Тренерот на Валенсија Марселињо изрази огромно разочарување по поразот со 1:3 од Арсенал во првото полуфинале на Лига Европа во Лондон. Популарните „Лилјаци” испуштија предност, откако го отворија резултатот со брз гол, но со два погодоци на Александре Лаказет и еден на Пјер Емерик Обамејанг „топџиите” дојдоа до победата. “Многу сме разочарани што не успеавме да го постигнеме најдобриот можен резултат. Игравме против двајца многу добри напаѓачи Лаказет и Обамејанг кои покажаа зошто чинат толку многу милиони. Ги казнија и нашите најмали грешки. Да не заборавиме дека има и реванш и шансите ни остануваат пред да биде одигран тој натпревар.…
Author: riste
Херој за Арсенал при победата од 3:1 над Валенсија во првиот полуфинален меч од Лига Европа Александре Лаказет очекува тежок реванш на „Местаља” на 9 мај. Французинот постигна два гола, со кои „топџиите” го свртеа резултатот, а Пјер Емерик Обамејанг постави конечниот резултат. „Сакаме да ја освоиме Лига Европа, што ќе ни донесе пласман во Лигата на Шампионите, но исто така ќе ни донесеме трофеј. Ќе е волшебно да играме во финалето, но прво ни претстои тежок реванш. Требаше да постигнеме уште некој гол на оваа средба. Јас пропуштив две добри шанси, но за среќа Обамејанг постигна трет гол. Знаевме…
Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери остана задоволен од победата со 3:1 над Валенсија во првото полуфинале на Лига Европа, но не смета дека претстои лесен реванш на „Местаља” за една недела. „Целта ни беше да постигнеме добар резултат во првиот натпревар, знаевме дека ќе биде многу тешко. По примениот гол реагиравме смирено и го искористивме моментот и нивната грешка па дојдовме до гол. Сакавме многу да победиме, но не и да примиме втор гол. Третиот гол на крајот беше многу важен, но шансите остануваат 50/50. Валенсија е многу добар тим. Фудбалерите им се физички одлично подготвени здрави. Продолжуваме да работиме…
Капитенот на Челзи Цезар Аспиликуета предупреди дека лондончани не можат да се чувствуваат комотно и да сметаат дека веќе имаат пласман во финалето на Лига Европа по нерешениот резултат 1:1 против Ајнтрахт во Франкфурт во првиот полуфинален натпревар. „Ако изгубевме, ќе имавме проблеми, но добро е што израмнивме во вистинскиот момент. Не почнавме добро, но ја пронајдовме играта, а потоа постигнавме гол и тоа ни даде дополнителна енергија, за да бараме втор погодок. Се ќе биде решено сепак за една недела. Го направивме првиот чекор кон финалето во Баку, имаме гол на гостински терен. Во Лондон треба да го довршиме…
Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, не беше многу задоволен од нерешените 1:1 против Ајнтрахт Франкфурт во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа, но сметаше дека можело да биде полошо. „Резултатот 1:1 не е толку лош, и јас сум повеќе задоволен од настапот на играчите отколку со резултатот. По 25 минути почнавме да играме подобро. Претходно, се обидовме да го задржиме 0:0, бидејќи знаевме колку е опасен противникот на домашен терен и на стартот на мечот. Игравме подобро и во втората половина. Затоа мислам дека заслуживме да победиме, но 1:1 како гостин не е толку лошо. Имавме три или четири…
Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челзи и сега на Саган Тосу од Јапонија, Фернандо Торес, може да се пресели во мексиканската екипа Атлетико (Сан Луис) во текот на летото. Според медиумите, улогата на сопственикот на Атлетико може да има главна улога за трансферот на Торес во мексиканскиот клуб и да се реализира истиот. Во тековната сезона, 35-годишниот Шпанец учествуваше на 8 натпревари вп дресот на Саган Тосу и уште не постигнал гол. Торес се приклучи на јапонскиот тим од Атлетико Мадрид во јули 2018 година.
Играчот од нападот на Баерн Минхен Томас Милер може да се пресели во Италијанскиот шампионат за време на летниот трансфер период. Според „Кикер“, Милан и Интер, како и клуб во Англија, се заинтересирани за услугите на 29-годишниот Германец. Според истиот извор, Милер е незадоволен од неговиот статус кај Баварците. Светскиот шампион со Германија не сака да биде менуван често или да игра на занего неприродна позиција. Во тековната сезона Томас Милер одигра 41 натпревар за Баерн, постигна 9 гола и имаше 14 асистенции.
Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, очекува средба со претседателот на клубот, Андреа Ањели, на која ќе разговара за иднината на тимот и целите на „Старата дама“ за следната сезона. Утре Јувентус ќе се соочи со Торино во „Дерби Дела Моле“, а од Јувентус најавуваат дека нема да го потценат противникот кој сака да продолжи со борбата за пласман во Лигата на Шампионите. „Мораме да се сретнеме со претседателот каде че разговараме за планот и програмата во иднината. Имам мотивација да продолжам понатаму. Џорџо Киелини и Леонардо Бонучи ќе играат утре, со штоќе се формира дефанзивната четворка во која ќе нема…
Милан одлучи да го врати во Челзи позајмениот играч Тиемуе Бакајоко откако ќе заврши неговата позајмица на крајот на оваа сезона, објавија медиумите во Италија. Фудбалероит од средниот ред беше казнет со 90.000 евра од клубот, бидејќи тој задоцнил на денешниот тренинг цел час. Однесувањето на Французинот во текот на изминатите неколку недели го натера Милан да ја разгледа висината на клаузулата за откуп на играчот од 35 милиони евра. Сепак, има мали шанси за Милан да го задржи Бакајоко ако тимот успее да се пласире во Топ 4, а со тоа игра во Лигата на шампионите следната сезона.
Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, ќе се врати во клубот како спортски директор, пренесува „Дејли мејл“. Тој веќе имал средба со извршниот потпретседател Ед Вудвард, кој разговарал за неговото идно назначување. Пред 4 години, кога ја заврши кариерата, Рио беше поканет од семејството Глејзер да заземе функција во клубот. Тогаш лични причини го спречија долгогодишниот дефанзивец на „црвените ѓаволи” да го прифати предлогот, но изгледа моментот тој да се врати на „Олд Трафорд” е дојден. Вудвард го гледа Фердинанд како вистинска личност за трансфери на Јунајтед. Плус за кандидатурата на поранешниот англиски репрезентативец е неговиот успех во бизнисот.…
