Author: riste

Кошаркарите на МЗТ Скопје денес ја имаат последната шанса за пласман во АБА лигата  и настап во најквалитетното регионално друштво во следната сезона. МЗТ Скопје вечерва му гостува на Задар во „мајсторката“ за пласман во АБА лигата. Нашиот тим славеше на првата средба во Задар со 89:83, но загуби на домашен терен со 77:78 и со тоа му даде шанса на Задар да игра уште еден натпревар пред своја публика. Тренерот на МЗТ Скопје Ѓорѓи Кочов нема да може да го изведе најсилниот тим, бидејќи македонскиот претставник ќе биде ослабен со отсуството на најдобриот стрелец во досегашниот дел од сезоната,…

Read More

Поранешниот француски репрезентативец Тиери Анри може да продолжи со тренерската кариера во Белгија, иако беше поврзуван со тимот на Њујорк Ред Булс. Според одредени информации францускиот тренер бил поврзуван со локалниот гигант Андерлехт. Тиери Анри верува дека клубот од Брисел е одличен чекор за зголемување на неговото искуство во тренерска кариера. За последен пат поранешниот напаѓач беше на чело на Монако, но беше отпуштен во јануари оваа година, по серијата слаби резултати. Пред тоа тој беше асистент на Роберто Мартинез во националниот тим на Белгија, со кој го освои бронзениот медал на СП 2018 во Русија.

Read More

Менаџерот на Тотенхем Маурисио Почетино откри дека причината неговиот тим да стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите се крие во неговата сплотеност. Во исто време тој го пофали и противникот Ајакс. „Стигнавме до тука, бидејќи бевме тим и ќе бидеме таков. Игравме многу добро – како тим, тоа секогаш е на прво место за нас. Секогаш треба да наоѓаш решенија. Ограничени сме, но секогаш имаме висока почит кон противникот. Ќе биде тешко. Ајакс целосно заслужија да бидат овде во полуфиналето. Се разбира, ќе биде многу тежок, ќе биде магична ноќ, бидејќи пред неколку месеци никој не можеше да поверува…

Read More

Тренерот на Париз Сен Жермен Томас Тухел не криеше дека бил многу разочаран по поразот од Рен во финалето од Купот на Франција, но и покрај тоа не смета дека лошо си ја врши својата работа. Поранешниот тренер на Борусија (Дортмунд) ги коментираше и изјавите пред медиумите на ѕвездата Нејмар, како и неговата неспортска постапка по дуелот во саботата. „Во соблекувалната настана тишина. Не знам што си мислат играчите, ќе ги видам дури на утрешната тренингот. Зборовите на Нејмар? Свесен сум што сакаше да каже, но тоа треба да остане внатре во тимот, а не на прес-конференции. Во тимот се…

Read More

Дефанзивниот фудалер на Интер Андреа Ранокија го продолжи договорот со клубот до 30 јуни 2021 година. Според информациите кои беа објавени во медиумите во Италија, Ранокија ќе добие годишна плата од 1,5 милиони евра плус дополнителен бонус според постигнатите резултати. 31-годишниот фудбалер е во Интер од јануари 2011 година. За овој период, овој одбрандбен играч има одиграно 195 натпревари, а прито апостигна и 12 гола за „нероазурите“.

Read More

Реал Мадрид преговара со полудефанзивецот на Олимпик Лион Танги Н‘Домбеле, соопшти весникот „АС“. Според информациите претставници на Реал се сретнале со агентот на играчот и спроведоа прелиминарен разговор за неговите лични услови. За трансферот на Н’Домбеле инсистира тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан и клубот е подготвен да ја задоволи неговата желба. 22-годишниот фудбалер премина во Лион од Амиен за 8 милиони евра минатото лето. Оваа сезона играчот има 30 одиграни натпревари со шест асистенции. Други извори исто така потврдуваат за интересот на кралскиот клуб кон Н‘Домбеле, а споменува трансферна сума од околу 100 милиони евра.

Read More

Италијанскиот тим Аталанта ги објави плановите со кои ја започнува реконструкцијата на својот клубски стадион „Аѕури Ди Италија“ во Бергамо. Реконструкцијата на овој стадион ќе чини 40 милиони евра и мора да биде подготвен до 2021 година. Поправките ќе започнат на почетокот на следниот месец, што значи дека последните два домашни натпревари од оваа сезона ќе ги одиграат на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија каде што своите натпревари ги игра екипата на Сасуоло. Вечерва екипата на Аталанта на домашен терен на својот стадион го пречекува Удинезе, натпреварот е значаен за двата тима, Аталанта се бори за пласман во Топ 4,…

Read More

Раководството на Милан одлучило да не им понуди нови договори на Рикардо Монтоливо, Хозе Маури и Андреа Бертолачи, па затоа тројцата ќе го напуштат тимот по крајот на сезоната, кога сегашните договори им истекуваат, тврди „Газета дело Спорт”. Тимот има сериозни проблеми со формата во последните неколку недели, а се зборува дека Џенаро Гатузо сигурно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната независно од резултатите во следните неколку кола. 34-годишниот Монтоливо пристигне во тимот од Фиорентина во сезоната 2012/2013 и со оглед на неговата возраст тој потег е логичен, но на Бертолачи се сметаше како голем потенција , но…

Read More

Реал (Мадрид) ќе го даде на позајмица младиот Брахим Диас следното лето на друг клуб, за да може играчот од средниот ред да го добие потребното искуство, вели весникот „Марка“. Талентираниот фудбалер му се приклучил тимот од Манчестер Сити за 17 милиони евра на почетокот од јануари, но не успеа да избори место во тимот. Диас има само 5 натпревари и вкупно 149 минути за „кралевите” во Ла Лига и нема постигнато гол оваа сезона. Во секој случај, од Реал Мадрид ќе сакаат да го дадат овој фудбалер во тим од шпанската „Ла Лига“, бидејќи главната идеја е тој да…

Read More

Откако беше одиграно дербито на Италија, меѓу Интер и Јувентус кое заврши нерешено 1:1 во саботата вечерта, стана јасно дека екипата на Јувентус е една од екипите кои играат во различен состав на сите 34 натпревари одиграни во Серија А оваа сезона. Јувентус имаше многу сличен тим со оној кој се соочи со Фиорентина пред една недела. Десет од единаесет играчи го започнаа натпреварот со Интер, единствената разлика е појавата на Џорџо Киелини кој беше во стартниот тим на местото на Даниеле Ругани. Ако Масимилиано Алегри не направеше таква промена, тоа ќе беше големо изненадување, бидејќи Јувентус одигра 34 натпревари…

Read More