Атлетико Мадрид е заинтересиран за крило на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата. Договорот на 30-годишниот фудбалер истекува ова лето и тој ќе биде слободен играч. Од „Ванда Митрополитано“ сакаат да го искористат овој факт и да го земат без пари во своите редови. Ова ќе биде своевидно враќање на Мата во „Ла Лига“, каде што имаше одлични настапи во дресот на Валенсија. Тој го носеше дресот на оваа екипа од 2007 до 2011 година, пред да се пресели во Челзи. Според други информации, интерес за Мата исто така има и од Барселона. Сепак, засега, Атлетико се смета за фаворит за потписот…
Author: riste
Тренерот на ПИК Сегед, Хуан Карлос Пастор во никој случај не можеше да биде задоволен од настапот на неговата екипа на дуелот против Вардар во Скопје. „Црвено-црните“ имаа фуриозен финиш во кој буквално ги декласираа противникот од Унгарија и со осум гола предност ќе се патува кај Сегед. Тренерот на Пик Сегед е свесен дека ќе биде многу тешко да се достигне оваа предност во Сегедин. „Морам да им честитам на Вардар за победата, Вардар денес беше подобар од нас, нивната победа е чиста. Беа подобри од нас, а ние имавме многу проблеми, посебно во одбраната. Во еден дел од…
Ракометарите на Вардар ја покажаа целата своја моќ на последниот меч од Лигата на шампионите на домашен терен и го совладаа ПИК Сегед со 31:23, со што се доближија на чекор до Ф4-турнирот во Келн. По натпреварот, тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо уште еднаш истакна дека е горд на настапот на своите играчи и покрај големиот број на проблеми кои ги имале пред оваа средба. „Многу пати во текот на оваа сезона кажав дека сум горд на играчите. Сега би сакал да го повторам истото уште еднаш. Имавме многу проблеми, имавме многу несакани работи, проблеми со повреди, финаниски проблеми,…
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Ромел Лукаку призна дека негова голема желба е еден ден да игра во италијанскиот шампионат. Интерес за 25-годишниот белгиски репрезентативец покажува Интер. „Да се игра во Серија А е вистински сон за мене, се надевам дека порано или подоцна тоа ќе се случи, но во моментот се фокусирам на Манчестер Јунајтед”, изјави Ромел Лукаку за „Sky Sports“. Оваа сезона Лукаку одигра 44 натпревари за Манчестер Јунајтед, постигна 15 гола и имаше 1 асистенција.
Манчестер Јунајтед и ПСЖ пројавуваат сериозен интерес за една од најголемите ѕвезди на Наполи Лоренцо Инсиње, тврдат медиумите во Италија. Според последните информации и двата тима ќе конкурираат за италијанскиот репрезентативец и се надеваат дека ќе го привлечат во своите редови по крајот на сезоната. Милан исто така се очекува да се вклучи во битката за неговиот потпис, но само ако тимот се квалификува во Лигата на шампиони за наредната сезона. 27-годишниот голгетер се претставува одлично за својот тим и од почетокот на сезоната во италијанскиот елита постигнал 9 погодоци. Самиот Инсиње не крие дека иако го сака својот клуб,…
Манчестер Сити направи важен чекор кон титулата во Англија, а менаџерот на „граѓаните” Пеп Гвардиола влезе во историјата на Премиер лигата како првиот кој го предводел својот тим до три последователни победи против Манчестер Јунајтед како гостин во првенството. Сити го надигра Јунајтед со 2:0 на „Олд Трафорд“ синоќа и веќе е лидер на табелата со бод повеќе од вторпласираниот Ливерпул. Пред тоа „граѓаните” победија како гости против градскиот ривал два пати со по 2:1 во сезоната 2016/17 и 2017/18. „Според мое мислење и ние, и Ливерпул ја заслужуваме титулата. Тимот кој ќе биде втор на табелата, не треба да…
Маркус Рашфорд призна дека тој и неговите соиграчи во Манчестер Јунајтед не одиграле на потребното ниво во дербито со шампионот Манчестер Сити. „Небесно-сините” победија со 2:0 како гостин на стадионот „Олд Трафорд” и се блиску до одбраната на титулата од минатата година. „Не игравме како Манчестер Јунајтед, а тоа не треба да се случува. Треба да работиме уште понапорно и да дадеме се за амблемот, дресот, клубот и навивачите. Патот ни беше тежок. Разочарувачки е да не играме на начинот на кој игравме во јануари. Знаеме што точно не оди. Имаме проблем со менталитетот. Да заборавиме на лигата на Шампионите…
Големата ѕвезда на Челзи, Еден Азар, е во насока на трансфер во Реал Мадрид, а според британскиот весник „Дејли мејл”, платата што ќе му ја плаќаат на „Сантијаго Бернабеу“ ќе изнесува 400.000 фунти неделно. Ова во пракса значи дека ако договорот биде финализиран, што веројатно ќе се случи, белгискиот фудбалер ќе добие околу 20 милиони фунти годишно. Познато е дека Зинедин Зидан долго време го следи настапот на Азар и тој е негов главен приоритет за летниот преоден рок. Челзи не сака да го продава играчот од средниот ред, па тешко може да се каже дека клубот конечно донел одлука…
Перо Антиќ и официјално ја објави и промовираше својата кандидатура за претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ). Под името „Спортот на спортистите“, Перо Антиќ, ја презентираше програмата со која ќе се обиде да биде прв човек на МКФ. Во конгресниот центар на СЦ „Борис Трајковски“, Антиќ прв ја најави својата кандидатура и излезе со своја програма и тим со кој најавува работа за подобрување на кошарката во нашата земја. Во тимот на трикратниот освојувач на Евролигата се уште Тодор Гечевски, како и поранешниот кошаркар Владимир Георгиевски. „Мора да се почне од обезбедување на генерален партнер на лигите. Во завршни преговори сме,…
Првата ѕвезда на Јувентус Кристијано Роналдо, разговарал за плановите за трансфери во текот на летото со менаџментот на Јувентус. Според весникот „Кориере Дело Спорт“, португалскиот фудбалер му кажал на раководството на италијанскиот гигант дека сака шест нови засилувања. Двајца од нив се од Реал Мадрид, каде Роналдо играше девет сезони. Се работи за централниот дефанзивец Рафаел Варан и играчот од средниот ред Иско. И двајцата имаат несигурна иднина на „Сантијаго Бернабеу“, а Французинот е подготвен да замине. На листата се наоѓа името на ѕвездата на Бенфика Жоао Феликс. 19-годишниот напаѓач го сметаат за наследник на Кристијано Роналдо во Португалија поради…
