направат пресврт. Ајакс е најпријатно изненадување во овогодинешното издание на Лигата на шампионите. Холандскиот гигант има одлична сезона дозволи да има само еден пораз досега – од Реал Мадрид во 1/8-финалето. Уште од групната…
Патот на Вардар до финалето на ЛШ ќе биде слично како и пред две сезони кога во полуфиналето на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, Вардар играше против Барселона. Ждрепката сакаше двете екипи сезонава по третпат да играат меѓусебе во борба за пласман во финалето. Во второто полуфинале се среќаваат Веспрем и Киелце. Полуфиналните натпревари од ЛШ се на 1 јуни, а финалето на 2 јуни во Келн. „Сите тимови имаат исти шанси за победа. Барселона е голем фаворит, таа беше прва во групата и двапати славеше против нас, но ние сме Вардар и не се откажуваме до крај. Мислам…
Денес во Келн се одржа ждрепка за полуфиналните натпревари од завршниот турнир во Лигата на шампионите. Досега оваа сезона се одиграни 196 натпревари, а по нив екипите на Вардар, Барселона, Веспрем и Киелце се пласираа на Ф4 турнирот во Келн. Ждребката сакаше Барселона да му биде противник на Вардар во полуфиналето исто како што беше пред две години кога Вардар победи против Барселона, а потоа во финалето го совлада и ПСЖ за својата прва историска титула. Во второто полуфинале ќе се сретнат унгарскиот Веспрем и полскиот тим Килеце. Полуфинални парови: Барселона – Вардар Веспрем – Киелце Полуфиналните средби во „Ланксес Арена“ ќе се…
Голманот на Лестер Каспер Шмајхел го отпиша Ливерпул за освојување на титулата на Островот. Данецот зборуваше по поразот со 0:1 од Манчестер Сити во вчерашниот натпревар кој беше дел од претпоследното коло. Според Шмајхел, Манчестер Сити нема да згреши во последниот натпревар како гостин на Брајтон и ќе триумфира во текот на викендот. „Игравме навистина многу цврсто на овој натпревар, но згрешивме при голот на Компани. Не успеавме да го блокираме навреме и му дадовме време да ја прими топката и да упати удар. Загубивме натпревар од потенцијалниот шампион. Не гледам како тие можат да загубат на следниот натпревар” ,…
Проблемите на Ливерпул со составот не престануваат и се поизвесно е дека оваа екипа до последен момент нема да може да знае дали на мечот со Барселона на „Енфилд“ ќе настапи во состав кој ќе биде конкурентен за изненадување. Еден од најголемите лидери на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, можеби нема да игра на вечерашниот натпревар. Според некои англиски медиуми, холандскиот репрезентативец ја пропушти последната тренинг-сесија на тимот вчера. Играчот на годината во Премиер Лигата не беше забележан во кампот на Ливерпул. Портпаролот на клубот изјавил дека Ван Дајк се подготвува индивидуално со Алекс Окследид-Чемберлен и Адам Лалана, кои се надвор…
